Послаба епизода за разлика од предходната, но на ниво, како и до сега не ме разочараа.. Ве исчитав и тука негде сме скоро сите со замерките за епизодва.
Ај шо ја претераја малце со Ремзи како шо влезе се прошета и ги запали баш шаторите со храна, кога го можеше тоа, сигурно можеше да го заколит и Станис на спиење, барем така немаше да горит жива керкаму, иако го очеквев то од него и не ми е чудно. Сепак не сум толку потресен бидеќи ова е филм и тоа не било кој него ГОТ и што е тука е. Незнам која ќе е следната жртва само, Санса или самиот тој ќе се ставит во пламен за црвенава пичка да станит кралица?
Дорн ништо посебно повторно, неколку убави слики и реченици кажани од Доран и тоа е тоа, мислам дека ова се е вака колку да не го изгубевме Џејми сезонава, пошо ако и тој беше во Кингс Лендинг таму ќе беа можеби малце и поинакви работите па затоа е вака. Подобро и тој и керкаму да си останат таму зошто како што е тргнато овие врапциве ќе ги пречекаат и ќе ги пикнат апсаана.
Џон очеквев веднаш да свикат совет и да кажит шо се случи и како стојат работите, но не се деси ништо се надевам дека Оли детиштено немат да напрајт глупост каква што поќето очеквите овде, мене ми изгледат многу неспособен за такво нешто освен на спиење ако напрајт будалештина. Се надевам не.
Арја за разлика од досегашните епизоди денес ми беше досадна, уште ко видов дека Сер Мерин слезе од кајчето знаев дека ќе тргнит по него и пошо не е така лесно да се убијат ќе ја тупет. Се надевам немат да ја снајт лошо само. Можеби ми изгледаше и досадна зошто што и да се десеше тука се знаеше дека немат да е то најслаткото во епизодата пошо нели самото име на епизодава ни наведи да видиме змеј.
Моќна и нормално инетересна сцена со Дернарис, ја изгледав без здив, но забелешки еден куп. Ајде кај шо направија дека ојде на огромен настан со 50 војници за заштита добро, барем да не ги направеа толку бројни овие маскираниве. Многу глупаво изгледаше кога му се насобраја во круг околу нив и сите стоет и му се пулет да дојт змејот. Толку копја, толку ножеви, ни еден не е фрлен кон кралицата, а кон сите други мојт.
Со змејов сакаа малце да ни кажат дека е е толку семоќен или не е дораснат можит, но во секоја една ебена ситуација до сега беше прикажан во подобро и помоќно светло од денес.. Кожата е направена таква да изгледат дека ништо не мојт да ја прободит, а ја прободи замисли факинг копје фрлено со човечка рака.. Прво нешто и мене кога се качи Дернарис и рече флај си викам пуу себична, но додека се креваа се виде дека остатокот од маскираниве се разбегаа и кога се кренаа конечно и сите гледаа во нив се гледаше дека долу се скоро сами а сигурно тука негде е и подршката е стигната така да немат гајле.
Очекувам јако финале сега ни се најслатките 6 дена, после 10 месеци
