Game of Thrones

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.165
Постојат различни споредби. Има и такви според кои Вестерос е голем колку Јужна Америка, а земјата отаде ѕидот е голема како Канада. :) Додека Мартин не реши колкави се точно земјите, секогаш ќе има калкулации. Веројатно поради сценариото географскиот простор во серијата е малку стеснет.
Инаку (веќе одамна се правени вакви споредби) мапата на самиот Вестерос потсетува како испревртена Британија и испревртена Ирска кои се споени и на кои им е додаден крајниот север, по ѕидот, но тоа не мора да значи дека баш толку е простран.
Џорџ Мартин како типичен Американец е тапа за географија и нема многу ориентација за простор. :D Научен на американски коли од по 4.000 кубика што трошат 30 на 100 со кои е сосем нормално да патуваш по 200 милји секој ден до работа и назад, веројатно не можел да замисли колку е мал (односно голем, зависи како гледаш) светот во тој некој историски период на кој ги базирал своите дела. Прочитав и јас, негде имал изјавено дека Вестерос е голем колку Јужна Америка, негде дека е два-три пати поголем од Британија. И самиот признал дека не го бивало со овие бројки. Не дава јасни димензии во делата, ретки се ориентирите (демек Ѕидот бил 300 милји). Ама и поарно е вака, кога дел од деталите се оставени на фантазијата на читачот/гледачот.
Картата ја ставив бидејќи е најблиску до мојата замисла за Вестерос, како нешто поголем од Западна Европа, имајќи ги предвид географските паралелите: Дорн - Јужна Шпанија, Рамнината - Франција, Речните земји - Рајна/Мајна, Северот - Шкотска, Зад Ѕидот - Исланд/Скандинавија.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666

Бројот на градовите, кој е доста мал, речиси незначителен (Колку се вкупно, 5-6 позначајни градови низ цел Вестерос?), укажува дека се работи за помал географски простор. Имаше тврдења дека Вестерос е претежно аграрна земја. Дури и да е така (а феудализмот дури и во фантастиката си бара големи површини на кои рмбаат илјадници закрепостени селани) природно е да има повеќе градови, оти ако е големината на Латинска Америка, тогаш Тирели владеат со земја која никако не е помала од една Франција (слични се по богатството, ресурсите, бројноста на население), па еден голем град и две-три помали гратчиња се едноставно премалку. Но да не навлегувам во бесцелни тупења. Светот добро функционира и покрај слабостите, а ептен да се бара логика насекаде во дело во чиј жанр се игра по поинакви правила и законитости често нема смисла. Сакам да кажам, доволно добро е направено, па може да се премине и преку некои пропусти кои не ја намалуваат вредноста ни на серијата ни на книгите.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Дечки колку време има од Јункај до Фарос и колку се плаќа за траектот?
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.677
Поени од реакции
14.559
Изгледана и втора сезона. Дури сега сфаќам колку се унаказени дијалозите на Тирион во последната сезона, али оправдано бидејќи не е од книгите...

:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Изгледана и втора сезона. Дури сега сфаќам колку се унаказени дијалозите на Тирион во последната сезона, али оправдано бидејќи не е од книгите...

:icon_lol::icon_lol::icon_lol:
eve ti eden lajk,da ne se osejkas glupo
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.377
Поени од реакции
84.621
Ja глеав пак сцената од финалето со Лансел во подрумот, без сомнение најдобрата сцена сезонава. Обожавам такви сцени без дискусија кај што музиката го диктира тоа што се дешава. Свака час Џавади и Сапончек. :cuc:
И Хардом е негова.
Инаку, во наредната сезона, (чиј старт изглеа овојпат на есен ќе биде) Мигуел Сапочник, за жал, нема да режира ниту една епизода.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.677
Поени од реакции
14.559
Не мора да значи дека свеќите се запалени на истечен вајлдфајр, може се запалени прво, а после е оставено да истече од бурињата...
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.377
Поени од реакции
84.621
Не мора да значи дека свеќите се запалени на истечен вајлдфајр, може се запалени прво, а после е оставено да истече од бурињата...
...за кое да го напраиш ич не треба муда.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.677
Поени од реакции
14.559
...за кое да го напраиш ич не треба муда.
Па секако дека не како што се претерува, има време со запалена свеќа и со споро истекување од бурињата човек може да стаса до Астапор. Може свеќата била 2 метра, додека да стигне до подот има време децата свои деца да направат.
Може ја запалиле свеќата, пуштиле да истекува од бурињата и отишле да завршат на ФОН, на апсолвентска низ Европа и летен одмор у Бали.

Nitpicking at its best, исти курац беше и со како Санса знаела за кучињата, мислам дека тие "фанови" на ГоТ што се замараат за овие работи се дно-дна. Редит идиоти и like whores.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.733
Па секако дека не како што се претерува, има време со запалена свеќа и со споро истекување од бурињата човек може да стаса до Астапор. Може свеќата била 2 метра, додека да стигне до подот има време децата свои деца да направат.

Nitpicking at its best, исти курац беше и со како Санса знаела за кучињата, мислам дека тие "фанови" на ГоТ што се замараат за овие работи се дно-дна. Редит идиоти и like whores.
Човек што почна да глеа ОД ПЕТТА СЕЗОНА само за да биде во тек со настаните и во тренд збори за attention whores... :facepalm:

За палење свеќа у запалива експлозивна материја се збори бе Стелт.

Иди запали свеќа у под постелен со барут ако не е опасна работа.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.677
Поени од реакции
14.559
Човек што почна да глеа ОД ПЕТТА СЕЗОНА само за да биде во тек со настаните и во тренд збори за attention whores... :facepalm:

За палење свеќа у запалива експлозивна материја се збори бе Стелт.

Иди запали свеќа у под постелен со барут ако не е опасна работа.
Ти сфаќаш ли или да отварам Пејнт?

Може свеќата е запалена и ставена на сув под и отпосле е пуштено да истекува капка по капка од бурињата.
Ги згреши апчињата за концентрација од сабајле?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom