Многу ми се свиѓаше како ја претставија битката. Ова беше можеби најреалната од сите досега, и на GOT, па и други вака ко што сум гледал. Пошто битките отсекад биле глорифицирани, мислиш сите еден на еден се тепаат, распоредено на неколку чекори, со симетрија, што нема благе везе. Похаотично нешто од средновековна битка не постои. Тоа кога се гушеа луѓе едни под други, кога над нив се бореа и ги газеа, распарчени со органи, и нема кој да им помогне беше најреален приказ. Исто како и заморот, никој нема unlimited stamina да мафта со оружје долго време.
А и кога се наредија у круг и ги опколија со штитови и копја, а ја оставија заднината отворена, си викам ете ја приликата. Ако доаѓа некој да помага, за две секунди ќе ги среди, доволен е еден коњанички одред да ги разбие. И тоа се деси.
Супер изведено, браво за тие што ја правеле епизодава како го прикажаа ова.