Game of Thrones

Член од
16 јули 2017
Мислења
108
Поени од реакции
169
Не знам од каде но после епизодава ми се роди некоја идеа дека Најткинг беше всушност Таргариен, и единствената цел му беше да го убие Бран за да не умре Денерис. Најткинг уствари ја штитеше неа цело време, затоа не ја убиваше ни неа ни Џон. Just my crazy theory.

Денерис умре епски, крајот на големата династија Таргариен, кога Дрогон замина на исток веројатно таму ќе дојде до негово размножување и некогаш ќе се појават некоја нова нација на dragonriders, веројатно исто како што и било со Таргариени, пред нив имало некои други.
Дрогон како го топи желесниот трон и во канџите го зема мртвото тело на Денерис е сцена која ќе се памети долго, поетично и епско.

Пророштвото за Азор Ахаи сепак беше вистина, Џон ја прободе Денерис во стомакот и со тоа го спаси населението на Вестерос.

Bittersweet крајот изгледа е тоа кој како ќе си го сфати, за некого е bitter за некого sweet, сите го гледаат oд различна перспектива.

Еве лично од моја перспектива ми остави повеќе горчлив вкус, некако чувствувам грутка, не очекував happy end ама не и и нешто слично. Посакував и замислував крај во кој Денерис нема да е запаметена како тиранин, за мене не беше и никогаш нема да биди. Нејзината замисла за тоа како ќе го води кралството ја оправдуваше нејзината Таргариенска крв, не можиш да очекуваш од змеј да се претвори во јагне и да биди милосрден.

Што се однесува до епизодата како беше осмислена и изведена мислам дека ова беше најдобрата епизода оваа сезона, немаше глупи дијалози, cringy сцени, се беше одмерено и на место.
Далеку е од оцена 5 која ја има на имдб јас би и дала 9. Епизода достојна за серијава, баш game of thronовска, додека претходните 5 сакам да ги заборавам.

Факт е дека нема да се роди нешто вакво никогаш повеќе, и среќна сум што живеам во ова време и имав шанса да го проследам ова ремек дело од приказна.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.087
Поени од реакции
15.935
Не постои маж на светот кој ќе ја убие жената која ја сака, макар и за да го спаси цел свет. Јас па ова не можам и нема да го сварам, ај што лично според мене немаше материјал за да биде Крал, ама направија од Џон еден обичен хермафродит на кој Тирион у два реда муабет му испра мозок. И што демек се доби, се одложи тоа што претпоставија дека Дени ќе го прави за некои 50 или 100 години, јак кур, пак истиот циклус. Безвеза, навистина не заслуживме ваков дисреспект.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Серјата беше толку многу мајкоебачки добра, најдобра, крем де ла крем на телевизијата, серија која со епилогот на S03 E09 го направи буквалниот целиот свет да биде во тродневна жалост заради смрт на имагинарни ликови, серијата која ги сруши сите ебани рекорди во светов у секој поглед, на крај стана жртва на својот квалитет и пропадна како Лиса Ерин низ moon door.

Пораснав(ме) со серијава ебате, 9 години прелистувам ебани детали за измислени ликови со ентузијазам на дете во продавница за чоколадо, 3 години се нервирам што двајца дебили кои земаат милијарди немаат ни 10% од ентузијазмот на обичните фанови на серијалот. Можеше да бидне многу подобро.

Но тоа е. Фала ти Гејм оф Тронс за сите убави спомени. Што и да дојде понатаму, ќе остане запаметена како таа која го промени светот на сериите.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Нед во прва епизода сече глава на оној зашто избегал од служба, а не оти не им поверува.
Кога веќе толку детално сакате да дискутирате, а си толкувате работи што нема врска.
Не толкувам ништо произволно, погрешно се изразив или поточно, требаше да се дообјаснам. Нема потреба од нервози.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Серјата беше толку многу мајкоебачки добра, најдобра, крем де ла крем на телевизијата, серија која со епилогот на S03 E09 го направи буквалниот целиот свет да биде во тродневна жалост заради смрт на имагинарни ликови, серијата која ги сруши сите ебани рекорди во светов у секој поглед, на крај стана жртва на својот квалитет и пропадна како Лиса Ерин низ moon door.

Пораснав(ме) со серијава ебате, 9 години прелистувам ебани детали за измислени ликови со ентузијазам на дете во продавница за чоколадо, 3 години се нервирам што двајца дебили кои земаат милијарди немаат ни 10% од ентузијазмот на обичните фанови на серијалот. Можеше да бидне многу подобро.

Но тоа е. Фала ти Гејм оф Тронс за сите убави спомени. Што и да дојде понатаму, ќе остане запаметена како таа која го промени светот на сериите.
Да не беа двајцата дебили, немаше да знаеш за серијалот :cautious:
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.167
Поени од реакции
17.966
GOT ќе биди новиот Star Wars

Сакале вие или неќеле :)

Оти ова не е Lost, кај шо сите умреа, па не можи да има продолжение ...
 
Член од
14 ноември 2014
Мислења
336
Поени од реакции
254
Game of Thrones: Fan perfectly explains why season 8 'feels different'

Одличен текст, супер сумирано, зошто пати причата, и зошто биле принудени вака да заврши серијата и како тече креативниот процес. Ете за сите што сакаат да звучат како експерти, малце insight.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Не отишле они кај ГРРМ, па после кај ХБО со идејата?
Зборот ми е дека ХБО или друга мрежа секако ќе ги екранизираше делата на ГРРМ, исто ко што се екранизирани на Толкен, исто ко што ќе бидат екранизирани на Аберкромби.

Но, да, да биде иронијата поголема, Дејвид Бениоф и ДБ Вајс во првите сезони беа одлични. Имаа нивни оригинални дијалози (ненапишани од Мартин) кои звучеа предобро. Што им стана после, кој ги знае.

Дали решија да одат на easy way, дали и од ХБО ги брифираа да одат со уфрлување клишеа и superhero kind of моменти, нема да дознаеме.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Па не знам баш, точно е дека сѐ започна со нив, ама мислам дека самите фанови ја направија хистеријата околу вокерите и НК, најмногу ради тоа што е премногу интересно и мистично сѐ што е поврзано со нив.

Ги читав и книгите (застанав пред неколку години кај битката против Менс) и не добив впечаток дека баш вокерите се нешто повеќе од сајд стори. Увек тронот бил на прво место, а барем на крајот, мислам дека серијата требаше да кулминира со завршна битка против НК. Ќе беше супер да објаснеа повеќе за него и во конечната битка, Брен со некоја од своите моќи да го заслужеше уште повеќе тронот. Ама тоа е моја желба, некој друг сака нешто трето и то е...
Ја сум ја читал само првата и впечатокот ми е генерално од серијата. Сите серии/филмови/книги од овој жанр завршувале со борба против главниот антагонист(пр. Најт Кинг), и од таму претпоставував дека и во ГоТ ќе биде истата формула употребена. Едноставно во серијата имаше премногу натприродни елементи и доколку решиш да ја тераш во друга насока имаш премногу нелогичности во приказната. Кога имаш лик како Најт Кинг како противник не е логички да мислиш на тронот, типот беше секунда одалечен од тоа сите зомбиња да ги напраи. Али серијата од секогаш терала на тоа да биде уникат, само ете овој пат на повеќето не им се свиѓа :)
 
H

HoT _iCe

Гостин
До пола епизоду сас Денита беше ок, после тој туѓ срам ме едеше што гледам, битно заврши се.
 
Член од
4 август 2012
Мислења
158
Поени од реакции
57
Најт Воч постоел цели 8000 години по последното појавување на Вајт Вокерите, зошто сега да престане? Тој е традиционална служба со традиција од 10.000 години, чија улога и сврха се разводнила низ илјадниците години.
Џабе, на кој му објаснуваш, пушти ги да гледаат Турски серии може ќе им помине ПМС-от
 

Kajgana Shop

На врв Bottom