Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Значи перфекција цела епизода , од почетокот со Џон Сноу , Станис :cuc: , расплаканата Мајка , една од најубавите сцени >Game.of.Thrones.S04E10.1080p.HDTV.x264-BATV.mkv_001987402.jpg
,па најмоќната борба досега видена на екран Бриен и Кучето :cuc::cuc::cuc: ,драмата на ланистери и крајот , перфекција
5sz5qm472h_big_518b6f60007d2da4923b71f85e55883818a92547.jpg
 
Ќе ми фали Тајвин. Од него излегоа едни од најдобрите реплики во серијата. Јас преферирам добри дијалози пред битки и CGI и од тој аспект ликот (и актерот) многу ќе ми фалат.
Јеботе кога ќе подразмислам и Џофри ми фали:)
Мене ми фали Џофри да го гледам распнат на крстот од Ремзи, цела епизода. :)

Се' ОК во последнава епизода, но не им требаа огнените топки.
 
Мислев блоуџаб ќе му удри тука. :D


Иначе, уште не се знае Кучето дали ќе умре и за Планината викавте дека е 100% мртов. (мада ќе биде, освен ако овој што му ја зема работата на Пајсел не направи чудо некое, а изгледа ќе направи)

Иначе кого друг го потсети сцената со доаѓањето на коњаниците на Станис со доаѓањето на коњаниците на Теодин кај Минас Тирит? :)
И дали Серсеи ќе биде среќна што го нема татко и' и нема да мора да се зима со Лорас? Мада сеа ќе бидео општ хаос во Кингс Лендинг. Иаме крал кој уште нема доволна возраст, а и еден куп други работи за да владее, Тирион избега, Џејми е во Кингс гард, Варис избега, Пајсел е шупелка, така да Серсеи ќе мора сама да се справува со сите работи.

А што прашувате за огнените топки, сигурно се дел од приказната аман. Змејови, џинови има у серијава вие се прашувате зошто имало огнени топки...исто ко да се прашуваме зошто Прстенот кога ќе го ставеше некој го правеше невидлив. :D

И уште нешто...овие Дивјаците ги почитуваат старите и новите Богови? Пошто глеам Џон ја запали Игрит до дрво, што претставува ваљда некој бог или слично.
 
Последно уредено:
We dont care. Што ми е сеа мене гајле ако имало промени? Постирајте си у темата за книгите ова.
Шо нешто ко забрането да не ми е да коментирам?
Ја за дискусија за книгите си имам со кој да разговарам. Можев у детал да одам што не ми се допадна, иако беше малку, но решив само една слика да си ставам.
 
Последно уредено:
Аууууууууууууууу епизодиште!!! :drk:
Ми се чини дека во еден здив ја изглеав епизодава, скоро и да не трепнав :vozbud::icon_lol:
Дефинитивно the best was saved for last.
Не знам зашо али кога ја видов војската која го напаѓа Менс знаев дека се работи за Станис :D. Елеганција бре! Одлично отварање на епизодата и паметно одиграно со заложништвото. Игрит, ах Игрит, мораа да ја спомнат уште еднаш :(. Џон :love:, си собира кај мене поени за потенцијален лидер. Мудри одлуки, ладнокрвност скоро секогаш коа е потребна и одлично водење на луѓето кое највеќе се покажа во минатата епизода. Калиси, i feel her pain, си ги зароби сопствените деца, ма да и ја мислам дека дивеењето на Дрогон има некаква поврзаност со летањето на Брон. Дрвото, снегот и сонцето во позадина, каква убавина за очи! Кога сме кај Брон, колку јака беше сцената, борбата со костурите и појавувањето на девојчето, the children, aaaaa! :vozbud:
Next, Бриен и Кучето. Не очекував да влезат во дуел, особено затоа што Арија неколку пати нагласи уште колку имаат за одење до портата:cautious:. Како и да е, дуелот на почеток ми беше досаден, замавнување со мечеви мех, али после ептен ми се допадна кога стана жустро и почнаа да се боксаат. Ме заболе и мене кога ја удри во меѓуножје:noze:. Мислев дека Кучето ќе ја победи и Арија потоа ќе ја поштеди и ќе ги пушти да продолжат во насоката накај која идеа, јебига. Битното малата прешкрта уште еден од нејзината листа без да напраи некаков напор околу истото :D.
Друго, знаев дека Тирион ќе се извлече, fucking knew it! Само уопште не очекував дека покрај Џејми, Варис ќе биде оној што ќе му помогне. Како се извлече и тој гзлар ццц! Али осеќам дека ќе бидат опасна двојка во наредната сезона. Кучката Шае си го заслужи добиеното, и или јас се пореметив пошо со сласт гледав како ја дави или не знам што по ѓаволите се дешава :pos:. Тајвин, happy father's day! Жал ми е што нема повеќе да го гледаме, одлично смислен лик, но изборот беше или тој или Тирион. На крај, сите се "свртеа" против него. Џејми му помогна на брата си да избегне смрт, Серсеи му ја исплука целата вистина во фаца а Тирион го уби. Јака беше сцената и добар дијалог иако се нервирав што повторно сакаше да му се умилкува на Тирион и да допре до неговата емотивност.
Музиката последните 3 минути! Какво одлично епик склопување на музика и слика, леле! Рај за душа!:love:
И сега, ќе си чекаме, фак :(.
 
