Гафови на "коментатори"

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
" Манчестер Јунајтед подготвуваат уште едно засилување - Зоран Томич "

:pos2:
 
Реал Севиља... абе смешки е коментаторов!
„Е гледате сега како му побеле косата на Калдерон, мада бела му беше и пред тоа“ :pos2:
Др..
„И еве сега ке ја комплетираме 46 минута, тоест не 76-тата“ :icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Па ова е сигурно црвен картон па шо - Реал Мадрид - Севиља
 
Манчестер Сити е ослабен поради отсуството на Робино......пардон Робињо.

Ииии дали ке има гол, О оо одлична шанса но нема гол.
 
Коментаторов од МТВ! Место Баскетс од Барса, тој Бургос...АХАХАХХАХАХАХА!!! :pos2:
 
мене најдобра изрека на Злате Калински од МТВ ми е кога ќе каже топката помина низ шума нозе!Тоа е врв:tapp::tapp::tapp:
 
Еден од дечките од спортско радио. Македонија играше пријателска, фудбал, дечкото го вклучуваат во програма и вика: „ Во тек е 45, 46 сега и 47ма секунда од натпреварот"

Истиот натпревар, се вклучува подоцна: „... и по првите 78 минути резултатот е сеуште 0:0“
 
Ај уште на полувреме да не заборавам до после:

Игор Трпевски, Барселона - Реал:

Судијата Кантаљехо е познат по тоа што не шиша никого :pos2:
 
Реал треба да го задржи ова темпо да не му се тресе мреЗата.
Дали ке има гол ииииии Етооооо гол еден нула води Реал Мадрид, односно Барселона.
 
Реал треба да го задржи ова темпо да не му се тресе мреЗата.
Дали ке има гол ииииии Етооооо гол еден нула води Реал Мадрид, односно Барселона.


Ништо необично од Игор Трпевски. Гледајте малце понеатрактивни натпревари и таму лежи зајакот за неговите гафови кога очигледно ги меша играчите и некој белец му дава очигледно африканско име и не се поправа.
 
На почетокот на оваа сезона, Игор Трпевски:

“Нумансија се нова екипа во елитата на Шпанија, ќе имаме време ДО КРАЈОТ НА СЕЗОНАТА да се запознаеме со нив!“ :pos2:

И самиот кажува колку е глуп, цела сезона му треба :pos2:

Исто така пред месец два, Реал играше со Атлетик Билбао ми се чини, а овој 35 мин. уште не ги знае составите, уште бара бара бара таму, и во 40 мин. вика:
“А редно е сега и да ви ги кажам стартерите за двете екипи на овој меч“
:pos2:
 
"Једанајстерац господине судија , лепо вас молим ово је било једанајстерац."

Тој на ОБН збудале..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom