Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Налетав на ова на интернет, кратки анимирани пародии на повеќето епизоди


Интересни се, изгледајте ги:)
 
Колку биохемиските реакции у мојот организам збеснаа ради изгледаната цела сезона у три дена. Дури мислам дека сум од оние среќниците, кои го избегнаа она исчекување до самоубиство по една недела. Видеово дефинитивно ќе си каже шо сакам да си кажам за серијава (да со спојлери е нормално) ама си го одбрав по терк :


Пошо уште ме држат импресии од дешавките у последните две епизоди, и пошо све до сеа кажавте да се задржам на она што не сте го спомнале. Прееска дури бесен си размислував нели е премногу храбро и дрско (макар и да се одело по некој шаблон од книга и макар се работело за проект на HBO) да си ги убиеш можеби двата најголеми адута? Дали бе беа највише сконцентрирани на нивните карактери, па затоа го доживеав како огромна загуба? Се си мислам дека се заебаа, не за друго ( освен Калиси и мејби Сноу) ми се чини дека нема лик у серијава шо ќе те лепи за компјутер со комплексноста на својот карактер, шо ќе доминира, шо ќе пердаши ( шо со зборови, шо со меч). Следнава сезона (пошо си ги истрошија силните карактери) ми стои дека ќе одат на страшен визуелен ефекац како би се пополниле празнините. Многу ми боде у очи во ваквите серии (филмови) наследникот на тронот. Мора ли секогаш (ама баш СЕКОГАШ) после таткото кој по дифолт е голем воин, пичкариште, снагатор невиден, непоколеблив авторитет на власт да дојде неговиот син - секогаш со креон околу очите, лигаво мамино синче со педерски понашања и потези, А?
 
. Мора ли секогаш (ама баш СЕКОГАШ) после таткото кој по дифолт е голем воин, пичкариште, снагатор невиден, непоколеблив авторитет на власт да дојде неговиот син - секогаш со креон околу очите, лигаво мамино синче со педерски понашања и потези, А?

ова ќе те задоволи моментно...


:)
 
...Мора ли секогаш (ама баш СЕКОГАШ) после таткото кој по дифолт е голем воин, пичкариште, снагатор невиден, непоколеблив авторитет на власт да дојде неговиот син - секогаш со креон околу очите, лигаво мамино синче со педерски понашања и потези, А?
Е па не му е син. Нели си ја глеал серијата?
Неговите вистински синови се друга приказна.

За карактерите, ликовите, си грешка. Тие што ги прочитале книгите знат што мислам.
 
Штета што така добар лик беше “искористен“ само во основата на приказната, ама токму тоа ја прави сега поинтересна и понеизвесна втората сезона. Едноставно целата приказна ми е таква што одговара да се вметнуваат нови централни ликови.
 
Појака серија не сум гледал.Едвај чекам на втората сезона,отприлика треба април да биде како лани,така?
 
Појака серија не сум гледал.Едвај чекам на втората сезона,отприлика треба април да биде како лани,така?

1ви Април почнува :)
 
Е па не му е син. Нели си ја глеал серијата?
Неговите вистински синови се друга приказна.

Знам дека не му е син, мислев на син како на наследник на тронот. Станува некое клише тоа ( така беше у Галдијатор, така беше у Калигула, така е у серијава). И овој наследник е арен:



За карактерите, ликовите, си грешка. Тие што ги прочитале книгите знат што мислам.


Значи убаво е што читаш книги, али ја зборев за мојот впечаток гледајќи ја серијата ( до сега). Времето ќе покаже дали бев во право ( дај Боже да грешам, па да ни потрае повеќе).
 
Прееска дури бесен си размислував нели е премногу храбро и дрско (макар и да се одело по некој шаблон од книга и макар се работело за проект на HBO) да си ги убиеш можеби двата најголеми адута? Дали бе беа највише сконцентрирани на нивните карактери, па затоа го доживеав како огромна загуба?

Не се оптеретувај премногу со тоа, нема главни и споредни карактери во ова шоу, сите се подеднакво важни за сторијата во целина. Со секоја книга (а со тоа и сезона) се појавуваат а од време на време ќе ја напуштат други ликови. Не е во стил на Фродо е единствен лик и целата приказна се гледа од негова перспектива. Приказната на серијава се раскажува од многу перспективи, ако во прва сезона го мразиш одреден лик, до крајот на 3-4 сезона Мартин ќе те натера да го разбереш и постепено засакаш.

Значи уште еднаш ќе нагласам, не постои главен лик од типот на Хаус, Сопрано и сл. Сите ликови во серијата се комплексни и доволно интересни за да обезбедат понатамошен интерес и гледаност. Можеби беше грешка да повикаат познати глумци за plot device, со непознати и помалку познати можеше полесно да се долови замислата на Мартин од книгите.

Имате на winteriscoming тимер кој одбројува до почетокот на втората сезона. Има и еден куп инфо за серијалот во општо но со поголем акцент на HBO серијата.
 
got2_keyart_poster.jpg


Официјален постер за втора сезона.
 
Нова позадина! :) Ајде уште само 1 месец.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom