Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Шо ти се вика сенс за бизнис! :D

http://www.valyriansteel.com/shop/

Можете да нарачате реплика од Ice на Нед за 300 долари, или изработен од сириски челик (шо е real life пандан на валириски челик) за 700. Да бев богат ќе го земев одма, заедно со уште неколку сувенири. :D

Инаку еве колку е „голем“:

1836763_10152114601138432_1349741886_o.jpg


Ваква грамада тешко да ја управува човек кому „појаката“ рака му е исечена.

п.с. добра маица има теткава на сликава. :icon_lol:

п. п.с.
'Game of Thrones' Crashes HBO Go During Premiere
Less than a month after HBO Go crashed during the True Detective finale, the service was down again on Sunday night during the Game of Thrones premiere.
 
Мене ми отиде мозокот дека веќе нема да му треба на Илан Пејн бидејќи нема намера Тајвин повеќе да сече глави ;)
Мечов требаше според правилата да биде вратен во Винтерфел заедно со телото на Нед ама..... :)
 

Сте го виделе во меѓувреме сигурно но нека го има во темава.

Официјалните најави и видеа постојано ги имаат Лавот на Ланистер и Волкот на Старк во позадина, а јас мислев дека војната веќе заврши!
 
Официјалните најави и видеа постојано ги имаат Лавот на Ланистер и Волкот на Старк во позадина, а јас мислев дека војната веќе заврши!
Наредните две епизоди ќе бидат многу динамични. :D
 


Официјалните најави и видеа постојано ги имаат Лавот на Ланистер и Волкот на Старк во позадина, а јас мислев дека војната веќе заврши!

Абе си кажа Џејми:

21j0xly.jpg


Инаку некој пиша пред некоја страна, епизодата била добра затоа што го немало Џофри... НЕ! Беше добра затоа што го немаше Станис. :свиркам:
 
Можете да нарачате реплика од Ice на Нед за 300 долари, или изработен од сириски челик (шо е real life пандан на валириски челик) за 700. Да бев богат ќе го земев одма, заедно со уште неколку сувенири. :D

Ај жити мајка, објасни што е тоа сириски челик, со задоволство ќе те ислушам. Сум слушнал за дамаскус челик (или народски кажано „Димискија“), а овој меч сигурно не е изработан од таков материјал, ама за сириски челик не сум слушнал никогаш во животот.

Валирискиот челик се добива со посебен начин на обраборка, како и со изведување на магии додека истиот се изработува. Процесот на изработка е заборавен, и постојат само тројца мајстори во целиот свет (од книгите и серијата) кои знаат да го обработаат (не створат). Бидејќи секое претопување ги менува и физичките и хемиските својства на било кој метал, па така и на валирискиот челик, оваа обработка (правење од еден во два мача) би тебало да биде извршена со прековување, на не претопување, што значи дека во серијата е тотално погрешно прикажано.

Што се однесува до улогите, од Оберон Мартел сум благо разочаран (всушност, мислам дека премногу очекував од него). Лејди Олеана и понатаму ме воодушевува, а најпријатно изненадување ми се улогите на Дарио Нахарис (да, да, мислам дека новиот Дарио е поубедлив од стариот кој никако не можев да го „сварам“) и Сер Донтос, чија улога во серијата е ужасно смалена и занемарена за разлика од книгите (би рекол за жал, бидејќи глумецот е одличен).

Се на се, добар почеток на сезоната, иако како и сите читачи, разочаран сум што серијата се одалечива од изворот од кои е настаната, како по содржина, така и по карактер.
 
И тамо не е направено нити едно парче таков челик, има веќе околу илјада и петсто години (инаку одгиналната Димискија се правела во Индија).

Инаку начинот на добивање на димискијата повторно е откриен пред некои педесетина години во бившата ни држава (поточно на металуршкиот факултет во Белград), знаењето за неговото добивање во меѓувреме било потполно изгубено.

Заборавив да кажам дека исто така Брон продолжува пријатно да ме изненадува, има многу повеќе и поквалитетно време во серијата одколку во книгата, ама не дека не ми смета, туку и одлично испаѓа. ;):)
 

Мрш бе! Ја стрелкиве ги поврзав со никот и се блокирав мислејќи каков Спојлер сум пишал. Тек после го видов аватарот. :pos:

@Trpe Grozni Јас лаички го поврзав со Дамаск - Сирија, не сум експерт за челик. :)
 
Нема проблем, така и јас си ги поврзував, додека не читнав нешто за ова во учените книги. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom