Ако не грешам, мислам дека мапава е само споредба колку е голем светот на Мартин во споредба со нашиот вистински свет. Немора да значи дека сите совпаѓања Мартин така ги наредил.
Постојат различни споредби. Има и такви според кои Вестерос е голем колку Јужна Америка, а земјата отаде ѕидот е голема како Канада.

Додека Мартин не реши колкави се точно земјите, секогаш ќе има калкулации. Веројатно поради сценариото географскиот простор во серијата е малку стеснет.
Инаку (веќе одамна се правени вакви споредби) мапата на самиот Вестерос потсетува како испревртена Британија и испревртена Ирска кои се споени и на кои им е додаден крајниот север, по ѕидот, но тоа не мора да значи дека баш толку е простран.