Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Друже се измеша, како сум јас контрадикторен со мислењата? Да, го бранам Реал зашто ти го нападна, не го бранам во поглед на наградите и манифестацијата. Стварно ми е гајле дали Бензема ќе го изберат или не зашто тоа не е успех на Реал туку успех на Бензема. Си се израдував јас како фан на Реал со титулите што го донесоа Бензема да биде во конкуренција за наградава, како ти што си се израдувал како фан на Аргентина за титулите што Меси ги освоил кои го донеле да ја освои наградава.

Али ова е како фан на Аргентина, не Барса, а Аргентина и Реал немаат апсолутно ништо заедничко.
Меси и Реал немаат апсолутно ништо конкурентно, ниту имаат некаков ривалитет.
Затоа и ми е гајле за наградава и за Меси, зашто ова нема никаква врска со Барса, а ако некој ми ствара причина за нервоза тоа е Барса, а не Меси и Аргентина.
На пример сега во четврток, доколку Реал изгуби ќе се напнам и изнервирам.
Ова пробувам да ти го објаснам, што успехов на Аргентина и Меси не е победа врз Реал и нивните фанови.
Нешто што упорно и упорно пробуваш да го протнеш, со глупостите како светот ќе зборел за Меси, а не за Реал. :D
Цела година нека зборат за Меси, немам проблем со тоа, Реал нека нижи титули како што тоа и го прави па колку сакале они нека зборат за Меси.

А од кога бе ти батко им веруваш на медиумите и ги зимаш нивните пренесувања без резервно?
Па минатата недела кога медиумите пренесуваа дека Барса исплатиле 1.4 милиони евра на фирмата на вториот човек на шпанскиот комитет за судии, ти викаше дека тоа се медиуми и тоа им е работа да пренесуваат.
Ама сеа кога е Реал во прашање, што кур, ќе им веруваме на медиумите нели?

Се ви се врти околу Реал, тоа е, факт што ненормално многу ве боли.
Дури и замислени борби, кои што немаат никаква допирна точка со Реал, пробувате да ги претставите како победа против Реал и фановите на Реал.

Не е спорно дека си се израдувал на успесите на Реал и јас на Аргентина. Таман работа, во ред е тоа. И Бензема да ја добиеше наградата мене немаше да ми биде гајле. Битната работа се случила, Аргентина е секако светски првак.

Целиот муабет е дека тврдите цело време дека не ви е грижа за светската титула на Аргентина а во реалноста се гледа дека не е така. Не викам дека баш на сите фанови на Реал им е криво ама кај огромен дел е така. Тоа се гледа на форум, на социјални мрежи, при секојдневни разговори со фанови на Реал... Масовно се навива против Аргентина ради таа одбивност кон Меси. И тоа не е ни чудно. Најдобар играч во историјата на ривалскиот клуб е и најомразен лик меѓу фановите на Реал. Муабетот е дека кога Аргентина потфрлаше повеќето реаловци не ја криеја радоста за тоа, а сега демек не било битно тоа, не им значело ништо... Едноставно, не сме од вчера.

А за мене лично, ако осеќав дека наградиве од синоќа се триумф над навивачите на Реал, ќе го пишев тоа уште вчера. Наместо тоа, никаде не го споменав Реал во првиот пост. Да, денес го боцнав Дани, ама од истата причина дека ако 5 фанови на Реал не се замараат со наградиве, 50 се замараат. Преочигледно е тоа и ми е по малку и смешно што пробувате да го негирате.
Автоматски споено мислење:

Тука е проблемот, Барса е веројатно еден од малкуте ако не и единствениот клуб во моментов, каде фановите се пред се фанови на Меси а потоа фанови на Барса, затоа неможат да разберат како фановите на Реал не ги интересира доколку Меси освои трофеи/титули со клуб што не е Барселона или доколку не е против Реал.

За твоја информација јас навивам за Барса од 1997 година и ќе навивам и во иднина. А Меси дебитираше во 2004.

По твоја логика, сега требаше да навивам за ПСЖ. Не само што не е така, туку и не ми е грижа за тој клуб.
 
Голмаништето од светски калибар што пред светското првенство во Катар никој не го знаеше освен фановите на Арсенал :
Screenshot_20230301_141920_Instagram.jpgScreenshot_20230301_141950_Instagram.jpg

Ама битно ние намерно сме го хејтале само затоа што Аргентина освоила светско и Меси освоил се.
 
Голмаништето од светски калибар што пред светското првенство во Катар никој не го знаеше освен фановите на Арсенал :
Прегледај го приврзокот 369634Прегледај го приврзокот 369635

Ама битно ние намерно сме го хејтале само затоа што Аргентина освоила светско и Меси освоил се.
Да не беше голмаништето сега Аргентина ќе имаа една звезда помалку на дресот.
Факт е дека е терсене табиет, ама да го оспоруваш Мартинез како голман и она што го направи на светското е стварно срамота.
 
Мартинез искочи како победник во две пенал серии (од која една е во финале) и ја имаше една од најдобрите одбрани евер во 120-та минута во финале на светско првенство. Позаслужено од ова тешко.
 
Изиграл еве утакмици на ниво и готово, најдобар. Куртоа цела сезона правеше чуда на голот, 500 милини одбрани имаше во нокаут фаза во ЛШ.
Ги распадна сам Ливерпул, ене ги подемотивиран тим не постоел.

Овие награди не се веќе никаков фактор, кој стигне гласа. Ене го нашиот капитен Ристевски за трет најдобар го ставил Алварез. Тој дали 10 утакмици вкупни изиграл во една календарска година, а го гласаат како најдобар.
Има еден куп што даваат глас, а од фудбал знаат само за Меси и Роналдо, така и се случија неколку незаслужени награди и на двајцата.
 
Нешто слично како Евровизија.
Само многу ми е јако кога ќе освои некој познат нешто, и тој мора да ја освои наградата, оти за Аргентина бранел.
Тоа е оправдувањето. Ама кога нема да освои ништо, е тогаш се сменува наративот... Абе знаеш како не освои ништо ама најдобар беше годинава.
 
Скроз исто. Плус цело светско го наместија, па за едни награди што останува.
 
Изиграл еве утакмици на ниво и готово, најдобар. Куртоа цела сезона правеше чуда на голот, 500 милини одбрани имаше во нокаут фаза во ЛШ.
Ги распадна сам Ливерпул, ене ги подемотивиран тим не постоел.

Овие награди не се веќе никаков фактор, кој стигне гласа. Ене го нашиот капитен Ристевски за трет најдобар го ставил Алварез. Тој дали 10 утакмици вкупни изиграл во една календарска година, а го гласаат како најдобар.
Има еден куп што даваат глас, а од фудбал знаат само за Меси и Роналдо, така и се случија неколку незаслужени награди и на двајцата.
Стварно незаслужено, да ја врати одма наградата Мартинез Абе само за одбраната на Коло Муани во финалето заслужи да му ја дадат наградата, пак ќе повторам најзаслужен за титулата на Аргентина.
Плус и во Вила е повеќе од солиден со оглед на тоа за кој тим брани. Не знам оти викате дека биле две утакмици.
 
Оваа одбрана во 120-та минута е веќе влезена во историја на светските првенства, момент што ќе се прераскажува со децении. Плус и онаа во финишот против Австралија, плус две пенал серии... Ама ете не заслужил пошто бранел во Астон Вила... :facepalm: Ниеден голман немаше толкав удел во една титула годинава како Дибу.

Што не го прави Куртоа послаб голман или нешто слично, далеку од тоа...
 
Да не беше голмаништето сега Аргентина ќе имаа една звезда помалку на дресот.
Факт е дека е терсене табиет, ама да го оспоруваш Мартинез како голман и она што го направи на светското е стварно срамота.
Како што кажа и сама, од се што направи вредно за титула е тоа што во 122 мин му го одбрани шутот на Коло Муани. Ваљда и баш заради овој потег ја доби наградата.
А каде се уште 364 дена во годината да покаже класа ?
 
Претходно излезе победник и во друга пенал серија, во копа не сум го гледала и затоа не можам да коментирам ама во Вила брани одлично, и таму имаше одбрани кои му донесоа победа на тимот, исто така и пенали има одбрането.
Едит Еве ти од пенал серијата во полуфиналето на Копа Америка, три пенали одбрани, три !
 
Последно уредено:
Жист Фонтен, лесна му земја.

Ја мислев дека одамна е меѓу мртвите.
Највише голови на светско (13, во Шведска 1958)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom