Да се приклучам и јас во клубот, денес ми правеа гастроскопија и излезе gastritis chronica diffusa.
Читав на нет за што може да е причина, најверојатно е стрес/нервози или прекумерна употреба на НСАИЛ (ибупрофен).
Прегледај го приврзокот 456668
Некој совет од некој што поминува низ истото?
... зарем само ти имаш состојба на „гастритис“, па совет од некој што поминува низ истото, па сите имаме гастрични тегоби поради Х причини, па ако сите идеме на гастроскопја следниот ден биди сигурен дека сите ќе ја добиеме истата дијагноза!
... ќе ти напишам мое мислење

непосредна дијагноза „со еден поглед“ за време на гастроскопија според мене не е можна, така да визуелните знаци што според нив се заклучи „твоја дијагноза“ не се дефинитивни, лекарот може да забележи некое воспаление, црвенило или други неправилности на желудочната слузница за време на постапката на гастроскопја, но тие не се доволни за да се потврди гастритисот и да ти се даде таква дијагноза има пак други медицински состојби кои можат да предизвикаат слични симптоми или појави за време на самата постапка на гастроскопија, што ја оневозможува дефинитивната дијагноза преку визуелна гледање.
... лекарот со камерата во моментот влегувајќи во желудникот да види дали желудочната слузница во моментот има абнормалности и како што читам прв наод:
„лабава езофагеална кардија“
за време на гастроскопија е наод каде што спојот помеѓу хранопроводот и желудникот (кардијата) изгледа делумно отворен, дозволувајќи му на ендоскопот лабаво да помине низ него, оваа состојба, позната и како некомпетентна кардија или лабава кардија, често е знак на гастроезофагеален рефлукс (ГЕРБ) поради слаб долен езофагеален сфинктер и може да биде поврзана со хиатална хернија која се гледа, но може да се појави и без хиаталната хернија - каде што желудникот излегува низ дијафрагмата делувајќи на мускулите на сфинктерот може да дојде до слаба или лабава кардија.
„CLO тест“
од земеното ткиво (биопсија) ти се направи „CLO тест“ кој е негативен, тоа значи дека не е откриена инфекција со бактеријата Helicobacter pylori (H. pylori) во биопсијата на желудникот, бидејќи тест лентата веројатно останала жолта наместо да стане црвена, што укажува на недостаток на ензимот уреаза произведен од бактеријата.
(но и тоа со резерва, зошто не се исклучува инфекција со бактеријата Helicobacter pylori, бидејќи CLO тестовите понекогаш можат да дадат лажно негативни резултати, не се 100% точни, па затоа може да бидат потребни дополнителни тестирања како хистологија ( испитување на ткивото од биопсија на желудникот под микроскоп) или тест на здив за да се потврди отсуството на H. pylori или тест за антиген во фецес за откривање на H. pylori, но ај да речеме дека ја немаш бактеријата).
микроскопски анализи,
ти зедоа примерок од ткивото (биопсија) за анализа и преглед од патолог да провери за знаци на воспаление и други оштетувања и според мене официјалната дијагноза се поставува откако патологот ќе ги анализира резултатите од биопсијата.
изразена каскада на желудникот од функционален тип за време на гастроскопија,
се однесува на анатомска варијација позната како каскаден стомак, превиткување на горниот дел од желудникот (фундусот) кон главното тело со формирање на две различни комори - горна во фундусот и долна во областа на желудникот, ама без никаква внатрешна опструкција, се смета за функционален деформитет бидејќи е структурна варијанта што може да го наруши нормалното празнење на желудникот и може да биде предизвикана од вродени проблеми или стекнати фактори како надворешна компресија (бодибилдер треба со инструктор во теретана, а не неконтролирана тежина врз гради и стомакот, како надворешна компресија, можно нели?), а може да биде и пак вродено таков желудник, па сега се примети и е една од причината покрај другите фактори за лошо варење и уздригнување,
... мало логичко размислување, ти дале лек инхибитор на протонска пумпа Emanera 40mg (esomeprazol), ако каскадниот желудник е еден од факторите на твоите тегоби, а не вишок на желудачна киселина што овој лек (omeprazol, pantoprazol, esomeprazol, lanzoprazol) ја инхибира во лачењето, прашање зошто цели 6 недели да го пиеш лекот, кога не се знае ТОЧНО што е причинителот на твојата состојба и следува друго прашање, дали воопшто ќе исчезнат тегобите, а ќе се надоврзат несаканите ефекти на овие лекови како пролив, главоболка намалена ресорпција на Вит Б12 па ќе преминеш во анемична состојба или пад на железо или све што е поврзано со Б12, па уште ако си веган и пиеш суплементи со Вит Б12, нема воопшто да се ресорбира без желудачната киселина кои овие инхибитори како лек ќе ја спречат да се лачи?
...лично сум голем противник на примена на лекови временски долг период (кај тебе месец и пол - 6 недели

) кога точно не се знае причината, паушал со можна дијагноза од прва не би рекла, тоа е мое мислење, но лек во моментот можеш да испиеш ако ете имаш силни дигестивни тегоби, кога сите фактори се стрефнале во тој момент и редоследот би бил (според мене) лижење на една ориблета антацид како Rutacid, Gastrogard, Gastal и слично, ако не иде тогаш еднократно инхибитор на ПП (omeprazol, esomeprazol, patoprazol, lanzoprazol), па ако и тоа не иде следните денови ќе се проба со инхибитори на H2 блокатори (famotidine, cimetidine, ranitidine), за да би помогнале со помалку желудачна киселина телото да се стабилизира, а не дека директно ќе ти ја излечи состојбата.
исхраната, но и пијалоците, цигарите,
може да предизвика или да ги влоши твоите симптоми, но директно таа не може единствено да биде причинител за „гастритис“ или твоите тегоби, но ти да се подобри 100% состојба со само диета или поинаква исхрана не може исклучиво да биде третман и решение, ако не биде во склад со други фактори што и самиот си ги напишал како стрес/нервози и прекумерна употреба на НСАИЛ (ибупрофен).
* состојбата ќе ти се стабилизира дозволи на телото да се „соземе“ од тој ibuprofen, внимавај да не ги споиш сите фактори на твоите тегоби кој самиот ги знаеш во еден ден, телото не може да ги санира во исто време (стрес, нервоза, храна, цигари, газирани пијалоци, алкохол, дигање тегови), дополнително со каскадниот желудник и кажи збогум на дигање тежински тегови барем извесен период, а за хернијата ќе ти допишам на другата тема за хернија, ете ти посветив внимание, аха уште нешто, постоеше некои чаеви за хиперацидитет и стомачни тегоби, ете само да не ги пиеш ептен вруќо, направи навика како енглез, барем извесен период подобро и од било кој лек!