Генерален штрајк на СОНК

  • Креатор на темата Креатор на темата alex-st
  • Време на започнување Време на започнување
Брат,Никола Карев од Ск утре учи али за тој у струмица неам благе везе....иначе по колку време ќе траат часовивеееее...........ме курчи ова многу...
 
УТРЕ се учи секаде
само часовиве може ќе бидат скратени :smir:
 
У ЈБТ ќе се учи ама затоа часовите ќе траат по 20 минути...
 
Е стварно се нервирам вака! Ова е немогуче! Може еднаш асално да се знае нешто? А не еден едно збори, друг друго? Бог да чува! Еве на А1 што пишува...

Цветановски: Генералниот штрајк на СОНК продолжува и утре

30.11.2008 17:41Владата и СОНК се приближуваат до взаемно прифатливо решение за барањата на просветарите. Што содржи предлогот кој ретерирал во цврстите ставови една недела од почетокот на штрајкот, лидерот на СОНК не открива, ниту со кого денеска во Владата разговарал.
„Се уште не можам да кажам дека сме блиску или далеку од изнаоѓање на решение. Има извесни доближувања на ставовите, меѓутоа тоа не е доволно да прекинување на штрајкот“, вели Дојчин Цветановски, СОНК.
Оптимизмот на СОНК сепак не значи и крај на штрајкот во училиштата. Цветановски посочува дека штрајкот ќе продолжи и утре. Сепак, се наметнува дека штрајкот поприма други димензии.
10-тина основни училишта од Скопје веќе најавија дека од утре ќе започнат настава. Директорите на средните училишта апелираа за изнаоѓање друга форма на штрајк. Апелираа за почеток на наставата и совети на родители, меѓу нив и на средното медицинско во Скопје.
Штипскиот огранок на СОНК се откажа од штрајкување и училиштата започнуваат со настава. Градинките продолжуваат со работа.
Два дена по најавата, во СОНК без дециден одговор дали претседателството утре ќе го започне најавениот штрајк со глад поради големите политички притисоци.
Во Скопје како поддршка на штрајкот пристигнува и претставник од интернационалата за образование од Брисел, а за состојбите ќе биде информирана и канцеларијата на Европската унија.


И од вчера информации...


Од понеделник редовна настава во повеќе училишта

29.11.2008 22:37Во повеќе скопски основни училишта од понеделник редовно ќе се одвива наставно-образовниот процес кој неделава беше прекинат поради штрајкот инициран од Синдикатот за образование, наука и култура.
Наставничките совети на основните училишта „Мирче Ацев“, „Јоаким Крчковски“ и „Тихомир Милошевски“ од населбата Ѓорче Петров информираат дека воспитно-образовниот процес во истите од понеделник ќе продолжи редовно да се одржува.
Во основните училишта „Кузман Шапкарев“ во скопската населбата Драчево, „Св.Климент Охридски“ од село Драчево и „Партенија Зографски“ од Кисела Вода, како што соопштуваат оттаму, наставата од понеделник ќе се одвива редовно.
Град Скопје бара крај на штрајкот на СОНК
Директорите на средните училишта беа свикани во Советот на град Скопје. Опозицијата обвини дека биле под притисок од власта за прекин на штрајкот.
Претседателката на советот Ирена Мишева од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека сакала само да се информира. Апелира да се промени методот на штрајкување.
„Препорачувам до секој наставник, до секој професор, во овој момент нека продолжи штрајкот, меѓутоа со една друга форма на штрајк. Дали ќе биде тоа кратење на часовите, нека си ја пронајдат формата“, изјави Ирена Мишева, претседателка на советот на град Скопје.
Советничката Софија Куновска од СДСМ обвини дека е направен притисок врз директорите, а еден од методите којшто го користи власта е и непродолжувањето на истечените договори на дело на ангажираните наставници.
„Во овој случај, власта ми се чини дека ја користи позицијата на мнозинство во собранието на град Скопје да направи притисок на врз директорите на средните училишта, за да го угуши штрајкот. Предмет на уцена се и извештаите за средните училишта коишто следната недела се на дневен ред на собранието“, рече Софија Куновска, член на комисија за образование на град Скопје.
Медиумите не присуствуваа на седницата. Беше дозволено само кусо снимање.

Претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски вели дека е загрижен за притисоците кои се прават врз наставниците. Но, за ваквата репресија, како што тој ова го нарекува, собира докази и ќе поднесе кривични пријави.
„Не само што ќе поднесеме кривични пријави, ги повикувам сите што го прекршиле Уставот во однос на правото за слободно организирање на штрајк да бидат разрешени од местата, бидејќи сите се тоа носители на власт“, изјави Дојчин Цветановски, претседател на СОНК.
Цветановски најави дека во понеделник ќе допатува претставник од Брисел кој е известен за оваа ситуација и го поддржува СОНК. Тој само потсети дека сега се прави нов европски извештај и сето ова е веќе евидентирано.
Во овие изминати неколку денови, преговори помеѓу Министерството за образование и Синдикатот немало.

(во случај да не видел некој)
 
Најубаво тркнете до школо да видите ситуација, и после ако сакате идете си. Јас така ќе напраам.
 
Штрајкот продолжува, што уште сакате? Никој нема право да ве запише ниту ништо друго слично. Нема школо и оваа недела.
 
Причина е, но не е главна причина. Имаме две опции,
Првата е да учиме,
Втората е да учиме.
Разликата е во тоа кога ќе учиме, дали од понеделник до петок или во саботите..
Така да не би рекол дека некој не е „салам“.


а имате и трета опција а таа е...пак не сте салам...ке ти пишат една четворка и ке се отепаш од плачење а камоли да ти пишат тројка....вака да ти кажам без замерки...реално гледано....ти колку и да учиш пак некој друг ке го заземи твоето место...дали со пари или врски нема врска...јас знам дека сакаш да бидиш нешто си имаш зацртано и дај госпо да ти се оствари...но секогаш е така...полошите испаѓаат подобри...така да...а за саботите...донт вори..не се знај дали ке се учат има време...:smir: а за информација сега кажаја дека штрајкот продолжува...
 
Капетанот е у право. У денешно време, тројките владеат со светот.

Еден совет од мене. Ако одите на школо само за да ви пишат петки и да покажете на баба/дедо да ви дадат некој денар, поарно отпишете се.
 
Ова веке е смешно
една другарка од клас тетка и предва кај нас у орце..и и се јавила да ја праша за утре и оваа и рекла
15 професорки не штрајкуваат....ако по распоред имате час кај нив ке си идете у школо и ке имате настава...ако не ке немате часови:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
Жими стапов...само нека ми рече нешо класната дека она држи настава и да седам у школо си зиам ранецот и чао чао
 
а имате и трета опција а таа е...пак не сте салам...ке ти пишат една четворка и ке се отепаш од плачење а камоли да ти пишат тројка....вака да ти кажам без замерки...реално гледано....ти колку и да учиш пак некој друг ке го заземи твоето место...дали со пари или врски нема врска...јас знам дека сакаш да бидиш нешто си имаш зацртано и дај госпо да ти се оствари...но секогаш е така...полошите испаѓаат подобри...така да...а за саботите...донт вори..не се знај дали ке се учат има време...:smir: а за информација сега кажаја дека штрајкот продолжува...

Ќе ве частам четворка ако ми пишат...
 
Нема да се учи и утре, можно е вторник/среда да продолже наставата.. :)
 
как бе у Струмичката гимназија утре ке се уче ли? или да одаме ли?:smir:
 
УТРЕ се учи секаде
само часовиве може ќе бидат скратени :smir:

Пио не врши тука дезинформации знаеме дека на секои 10 души зимаш 100 денари отидени нашколо утре оти тешко дека ќе има многу кој ви е главниот таму да соберам и јас пари нешто.
Иначе утре како што разбрав ќе се учи само во 10 скопски средни училишта и тоа со скратени часеви ама најубаво отидете си сите нашколо да проверите дали ќе имате од другите градови како мене :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom