Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
@Trpe Grozni дај бе жити се немој со ова транскрипцииве...Читани ти се книгиве, ги разбираш работиве, океј се тоа, ама Врвниот Врабец бе, не ме зезај :pos::pos::pos:

И на HBO чинам така ги преведуваат.
 
не, јас мислам дека се качиле на бродот уште во Дорн. Секако сите патници на такви бродови стигнуваат до нив со мали кајчиња.

Како тогаш Џејми и Брон не ги приметија (да не зборувам за Тристан и останатите морнари на бродот) ?? Патувањето сигурно не траело пола саат, туку со денови ако не и месеци.
П.С.
Да не знае некој кај го снема Брон и како го заштитиле телото на Марсела од распаѓање ??

@Trpe Grozni дај бе жити се немој со ова транскрипцииве...Читани ти се книгиве, ги разбираш работиве, океј се тоа, ама Врвниот Врабец бе, не ме зезај :pos::pos::pos:

Па како ќе го преведеш High Sparow ??
Пази, името кое го употребува не е официјална титула ниту лично име, тој им се обраќа на верниците како на врапци (бидејќи се мали и многубројни, поединечно безначајни, ама заедно можад држава да уништат со тоа што ќе ги уништат приносите), а тој е само водач на врапците. Значи не се работи само за превод на име, туку на суштината на називот.

И да, лично сметам дека ова е еден вид патриотизам, бидејќи си го заштитувам јазикот како дел од мојот национален идентитет.
 
Серијава стана тешка каканица, пред тоа беше само досадна и полна со празни дијалози, со исклучок на последните 2 - 3 епизоди од секоја сезона, сега е и глупа и досадна. Има уметничка вредност рамна на таа на македонски народни приказни.
 
Дoјде,кaжa и жив oстaнa!
Пaзи билa дoсaднa и сo прaзни дијaлoзи хaхaхaхaхa.
 
Како тогаш Џејми и Брон не ги приметија (да не зборувам за Тристан и останатите морнари на бродот) ?? Патувањето сигурно не траело пола саат, туку со денови ако не и месеци.
П.С.
Да не знае некој кај го снема Брон и како го заштитиле телото на Марсела од распаѓање ??
моја претпоставка е дека имале помош од некој на бродот, како што видовме и во остатокот од епизодата никој не застана во одбрана на принц Доран. Ова за тоа колку трае патувањето е интересно и би сакал некој што ги има читано книгите да ни објасни.
 
Во книгите мртвиот учо Емон го чуваа во буре со ракија. До душа тој поминуваше двоен пат, од Бравос до Стариград (околу Дорна), ама пак се работи за пат од повеќе месеци, во серијалов не обратиле внимание на таква „ситница“.
 
Kako go preveduvas Winterfell?
 
Зимовник (како место за презимување). ;)
 
Неколку коментари за втората епизода.

Делот во Мерин беше прекрасен, очигледно е дека Тирион е омилен лик на Мартин. Приказната за змејовите беше убаво објаснета во екстра материјалите од 5та сезона овде сега се продолжува муабетот така што кој не ги гледал обавезно да го направи тоа.

Мене сторијата на Бран ми е една од поубавите во серијалот од првата епизода. Посебно во 4та сезона ептен мистериозна и интригантна стана неговата улога во големата слика. Супер е тоа што се вратија овие flashback моменти мислам дека последен пат вакво нешто гледавме со Даенерис кога го гледаше разрушен Кингс Лендинг.

Наивно умре Рус Болтон ама човекот си заслужи таков крај, можеби најголемиот тактичар после Тајвин заврши исто како него од рацете на своето дете. Оваа сцена повторно ме потсети на муабетот за The Rat Cook и мислам дека работите се поврзани со таа легенда.

Посебно ми се допаѓа во серијалот тоа што работите не се забораваат ни после одредено време. Така ете конечно се расчисти мојата дилема зошто упорно се форсираше сторијата со Берик а потоа исчезнаа. Очиглено е дека целта беше да се прикаже моментот на оживувањето и присуството на Малисандре на истото (иако според мене самиот факт дека го виде тоа не ја прави и неа способна да оживее човек можеби има и некоја друга позадина што ќе ја дознаеме наскоро).

Епизодата беше фантастична 10/10
 
Мене не ми е глупа смртта на Рус Болтон. Знаејќи како психопат е Ремзи ама ни најмалку не ме изненади неговата реакција откако дозна дека е машко детето. Кога го прегрна да му честита Рус осети дека ќе наебе и затоа му кажа дека ќе е секогаш првороден само за да се утеши дека Ремзи нема да му се спои жичката но малку каснеше со реакцијата. Ремзи пак знае дека иако му кажа дека он ќе е првороден сепак во прва прилика ќе се реши од него, а знаејќи кој психопат е реагираше одма. Ремзи е преинтелигентен но исто така и психопат и не остава ништо на случајност или дека можеби има вистина во тоа што му го кажува татко му.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom