Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе одлука за промена на правилото за офсајд, по кое дефанзивците на сите селекции ќе имаат уште поголема мака. Суштниски правилото за офсајдот (недозволена позиција на играч) не се менува, но има промена околу играњето со топката на дефанзивецот пред таа да дојде во посед на играч кој е во спорна ситуација.
Судискиот експерт Матео Беусан, своевремено долгогодишен судија и човек кој во хрватска е познат како „око соколово“ (емисијата на ХТВ за спорни ситуации) го објасни правилото кое ќе направи многу проблеми на претстојното СП
„ФИФА и УЕФА пред неколку месеци донесоа правилник според кој, секој свесен и намерен овид на дефанзивецот да ја одземе или да ја избие топката која е упатена кон противнички играч во офсајд, автоматски го деактивира офсајдот и тој играч е во регуларна позиција. До неодамна, офсајдот се поништуваше само ако дефанзивецот ја контролира топката и таа ја пренасочува противникот, но сега секој допир, освен случајните, без оглед дали ја контролира топката или не, ќе се поништува офсајдот“, вели Беусан.
Со ова дефанзивците сега ќе бидат на поголеми маки и од нив ќе се бара дополнителна концентрација, затоа што „најголемите виновници“ за лошите офсајд замки, сега стануваат уште поголеми виновници.
„Ова ги става дефанзивците во неблагодарна позиција. Тие и досега се главни виновници при такви голови, а сега изгледа дека попаметно е да ја пропуштат таа топка, затоа што во таков случај, играчот ќе биде во офсајд. Но, ваквите случаи тешко дека фефанзивец ќе ги препознае, затоа што не знае кој фудбалер е во офсајд, а кој не“, додава Беусан.