Гастритис

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Според интернетот и луѓе што излечиле гастрит, не смееш да јадеш многу масти на едно јадење, тешко се варат.
Кетото ти е диета кај што мастите се околу 70% од целокупната исхрана.

Не мора да значи дека мастите се проблем и дека мора да се околу 70%, јас сум на кето веќе 4-5 години.
50% масти, 45% протеини и 5% ЈХ.

Имам и хијатална хернија и ГЕРД и се тоа, веќе 15 години.
 
И јас се средив со кето односно веќе не терам религиозно кето туку терам low carb и ми е топ
 
... морам да се приклучам со сомневање, пишувате за исхраната како клучен фактор, но не е главниот фактор на состојбата, ќе придонесе за намалување на несаканите симптоми, но нема да го реши проблемот, затоа што не е причина (според мое мислење) исхраната!
... гастроскопијата од дотичниот доктор, не значи 100% дека е така како што гледал, конкретно мислам на твоето „немам хернија“, поаѓајќи од тоа што имаш налаз ,,изразен каскаден желудник“, што мислам дека е главниот причинител на твоите тегоби.

струмица.jpg

...каскадниот желудник како функционална или структурна деформација наместо една комора има две со што самата храна поради задржување на горната комора пред да се слева на долната се создаваат тие симптоми на уздригнување, гадење, па дури до повраќање, а тука некаде можеби има и некоја малечка хернија претежно кај тие со каскаден желудник!

...можно е хернијата да не се види за време на гастроскопијата, особено кај тие со каскаден стомак (превртен стомак), па затоа почувствителни методи за детекција и на најмали хијатални хернии кои можат да се „скријат“ од ендоскопот или едноставно да не ја примети докторот, е со класичен рентген снимање со претходно пиење на контраст каша од бариум, е тука веќе нема промашај, па уште една снимка да е во позицијата Тренделенбург (лежечка положба со главата пониско од стапалата), па па па.

Trendelenburg-vs-Trendelenburg-inverse-600x482.jpg

...позицијата Тренделенбург се користи за време на рендгенско снимање со голтање бариум за да се помогне во откривањето на хијатална хернија со поттикнување на движењето на желудочната содржина назад во хранопроводот, што потоа може да се визуелизира на рендгенската снимка, може да се види како бариумот регургитира од желудникот во хранопроводот, што е клучна дијагностичка карактеристика на хијатална хернија.

...после ова ако е све ОК, тогаш со сигурност ќе кажеш дека немаш хијатална хернија, ама како што си дигал тегови, а со тоа си правел притисок не знам од колку кила немој да се чудиш за последиците на каскаден желудник и све што иде со тоа!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom