Гастритис

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Според интернетот и луѓе што излечиле гастрит, не смееш да јадеш многу масти на едно јадење, тешко се варат.
Кетото ти е диета кај што мастите се околу 70% од целокупната исхрана.

Не мора да значи дека мастите се проблем и дека мора да се околу 70%, јас сум на кето веќе 4-5 години.
50% масти, 45% протеини и 5% ЈХ.

Имам и хијатална хернија и ГЕРД и се тоа, веќе 15 години.
 
И јас се средив со кето односно веќе не терам религиозно кето туку терам low carb и ми е топ
 
... морам да се приклучам со сомневање, пишувате за исхраната како клучен фактор, но не е главниот фактор на состојбата, ќе придонесе за намалување на несаканите симптоми, но нема да го реши проблемот, затоа што не е причина (според мое мислење) исхраната!
... гастроскопијата од дотичниот доктор, не значи 100% дека е така како што гледал, конкретно мислам на твоето „немам хернија“, поаѓајќи од тоа што имаш налаз ,,изразен каскаден желудник“, што мислам дека е главниот причинител на твоите тегоби.

струмица.jpg

...каскадниот желудник како функционална или структурна деформација наместо една комора има две со што самата храна поради задржување на горната комора пред да се слева на долната се создаваат тие симптоми на уздригнување, гадење, па дури до повраќање, а тука некаде можеби има и некоја малечка хернија претежно кај тие со каскаден желудник!

...можно е хернијата да не се види за време на гастроскопијата, особено кај тие со каскаден стомак (превртен стомак), па затоа почувствителни методи за детекција и на најмали хијатални хернии кои можат да се „скријат“ од ендоскопот или едноставно да не ја примети докторот, е со класичен рентген снимање со претходно пиење на контраст каша од бариум, е тука веќе нема промашај, па уште една снимка да е во позицијата Тренделенбург (лежечка положба со главата пониско од стапалата), па па па.

Trendelenburg-vs-Trendelenburg-inverse-600x482.jpg

...позицијата Тренделенбург се користи за време на рендгенско снимање со голтање бариум за да се помогне во откривањето на хијатална хернија со поттикнување на движењето на желудочната содржина назад во хранопроводот, што потоа може да се визуелизира на рендгенската снимка, може да се види како бариумот регургитира од желудникот во хранопроводот, што е клучна дијагностичка карактеристика на хијатална хернија.

...после ова ако е све ОК, тогаш со сигурност ќе кажеш дека немаш хијатална хернија, ама како што си дигал тегови, а со тоа си правел притисок не знам од колку кила немој да се чудиш за последиците на каскаден желудник и све што иде со тоа!
 
Последно уредено:
Да направам јас еден апдејт (гастроскопија правев крај на септември, дијагноза хроничен гастритис).

По дијагнозата ми препишаа Еманера (есомепразол) капсули кои ги пиев 6 недели по 40 мг секој ден, после тоа намалив на 20 мг 4 недели секој ден, па 20 мг секој втор ден во времетраење од 2 недели, па секој трет ден ден 20 мг во времетраење од 2 недели и прекинав на цело.

На почетокот бев психички ептен паднат, не можев да се помирам дека цел живот треба да ги избегнувам најубавите храни и пијалоци, ќе треба по цели денови да сум во кујна да готвам специјални незачинети храни и сл. Плус остабев нагло 10 кг (а 15 години вежбам фитнес), сета облека ми беше голема, панталоните ми паѓаа, секој ден по 20+ коментари дека не личам на ништо (луѓето се сурови), па може да замислите во која психичка состојба може сето ова да ве доведе.

Од храна на почетокот кога бев најисплашен јадев само чиста алкална храна (имав листа на храни со pH > 5) и секој ден се едно те исто, ама некаде крај на октомври и ноември морав да одам на неколку патувања и таму јадев скоро се и сешто и сфатив дека додека ги пијам Еманера немам никаков проблем, никакви киселини и тегоби, па полека по тие патувања почнав да јадам и друга храна, освен "алкалната", да не кажам малку и претерав, посебно со благото.

Од суплементи почнав да користам цинк карнозин, DGL, Slippery elm, L-glutamine, колаген. Од чаеви камилица, коморача, анис и чај од бел слез (marshmallow root). Исто така пијам и алгорал пред тренинг и по потреба.

