Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Утре, со почеток од 12 часот, ќе се одржи ждребот за квалификации на ЕП во Франција 2016, на кое првенство за прв пат ќе учествуваат 24 репрезентации.
Пренос на Еуроспорт.
 
Нека паднат Германија , Данска , Норвешка , Финска и Сан Марино.
 
Дадете ја Англија бе, да одам да го видам Руни. :D
 
Добра вест:

Во квалификациите за Европскиот Шампионат во Фудбал 2016 нема да играме против ниту еден од нашите соседи.

Супер вест:

Ќе се тепаме со Шпанците, па барем ќе се фотографираат нашинците со Жерард Пике, иако се разбира, главната атракција ќе биде жена му Шакира. :D

Па белким ќе дојде со мажот и во Скопје, па ќе не части по некој настап во Универзална Сала, или Метрополис Арена, или СРЦ Борис Трајковски, или на Национална Арена Филип Втори Македонски.

http://kajgana.com/euro-2016-makedonija-kje-igra-protiv-shpanija-vo-c-grupata

Еуро 2016: Македонија ќе игра против Шпанија во Ц групата

23 февруари 2014

Текст: Д.П.

Македонија ќе биде во групата Ц и ќе игра против Шпанија, покажа жрепката во Ница за Европското првенство во 2016 година. Во жрепката учествуваа 53 репрезентации кои се надеваа на што поповолна група.

euro-2016-makedonija-kje-igra-protiv-shpanija-vo-c-grupata-172949.jpg


Покрај со Шпанија, Македонија во Ц групата ќе игра и против Украина, Луксембург, Белорусија и Словачка.

Погледнете ја целосната листа на групите за Еуро 2016:

Група А: Холандија, Казахстан, Исланд, Латвија, Турција и Чешка

Група Б: Босна и Херцеговина, Кипар, Андора, Велс, Израел и Белгија

Група Ц: Шпанија, Луксембург, Македонија, Белорусија, Словачка и Украина

Група Д: Германија, Гибралтар, Грузија, Шкотска, Полска, Република Ирска

Група Е: Англија, Сан Марино, Литванија, Естонија, Словенија и Швајцарија

Група Ф: Грција, Фарски Острови, Северна Ирска, Финска, Романија и Унгарија

Група Г: Русија, Лихтенштајн, Молдавија, Црна Гора, Австрија и Шведска

Група Х: Италија, Малта, Азербејџан, Бугарија, Норвешка и Хрватска

Група И: Португалија, Албанија, Ерменија, Србија и Данска.

Европското првенство во Франција ќе биде првото на кое ќе учествуваат 24 репрезентации. Директен пласман ќе обезбедат деветте победници на групите, второпласираните репрезентации во сите групи, како и најдобрата третопласирана селекција. Преостанатите осум репрезентации кои ќе го освојат третото место во групите ќе играа бараж, а четирите победници во баражот ќе изборат пласман во ЕУРО 2016.

Квалификациите ќе почнат во септември 2014 година, а ќе завршат во октомври 2015 година, баражите ќе бидат на програмата во ноември 2015 година.
 
Посебна тема ке се направи за квалификациите за европсково или тука да коментираме !?!?/
Босна,Србија и Хрватска супер групи имаат за да продолжат понатаму,Црна Гора и Словенија ке треба да се помачат малце повеке. За нас ке кажам само дека за еуро 2000 или за светското 2002 со луксембург одигравме 11-1 така да може да завршиме барем предпоследни ;)
 
Дур да почнат квалификацииве можеби ќе му текне на французов еден натпревар да се игра по 45 минути, па можеби и први ќе завршиме во група :icon_mrgr:
 
Семих Каја фер плеј потег на годината. На вчерашното дерби помеѓу Галатасарај и Бешикташ по еден дуел на Каја и противничкиот играч судијата Чакир покажа гол аут но турскиот дефанзивец призна дека тој последен играл со топката, за потегот доби овации од публиката а и честитка од главниот арбитар Чунејт Чакир (добро познат за фановите на Манчестер Јунајтед :icon_lol: )
 
Сопствениците на Шахтар и на Металист Харкив се у бегство, има таму интересни играчи за купување, ќе пропаѓаат клубовите.
 
Сопствениците на Шахтар и на Металист Харкив се у бегство, има таму интересни играчи за купување, ќе пропаѓаат клубовите.
Епа изглеа си имале дилови со Јанукович во поглед на tax evasion или што ти ја знам :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom