А педери ниедни, цел ден гледам како се полне темава со нови страни и си викам колку ли е јака само епизодата кога за нецел ден се изнапишале 10 страни.
И стварно, да не звучам клише, но како одминуваат епизодите, сега ова ми е најдобрата досега (во 4 сезона), а сигурен сум дека последните две ќе ја надминат и оваа, сигурен сум.
Болтон и армијата кога шетаа по тоа ридовите на Северот ме потсеќаа малце на Старкови на почетокот, веројатно тоа и беше аналогијата, но ќе им наплати и нив некој има време за нив.
Како горд член на тим Санса многу ми беше мерак за неа во епизодава, кога ви викав дека девочјето ќе го биде, какви погледи му мава на Бејлиш, дефинитивно ќе знае да ја искористи неговата слабост т.е самата себе. А Џора, жално, се напати да се зближи што повеќе со Денерис и како заврши, а и она па го претера, зар заборави низ најтешките мигови кој беше цело време со неа, не беше ни Селми, ни Дарио, ни Дотраки, само Џора, цело време од почеток до крај. Но ќе ја спаси Џора повторно, дури и таа да не сака, ќе и се најде од помош.
Што да кажам за борбата што веќе не кажаа сите тука, ќе ми фали Оберин како лик, фантастично одглумен од Педро Паскал, за среќа успешно одбегнав да го дознаам исходот да дуелот, но за мене не беше изненадување крајот на Оберин, можеби начинот на кој заврши. Ако нешто серијата ме научи е тоа дека во ниеден момент не треба да бидам спокоен, особено кога се работи за ликови кои ми се драги, дури и кога го видов Планината на земја, си мислев ќе се случи нешто, дури и помислив некој од војниците ќе му направи нешто на Оберин кога почна да покажува накај Тајвин. Ако некој сеуште може да го спаси Тирион тоа ќе биде Џејми, ќе мора нешто да смисли, сепак може да влије и на Серси и на Тајвин, да им укаже некако дека прават лош потег.
Некој спомна на темава претходно дека по борбата уште еднаш се покажало дека Ланистерови се во најповолона позиција и го победуваат секој. Има некоја вистина, но не би рекол дека баш се во најповолна позиција. Пред се, зависат премногу од Тајрелови, досегашните ладни односи со Мартелови ќе бида уште полоши, а кастингот за 5 сезона ни кажува дека и овие ќе имаат важна улога во понатамошните настани.
Новиот господар на Vale, Бејлиш, со Санса заедно ќе чекаат згодна прилика за да им нанесат удар. Тука секако е и фактот дека „лавовите“ се во долгови и на крај тука е и Станис, кој сигурно не седи така (иако на моменти делува).
Епизодата, чиста 10-ка.