Нови животни навики кои почнав да ги применувам: (ако ми текнат уште некои ќе ги допишам)
- помали, почести оброци (тоа ептен на почетокот, сега јадам само 3-4 оброци во текот на денот)
- бавно џвакање на храната
- пиење вода барем 30 минути пред оброк и околу саат ипол по јадење
- јадење 2-3 саати пред тренинг
- последен оброк 3-4 саати пред легнување
- спиење на 2 перници благо подигнат (со месеци немам спиено во лежечка положба)
- избегнување на лута, зачинета, пржена, кисела, многу масна храна, како и слатки и процесирани храни
- избегнување на кафе (4 месеци капка кафе не ставив во уста, сега пијам повремено), алкохол и газирани пијалоци

По прекин на лекарствата почна да се враќа тоа чувство на горење и печење во градите, меѓутоа киселина никогаш не ми враќаше. Читајќи по нет, сфатив дека тоа чувство уствари е "хиперсензитивност" на хранопроводот, а не враќање на киселина. Во тие периоди многу ми помогна суплементацијата, посебно навечер си правев чај и во него ставав Slippery Elm, глутамин и колаген и веднаш ми поминуваше. Инаку тој чај го правам секоја вечер неколку месеци, многу јака ствар...

Сега сум значително подобар, можам да јадам скоро се, само гледам да не претерувам, се во умерени дози, кога треба да седнам со друштво или некаде кај што знам дека ќе "ждерам" и пијам алкохол, 1 саат претходно се напивам 20 мг фамосан и немам никакви маки. Пишав цел реферат, сигурно и многу работи заборавив, ако ми текне ќе надополнам..
 
Јас вака како паталец, а не као доктор. Еманерата е добра затоа што е понова генерација од нолпазата на пример, иако е без рецепт. Овие објаснувања ми се од субспец доктор по гастро.
Паталец оти едно црвео ми било партал па за малку ќе ...од крварење (веројатно ќе се спасеа некои форумаши од моите мрчења). Среќа имаме и добри доктори кои знаат знаење. Значи треба голема внимателност со стомакот и што внесуваш и дал си нервозен/напнат и слично.

Дали си направил тест за хеликобактер? Ако не сакаш, не мора да ми одговориш.
 
Последно уредено:
Јас вака како паталец, а не као доктор. Еманерата е добра затоа што е понова генерација од нолпазата на пример, иако е без рецепт. Овие објаснувања ми се од субспец доктор по гастро.
Паталец оти дуодендумот ми бил партал па за малку ќе отидев (веројатно ќе се спасеа некои форумаши од моите мрчења). Среќа имаме и добри доктори кои знаат знаење.
Дали си направил тест за хеликобактер?
Да, со гастроскопијата ми направија и тест, негативен беше.

Исто заборавив да кажам дека примеќам дека се активира кога сум под стрес, така да гледам и тоа да го менаџирам некако, стресот е извор на многу болести.
Паралелно со гастритисот имав и ИБС (и сеуште имам) со констипација, ама и тоа научив да го менаџирам, ако мачи некој мака со тоа проклетсво можам да му пишам што земав за тоа.
 
Тоа ја што ти го зборев. Сите овие проблеми се ствараат од џанк фуд прженици и кока коли. Манџа и домашно готвено е лекот.
 
... морам да се приклучам со сомневање, пишувате за исхраната како клучен фактор, но не е главниот фактор на состојбата, ќе придонесе за намалување на несаканите симптоми, но нема да го реши проблемот, затоа што не е причина (според мое мислење) исхраната!
... гастроскопијата од дотичниот доктор, не значи 100% дека е така како што гледал, конкретно мислам на твоето „немам хернија“, поаѓајќи од тоа што имаш налаз ,,изразен каскаден желудник“, што мислам дека е главниот причинител на твоите тегоби.

Прегледај го приврзокот 457220

...каскадниот желудник како функционална или структурна деформација наместо една комора има две со што самата храна поради задржување на горната комора пред да се слева на долната се создаваат тие симптоми на уздригнување, гадење, па дури до повраќање, а тука некаде можеби има и некоја малечка хернија претежно кај тие со каскаден желудник!