Последно уредено:
Повеќе ќе поштував Серси да ја гледам наредена со стрели и кога влезе во спалната мислев дека она е и почнав да се спремав за славје , ама ок, и оваа заслужи.
Тајвин ќе фали многу, а некако мислам дека Сандор ќе го гледаме пак. Јас во серијава додека не видам глава да прска, да лета од рамења или леш да гори , не верувам во смрт.
Најдете го најпорно моментов во сезонава... т.е погледот што го даде Мелисандре меѓу чадот.
 
Шо нешто ко забрането да не ми е да коментирам?

It's not, ама ако некого го интересира дали е сменето од книгата или не, ќе праша. Милион пати е пишано ова и пак истото. Во другата тема критикувајте ги HBO зошто смениле работи, овде секако нема да те разберат, а може и да летне спојлер.

Capture1.PNG Capture2.PNG Capture3.PNG


Capture5.PNG
Capture6.PNG


I've been watching you. All of you. All of your lives.

He is the GOD.
 
МАЕСТРАЛНО!

Прво, наравоучение за животот- курва секогаш си останува курва, колку и да го боли Тирион тој збор, курва беше бре брате, џабе ти е, а она стално ти кажуваше.

Тајвин Ланистер, големиот Тајвин кој беше фактичкиот владетел во Вестерос, му се распадна империјата и целото наследство у една епизода, уште една животна лекција, сцената со Серси и него беше предобра- цел живот им продава демагогија за фамилија а воошто не си ги познаваше своите деца, и што му остана на крај, Серси го откачи скроз, му ги кажа у фаца онаа што реално и он го знаеше, Џејми тргна контра него кога го ослободи Тирион, нешто што пак го претпостави и на крај убиен во ВЦ од единствениот вистински и достоен негов наследник, оној кој не го сакаше само оти му ја одзеде жената која ја сака.
Што ќе укаже дека колку и да беше разумен и искалкулиран, емоциите сепак управуваа со него.

За сите оние што беа разочарани во финалето на третат сезона за се што им се случи на Стракови, по ова финале можат да бидат презадоволни. Ланистерови се у целосен колапс и хаос, а сите деца на Нед Старк тргнаа кон нови животни патишта, кој барем засега делуаат позитивно и оптимистички.
Бран го најде својот пат и сега треба да биде спремен и да го изоди до крај, Арја замина од земјата каде и остана само тага и лоши спомени во еден нов, слободен свет, Санса во целава ситуација има шанса да покаже дека може да се врати онаму каде и е местото а Џон Сноу, за него претпоставувам дека сега може да се издигунува само нагоре.

Судината не и приредува баш убави моменти на Денерис, ослобидените не се навикнуваат баш во новиот поредок, а нејзините „деца“ и стануваат се поголем проблем, само зошто не го стави под ланци и најголемиот?

Само една дилема ми остана од епизодата, Станис изгуби многуи војска и флота во нападот на King's landing, некој погоре спомна дека бродови купи од Бравос со парите од Банката, но од каде му се најдоа толку луѓе и зарем сите тие цело време се во Dragonstone или Станис контролира и дел од Strom's End?
 
Ај нека ми прати некој линк од History and Lore за новиве деца, Бран, старецов и слично, додуша пратете ми ги сите тие клипови, мора да влезам у штос се осеќам како мои ко гледаат турска серија.
Епизодава лудница, еден куп работи на едно место, смртта на Тајвин мајсторски изведена, сцената со Шае такоѓе, битката на Бриен и Сендор такоѓе, да не набројувам сега.
Едно нешто е сигурно, северот ќе стане лудница следна сезона и едвај чекам да почне новава сезона.
BEST TV SHOW EVER AND FOREVER.
:cuc:
 
Ај нека ми прати некој линк од History and Lore за новиве деца, Бран, старецов и слично, додуша пратете ми ги сите тие клипови, мора да влезам у штос се осеќам како мои ко гледаат турска серија.
Епизодава лудница, еден куп работи на едно место, смртта на Тајвин мајсторски изведена, сцената со Шае такоѓе, битката на Бриен и Сендор такоѓе, да не набројувам сега.
Едно нешто е сигурно, северот ќе стане лудница следна сезона и едвај чекам да почне новава сезона.
BEST TV SHOW EVER AND FOREVER.
:cuc:

Ти ги пратив по ПП.
 
Судината не и приредува баш убави моменти на Денерис, ослобидените не се навикнуваат баш во новиот поредок, а нејзините „деца“ и стануваат се поголем проблем, само зошто не го стави под ланци и најголемиот?
Нели рекоа дека никој не го видел веќе три дена Дрогон.
 
Никој не може да ги контролира до крај децата кога ќе почнат да осознаваат. Калиси го испушти Дрогон, Тајвин ги испушти Џејми и Серсеи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom