Поради тоа што сезонава е послаба од другите е крив само Мартин и никој друг.
Режисерите се нафатија да ги адаптираат книгите, не да ги завршат.
Не може да го чекаат да пишува од милион причини, а тој е многу бавен.
Ќе си ги пишува он книгите бавно и ќе бидат супер. Овие у серијава не се толку добри у пишување шо да праиме сеа.
Извини ама не си во право.
Мартин како и многу автори ги продал правата за адаптација на некоја саинтересирана страна и тоа е тоа. Не е одговорен кој, кога, и како ќе го адаптира материјалот. Најголемиот број такви права остануваат продадени без да се адаптираат. Проектите седат во фиока. Човекот пишуваше за некои епизоди, бил и консултант ова-она, ама не е одговорен за проектот. За џабе D&D не ги викаат showrunners. They run the fucking show and call all the shots.
Друго, ако убрза Мартин, ќе страда и квалитетот на материјалот во книгите. Има писатели кои пишуваат брзо, вадат нова книга секој втор месец, има писатели и како Мартин, кои пишуваат многу споро. Не е само до квалитетот на напишаното, но и на менталниот склоп и состојбата која е потребна да се постигне за воопшто да може да седне да пишува. Ако немаш седнато да пишуваш, не би знаел за процесот и колку е тешко, особено ако лебот од тоа го вадиш, како него. Не е туку така, седни, и чекај 4-5 минути да те акне инспирација, и после немаш гајле, штанцаш страни со брзина како да подготвуваш дисертација за наредниот ден.
D&D можеа да почекаат да го заврши Мартин серијалот, па да засукаат ракави и после тоа да почнат со адаптацијата во ТВ серија. За што беше сето тоа брзање? Ај Мартин е стар, може ќе ги заврши книгите, може не пред да почине, како што од страв многу прогнозираа(т), ама се дур е тука и пишува има материјал кој може после да се адаптира, без они да сврзуваат крај со крај. Мартин е старецот, не они. Они за што се брзаа да ја почнат серијата?
Ај што ја почнаа, него толку ја избрзаа целата работа што го стигнаа Мартин во материјалот, а ако беа доследни на адаптацијата и не пејсингот во книгите, можно е Мартин да ги имаше завршено книгите од серијалот пред да стигнат да адаптација на истите. Нед Старк ќе го имаше не во една, туку во минимум две сезони, ако не и три, зависно колку материјал по сезона ќе адаптираа, и неговата смрт ќе имаше уште поголем импакт, да не збориме за смртта на други водечки ликови понатаму. Со тоа и повеќе ликови вдахнати со живот (во превод = поголем фан сервис од тој сега), како и арки и приказни и сетинзи кои нит сме ги виделе до сега или сме ги виделе на кратко во благо речено, штуро и несмасно издание. Сигурно и помалку грешки и недоследности, особено такви какви имаше последнава сезона. Во број на сезони лесно ќе ги стигнеа и Supernatural.
Ако бараш кривци, едино криви се D&D. Никој друг.