...можно е хернијата да не се види за време на гастроскопијата, особено кај тие со каскаден стомак (превртен стомак), па затоа почувствителни методи за детекција и на најмали хијатални хернии кои можат да се „скријат“ од ендоскопот или едноставно да не ја примети докторот, е со класичен рентген снимање со претходно пиење на контраст каша од бариум, е тука веќе нема промашај, па уште една снимка да е во позицијата Тренделенбург (лежечка положба со главата пониско од стапалата), па па па.

Прегледај го приврзокот 457223

...позицијата Тренделенбург се користи за време на рендгенско снимање со голтање бариум за да се помогне во откривањето на хијатална хернија со поттикнување на движењето на желудочната содржина назад во хранопроводот, што потоа може да се визуелизира на рендгенската снимка, може да се види како бариумот регургитира од желудникот во хранопроводот, што е клучна дијагностичка карактеристика на хијатална хернија.

...после ова ако е све ОК, тогаш со сигурност ќе кажеш дека немаш хијатална хернија, ама како што си дигал тегови, а со тоа си правел притисок не знам од колку кила немој да се чудиш за последиците на каскаден желудник и све што иде со тоа!
Никој не спомнува дека хернијата може да предизвика тешки аритмии и тахикардии.А аритмиите се многу заебана работа особено ако не престануваат подолго време.
 
... не се тешки, туку се незгодни во чувство тие аритмии, не му се слошува на човекот, туку добива дополнителни црни мисли дека ќе умре, треба да се применува полесни и помали оброци и споро џвакање.
 
Не се црни мисли него аритмиите можат да се создадат тромбови и целата ситуција да резултира со мозочен удар.
 
Последно уредено:
Овие објаснувања ми се од субспец доктор по гастро,
... еее јас да бев ќе го прашав така директно колку и што добива комерцијален бенефит од препишаните и кому треба и кому не треба Emanera (esomeprazol),

Еманерата е добра затоа што е понова генерација од нолпазата на пример, иако е без рецепт.

...понова генерација на лек со слична генерика за иста индикација не значи и подобар лек од постарите проверени клинички до ситница, esomeprazol Emanera фигурира со синтетизирање од 2015 год, а првата генерација на инхибитори на протонска пумпа omeprazol од 1988 год, допрва се прибира искуства од esomeprazol за разлика од omeprazol.

Плус остабев нагло 10 кг
... една од причините да ти ја прекине терапијата со есомепразол, а не пак да ти ја зголеми дозата, твојата дисциплина и промена во исхраната ти ја подобри состојбата, на ова возраст да се зависи од лекови не е добро, посебно кога нема болест туку лоша навика.
Не се црни мисли него аритмиите можат да се создадат тромбови и целата ситуција да резултира со мозочен удар.
... сакам да кажам дека тие прескоци во моментот дава црни мисли поради незгодното чувство и тие не се опасни, аман до тромб и мозочен не до толку има аритмии и аритмии, екстрасистоли може цел живот да се има, срцето не е машина и некогаш реагира така поради споредни причини, а не од болест на кардиоваскуларниот систем.
 
Последно уредено:
Никој не спомнува дека хернијата може да предизвика тешки аритмии и тахикардии.А аритмиите се многу заебана работа особено ако не престануваат подолго време.

Како никој? Минимум 5 пати сум пишал на форумов дека мене хијаталната хернија ми прави тахикардии. Најчесто после јадење или после физичка активност (ако се наведнувам и сл.)
И после 15 години после првата дијагноза - мене уште тахикардиите ми прават паника, а од самата паника тахикардијата не поминува. Зачаран круг е тоа.

@GavolRulz - Со помин нека е. Буквално истото го поминував и сеуште понекогаш. 15-тина години после првата дијагноза и после 4 гастроскопии.
Посебно новите животни навики што си ги опишал.
Алгорал не сум џвакал, ама Рупурут - да. Пиев Еманера и ОК ми беше, ама нешто во последно време кога осеќам дека ќе имам мака, пијам Нолпаза сабајлечки од 40мг
 
Последно уредено:
... еее јас да бев ќе го прашав така директно колку и што добива комерцијален бенефит од препишаните и кому треба и кому не треба Emanera (esomeprazol),
Комерцијален бенефит не знам колку има. Ми беше предложено друг лек, јас прашав за еманера. Не ја предлагаат оти не оди на рецепт и е скапа. Дури и да има финансиски бенефит, ако функционира за она за што се зема, нека има докторот. Не е проблем.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom