Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
10439431_284131121765472_8391215542671183841_n.jpg


сите шампиони на европа од оваа сезона.
 
Не сте свесни колку ќе се радувам за лиглево ако го тргнат од функција. Не дека тој што ќе дојде ќе биде подобар од него, ама овој е забеган во многу аспекти. Типично алчно француско лигле што неможам фацата да му ја поднесам. Му се ближи крајот, и него и Блатер.
 
Ајде Блатер барем не бил фудбалер, он си е преварант у душа. Ама Платини, не ми е јасен. Од легенда, еден од најдобрите светски фудбалери, наместо да работи на развивање на фудбалот, он седи у фотељата во сако, пантолони и вратоврска и измислува лудории....
 
Отсекогаш било така, ќе го окрка некој помал клуб(хинт: случајот со Победа Прилеп), колку да се рече дека работат нешто, а големите гиганти смеат да кршат секакви правила. :D
Ова па ФФП правило, чиста глупост испадна...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука за промена на правилото за офсајд, по кое дефанзивците на сите селекции ќе имаат уште поголема мака. Суштниски правилото за офсајдот (недозволена позиција на играч) не се менува, но има промена околу играњето со топката на дефанзивецот пред таа да дојде во посед на играч кој е во спорна ситуација.

Судискиот експерт Матео Беусан, своевремено долгогодишен судија и човек кој во хрватска е познат како „око соколово“ (емисијата на ХТВ за спорни ситуации) го објасни правилото кое ќе направи многу проблеми на претстојното СП

„ФИФА и УЕФА пред неколку месеци донесоа правилник според кој, секој свесен и намерен овид на дефанзивецот да ја одземе или да ја избие топката која е упатена кон противнички играч во офсајд, автоматски го деактивира офсајдот и тој играч е во регуларна позиција. До неодамна, офсајдот се поништуваше само ако дефанзивецот ја контролира топката и таа ја пренасочува противникот, но сега секој допир, освен случајните, без оглед дали ја контролира топката или не, ќе се поништува офсајдот“, вели Беусан.

Со ова дефанзивците сега ќе бидат на поголеми маки и од нив ќе се бара дополнителна концентрација, затоа што „најголемите виновници“ за лошите офсајд замки, сега стануваат уште поголеми виновници.

„Ова ги става дефанзивците во неблагодарна позиција. Тие и досега се главни виновници при такви голови, а сега изгледа дека попаметно е да ја пропуштат таа топка, затоа што во таков случај, играчот ќе биде во офсајд. Но, ваквите случаи тешко дека фефанзивец ќе ги препознае, затоа што не знае кој фудбалер е во офсајд, а кој не“, додава Беусан.
 
Ја очекувам ако останат претседателите на УЕФА исти у следните 30 години гол да важи ако биде даден само со стапало, бидејќи давајќи голови со други делови на телото го обезличнува FOOTball-от како спорт.
 
3 пати го читам ова и пак не ми е јасно.

Значи офсајдот нема да важи доколку последниот одбрамбен фудбалер намерно игра со топката? o_O

Па ја коа ќе ја избијам таа топка ме боли уво дали ќе свирне офсајд или не.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom