- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.602
- Возраст
- 37
Друже се измеша, како сум јас контрадикторен со мислењата? Да, го бранам Реал зашто ти го нападна, не го бранам во поглед на наградите и манифестацијата. Стварно ми е гајле дали Бензема ќе го изберат или не зашто тоа не е успех на Реал туку успех на Бензема. Си се израдував јас како фан на Реал со титулите што го донесоа Бензема да биде во конкуренција за наградава, како ти што си се израдувал како фан на Аргентина за титулите што Меси ги освоил кои го донеле да ја освои наградава.
Али ова е како фан на Аргентина, не Барса, а Аргентина и Реал немаат апсолутно ништо заедничко.
Меси и Реал немаат апсолутно ништо конкурентно, ниту имаат некаков ривалитет.
Затоа и ми е гајле за наградава и за Меси, зашто ова нема никаква врска со Барса, а ако некој ми ствара причина за нервоза тоа е Барса, а не Меси и Аргентина.
На пример сега во четврток, доколку Реал изгуби ќе се напнам и изнервирам.
Ова пробувам да ти го објаснам, што успехов на Аргентина и Меси не е победа врз Реал и нивните фанови.
Нешто што упорно и упорно пробуваш да го протнеш, со глупостите како светот ќе зборел за Меси, а не за Реал.
Цела година нека зборат за Меси, немам проблем со тоа, Реал нека нижи титули како што тоа и го прави па колку сакале они нека зборат за Меси.
А од кога бе ти батко им веруваш на медиумите и ги зимаш нивните пренесувања без резервно?
Па минатата недела кога медиумите пренесуваа дека Барса исплатиле 1.4 милиони евра на фирмата на вториот човек на шпанскиот комитет за судии, ти викаше дека тоа се медиуми и тоа им е работа да пренесуваат.
Ама сеа кога е Реал во прашање, што кур, ќе им веруваме на медиумите нели?
Се ви се врти околу Реал, тоа е, факт што ненормално многу ве боли.
Дури и замислени борби, кои што немаат никаква допирна точка со Реал, пробувате да ги претставите како победа против Реал и фановите на Реал.
Не е спорно дека си се израдувал на успесите на Реал и јас на Аргентина. Таман работа, во ред е тоа. И Бензема да ја добиеше наградата мене немаше да ми биде гајле. Битната работа се случила, Аргентина е секако светски првак.
Целиот муабет е дека тврдите цело време дека не ви е грижа за светската титула на Аргентина а во реалноста се гледа дека не е така. Не викам дека баш на сите фанови на Реал им е криво ама кај огромен дел е така. Тоа се гледа на форум, на социјални мрежи, при секојдневни разговори со фанови на Реал... Масовно се навива против Аргентина ради таа одбивност кон Меси. И тоа не е ни чудно. Најдобар играч во историјата на ривалскиот клуб е и најомразен лик меѓу фановите на Реал. Муабетот е дека кога Аргентина потфрлаше повеќето реаловци не ја криеја радоста за тоа, а сега демек не било битно тоа, не им значело ништо... Едноставно, не сме од вчера.
А за мене лично, ако осеќав дека наградиве од синоќа се триумф над навивачите на Реал, ќе го пишев тоа уште вчера. Наместо тоа, никаде не го споменав Реал во првиот пост. Да, денес го боцнав Дани, ама од истата причина дека ако 5 фанови на Реал не се замараат со наградиве, 50 се замараат. Преочигледно е тоа и ми е по малку и смешно што пробувате да го негирате.
Автоматски споено мислење:
Тука е проблемот, Барса е веројатно еден од малкуте ако не и единствениот клуб во моментов, каде фановите се пред се фанови на Меси а потоа фанови на Барса, затоа неможат да разберат како фановите на Реал не ги интересира доколку Меси освои трофеи/титули со клуб што не е Барселона или доколку не е против Реал.
За твоја информација јас навивам за Барса од 1997 година и ќе навивам и во иднина. А Меси дебитираше во 2004.
По твоја логика, сега требаше да навивам за ПСЖ. Не само што не е така, туку и не ми е грижа за тој клуб.