Па не мислам дека ова би го сменило интензитетот на играта. И сега е исто, не гледаме 90 минути фудбал. Баш минатата сезона се сеќавам имаше некој натпревар кај што се играло под 40 минути. А пак седиш скоро два саати. Минорна промена ми е, скоро се ќе остане исто ама бар би ти гарантирале 60 минути игра.
А за помалце замор единствено решение мислам дека е помалце натпревари. Ама за жал се движат во спротивна насока. Еве во ЛШ ќе се игра повеќе, СП сакаат да има на две години. Можеби зголемување на составите и лимитирање на минутите кои еден фудбалер смее да ги изигра во текот на една сезона. Ама па и тоа е далеку од идеално и би донело многу компликации.