Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Тим Миранда? Anyone? Не? Пак сам ќе ја бранам честа? Okay... :(
 
Еј абе муабет за кастингот ваљда не е спојлер, а?
 
Бидејќи и самите автори на серијата веќе официјално потврдија дека од оваа сезона дејството на серијата ќе го помине онаа од книгите (а и тоа дека меѓу двата продукти ќе има се повеќе разлика) ситуацијата со спојлери сега добива огромна пресвртница.

Сега сите оние шо испојлерисаа еден куп луѓе кои не ги читаа книгите ќе видат колку е глупо чувството кога ќе дознаеш нешто предвреме шо не требало. Или можда ќе се изолираат медумски целосно и нема да ја гледаат серијата дури Мартин не ги напише сите книги до крај, како што читам по нетот некои така планирале ( бааѓи ќе се изначекаат во тој случај:pos:)
 
Ни јас не сум хајпната нешо посебно, треба да си ја репризирам прво четврта сезона па после
dancing-tyrion.gif

:D
 
не сте хајпнати оти Џофри го нема и ги отепаа Вајпер и дедото, па нема зошто да се чека :D на пример, лани ова време деведесет посто го имаа изедено спојлерот за Џофри само не знаеа кога што како и седеа во исчекување :D

@Bateman сменија некои работи, последната епизода од 4 сезона кажа многу, затоа јас едвај чекам :D
 
После Оберин ништо нема смисла ... не па хајп :(
 
Не биле хајпнати бе :cautious:


Кога ќе излезе епизодата, ќе го симнете најдобриот торент од оние по 6-7 гига што беа и ќе стиснете плеј, ќе сфатите колку сте го чекале тој момент...
 
Не знам зошто некои од вас не се хајпнати, вие си знаете, знам дека јас гризев нокти дури не дојде месец дена исчекување, па сега прсти гризам :D

Трејлерите се супер, не хајтајте.
 
Само да се пофалам дека погодив кој го уби говното инцестоидно.


Ги читаш книгите? Зошто во серијата не е разјаснето кој го убил Џофри. Даваат насоки, но сепак ништо конкретно.
 
Јак лик би требало да е овој Доран Мартел, принцот од Дорн. Глумецот е ѕвер, никад нема тапа улоги, баш ме интересира што човек ќе биде. Башка и може е најпознатиот глумец после Шон Бин што глумел во серијава.
 
Е така е, сега нема некој голем настан кој се очекува со нетрпение, а за кои знаат скоро сите, нема Red Wedding, нема Purple Wedding, нема Oberyn vs Mountain, нема конкретно нешто што ќе ја дефинира сезоната.

Една од причините за тоа е она што го пишав погоре, сега веќе никој освен авторите и актерите не знае што точно ќе се случува и до каде ќе оди дејството оваа па и наредните две сезони (и дали после нив ќе има уште две), и баш затоа очекувам уште поинтересна сезона од претходно.

Иако ми остана еден голем спојлер кој уште се нема десено па ми го расипува по малце филингот
за Џон Сноу
 
Ги читаш книгите? Зошто во серијата не е разјаснето кој го убил Џофри. Даваат насоки, но сепак ништо конкретно.

Не бе брат, од серијата...
најлогичен ми беше тој потег...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom