Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Дрогон е мал змеј сеуште, нема ни три години откако е роден.

@Trpe Grozni може копјата им биле на расклопување :D

Има нелогичности не викам не, ама нема потреба да се фаќаме толку за ситници, сцената беше убава и адреналинска, сценографијата уште поубава, премногу барање логичност и анализи ќе ни го расипат севкупното уживање во серијата.

Но за пожарот во кампот се сложувам 100%, тоа е за голема критика, можеа барем пет минути да прикажат да видиме како се инфилтрираа, дали беа преоблечени како цивили, дали како војници на Станис, оти тоа е едино логично како би ја извршиле диверзијата, сигурно не биле во ознаки на Болтон кога напаѓале.
Од друга страна, сеуште немаме доказ дека баш Ремзи го предизвика пожарот, Мелисандре беше будна и надвор кога се случи тоа, нема да сум изненаден ако саботажата е нејзино дело за да го натера Станис на големата одлука за жртвувањето.

Ја помислив дека е Lord of light што го вика она дека праи ова не ни помислив одма на Ремзи
 
Плукајте колку сакате ама моментот кога решија да ја изменат приказната од книгите, серијата оди надолу.
По твојата логика серијата треба да паузира 10 години додека Џорџ да ги напише книгите, креаторите и натаму работат во консултации со не но неможе да трпи таков проект поради тоа што тој е мрзелив.

Некако можеби поради тоа што очекувањата се преголеми и критиките растат иако делумно се сложувам за сезоната, последните 2 епизоди се супер
 
Мартин им кажал за сцената со Ширен да ја лупнат, така да ќе ја стави и во наредната книга ваљда. Или па ги заебал, сакал да види реакции од публиката.
 
Посакувам Станис прво да го убие Рус, а после во битка со Ремзи истовремено да фрлат со копје еден кон друг и двајцата да ги снема! :mad:

Мали измени во мојата листа:
J̶o̶f̶f̶r̶e̶y̶ ̶B̶a̶r̶a̶t̶h̶e̶o̶n̶
T̶y̶w̶i̶n̶ ̶L̶a̶n̶n̶i̶s̶t̶e̶r̶
Stannis Baratheon
Ramsay Snow
Roose Bolton
Walder Frey
Cersei Lannister
Melisandre
Meryn Trant
Petyr Baelish
Jaime Lannister
...
 
Де бе па ти сите „лошите“ си ги набројал, не е ова Пепелашка или Сенажана и седумте џуџиња :D
 
По твојата логика серијата треба да паузира 10 години додека Џорџ да ги напише книгите, креаторите и натаму работат во консултации со не но неможе да трпи таков проект поради тоа што тој е мрзелив.

Некако можеби поради тоа што очекувањата се преголеми и критиките растат иако делумно се сложувам за сезоната, последните 2 епизоди се супер

Промените почнаа уште во втората сезона, до душа во мала количина, ама како поминуваше времето стануваа се поголеми и поголеми.

Мартин им кажал за сцената со Ширен да ја лупнат, така да ќе ја стави и во наредната книга ваљда. Или па ги заебал, сакал да види реакции од публиката.

Мартин наводно им кажал дека помеѓу фамилијата и борбата за власт ќе ја жртвува фамилијата. Тоа не значи дека ќе ја жртвува Шарин ставајќи ја на клада. Може да значи и дека ќе ја омажи за некој кого не го смета за достоен, само за да ја добие неговата подршка.
 
Промените почнаа уште во втората сезона, до душа во мала количина, ама како поминуваше времето стануваа се поголеми и поголеми.

Мартин наводно им кажал дека помеѓу фамилијата и борбата за власт ќе ја жртвува фамилијата. Тоа не значи дека ќе ја жртвува Шарин ставајќи ја на клада. Може да значи и дека ќе ја омажи за некој кого не го смета за достоен, само за да ја добие неговата подршка.
Другар HBO е ова, под жртвување тие мислат најблаго глава да летне како зелка. :) Како и да е ова е битка за власт, за трон, ни мене не ми се свиѓаше ова со малава ама човек желен за власт на се ќе згази, треба да се навикнеме.
За тоа со кампот кажавте веќе и мене ми е тоа на исто ниво со Сенд Снејкс и Џејми сцената.
 
Сето ова срање можеше да се избегне ако Џон прифатеше да ја оплоди Малисандре
 
Промените почнаа уште во втората сезона, до душа во мала количина, ама како поминуваше времето стануваа се поголеми и поголеми.

Мартин наводно им кажал дека помеѓу фамилијата и борбата за власт ќе ја жртвува фамилијата. Тоа не значи дека ќе ја жртвува Шарин ставајќи ја на клада. Може да значи и дека ќе ја омажи за некој кого не го смета за достоен, само за да ја добие неговата подршка.

Иако се Dumb&Dumber неверувам дека толку би го смениле ликот на Станис од книгите до серијата. Гарант и у книгата ќе гори девојчето е сеа може нема тоа да биде Станис што ќе ја даде командата. Башка имаше теорија дека у книгите ќе ја запали откако би паднал The Wall, што нели има поголемо влијание на таква одлука него hurr durr 20 good man took our food away........
 
Толку ги испоспојлерисувавте книгите на темава што сеа не би ги ни читал.
 
Толку ги испоспојлерисувавте книгите на темава што сеа не би ги ни читал.

Добро читате вие уопште? :icon_lol: Како може спојлер од нешто што уште не е излезено?
 
Добро читате вие уопште? :icon_lol: Како може спојлер од нешто што уште не е излезено?
Па не само за ова, уназад цело време чим приметат дека нешто од серијата не е исто направено, одма мора да пишат „у книгите не е така, вака е...“. Тоа е и те како спојлер за книгите и за некој што сака да ги чита, затоа нејќам да знам како е таму ебате, ако сакам ќе си ја отворам темата за книгите на форумов и ќе прашам.
 
Пишуваме ако праша некој. Конкретно тука муабетот беше дека Мартин не е иницијатор за ова а денес гледам дека и те како бил. А ова е како за сите така и за нас, вкупно 10 страни од книгата, има уште 250 лика и уште толку дешавки така да ич не се расипани ако некој сака. А и ко демек ќе се затрчаше некој да прочита 4500 страни на две сезони до крај, нема грешка :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom