Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Мускулов во промото е тој што го збореа дека заземал еден од градовите што Даенерис ги ослободи или Планината ?
 
Мускулов во промото е тој што го збореа дека заземал еден од градовите што Даенерис ги ослободи или Планината ?
Планината е тој, исландско билдериште. Баш е планина е, не тој поранешниот глумец.:icon_lol:
 
Морав да ја гледам епизодата одново преку торент, ми се заеба нешто live stream-от вчера после сцените со Јара, Ремзи и Теон. Единствените две работи што лично не ми се допаднаа беше тоа што немаше некаков reunion помеѓу Јара и Теон (но тоа покажува колку испран е самиот Теон), и Shae кога се појави во судницата да тресе глупости. Остатокот од епизодата беше феноменален и токму како што очекував (да биде една од најдобрите епизоди од сезоната, споредбено со стандардите за Game of Thrones). Уште од трејлерот се гледаше дека ќе биде добра епизода.

Едни исти ликови зборат дека Дани е досадна или Станис е досаден, или Ратко и Петко биле досадни. Подобро кажете дека имате други омилени ликови, барем посериозно ќе ве земеме што имате да кажете во обзир. А не после да се правдате на други начини :D. Варете кафе, испушете цигара ии испразнете се во веце следниот пат некој од нив ќе се појави на платно, да не мора да ве слушаме како секоја сцена во која се појавуваат ви е крајно досадна (без разлика што и да прават). Ми нема смисла таквиот пристап кога се работи за Game of Thrones. Не е како јас да ги обожавам сите ликови подеднакво, ама не дрндам дека тој или таа биле досадни кога и да ги прикажат или им дадат време од епизодата. Подобро држете се до ликовите што ви се допаѓаат наместо 85% од постот да е непотребно серење за истите, и на крај некој коментар за некоја генерално јака сцена од епизодата (како оваа со судењето и Тирион).
 
Океј епизода, али за најдобра од оваа сезона дека е не се согласувам. Говорот и глумата на Тирион на крајот ми остави најголем впечаток во епизодата секако и цицките на Таргарјен. Само јас мислам дека многу го одолговлекуваат судењево или? Мислев дека епизодава ќе се затвори се во врска со тоа.

Untitled.png
 
КАПА ДОЛЕ!!!
ЕПИЗОДИШТЕ!:cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Сцената со Станис во Iron Bank ми беше многу глупа.
Book readers will say Калиси е досадна, а всушност Станис е досаден и ги прави истите глупи работи.
Давос го вади цело време, Станис е само човек кој живее со опсесијата да биде крал (нешто со кое живее и Даенерис).
Океј, прикажаа во сцената дека е правичен и дека го „плаќа тоа што го должи“, ама како тоа ги убеди овие од мадафакерска институција како Iron Bank да му дадат злато?

Се обложувам дека не му дадоа заради тоа туку заради: Тирион, Сезона 3, епизода нз: Ако не го исплатиме долгот кон Железната Банка, таа ќе им помага на нашите непријатели.

Второ, сцената со Ремзи и Јаара ми беше многу глупо изведена. Нонсенс. Иако Ремзи испаѓа дека е класика психопат кој не сака некого да убие „онака“, туку сака тоа да биде направено на најболен начин.

Третао, сцената со Калиси и Хиздар зо Тралала беше врв на несвојствено лошиот почеток на епизодата. Па уште со титулите. Каква глупа сцена. :facepalm:
Иако, Баристан и Јорах растураат и кога не изговараат ни збор ебате, какви мадафакери. :cuc:
Сцената со змејот и козите, непотребно искористен CGI. Можеше и без да го прикажат тоа да отидат директно на сцената со „козарот“, ќе знаевме дека змејовите му направиле штета, hello?
Потполно се сложувам, пола епизода не беше на ниво на серијата.
 
Ја мислам дека Тирион ќе одбере некој од Брон или Џејми да се тепа за него, па откако Оберин ќе слушне дека од другата страна ќе биде Планината, ќе инсистира да се тепа за животот на Тирион, зашто вака ми нема смисла од чиста мира да иде да се тепа за Тирион, покажувајќи од минатите епизоди од серијава дека буквално ич не му е гајле за него.

Седнувањето на Тајвин на тронот! :cuc::cuc:
 
10268718_10152462946462755_4307129108063115379_n.jpg
 
Лудило епизода, крвта ми смрзна од говорот на Тирион, каква сцена, најдобра во сезонава, а после тоа погледот меѓу него и Тајвин и нашата омилена мелодија почнува, одма се осеќа дека нешто заебано ќе се случи во наредната епизода. Не знам што да кажам друго, може почетокот на епизодата беше малце спор, кутриот Станис, толку е горд а не е многу способен, се запнал на тоа birthright и само на тоа остана.

Тајвин, со целата негова интелигенција и ставањето на фамилијата на прво место воопшто не прави паметни потези со тоа што си ја раскарува истата, сите деца на различни страни поделени, се гледа дека Оберин го ужива секој миг од ситуацијата во која се најдоа Ланистерови.

Како се се менува во нецела сезона. Во 10-та епизода од минатат сезона Ланистерови беа on top of the world, сега работите не изгледаат баш розево за нив.
 
Dali moze nekoj da gi stavi zborovite Sloboda za Tirion na slika na Tirion? Nesto u stil kako sto e sloboda za Kili kampanjata?
 
Тајвин не си ја кара фамилијата без причина .Серсеи го сака мртов Тирион и Тајвин мора да и удоволи за оваа да се омажи за Лорас и со тоа да направат алијанса со Тајрелите,Ланистерите немаат повеќе приходи од рудници и не можат да го финансираат сами кралството додека Тијвин и така не го сакаше Тирион никогаш .

Литлфингер вака така се доведе до најдобра позиција од сите,треба само да ја убие лудата за да има кралство со неосвојлива тврдина + ја има Санса преку која може да го добие северот а секако и пун е со пари.Се надевам дека Мартин нема да го убие на некој патетичен начин со некаква измама.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom