Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
https://www.facebook.com/share/p/1FrnftE4Cq/

Дарко Тасевски ја откри вистината за „Аферата Казан“ – измама што го шокираше Левски Софија

Поранешниот фудбалер, а денес помошник тренер на Левски Софија, Дарко Тасевски, по повеќе од една деценија ја раскажа позадината на скандалот познат како „Афера Казан“, кој во 2009 година го потресе бугарскиот фудбал и остави трага во историјата на клубот.

Сѐ започнало на 20 септември 2009 година, непосредно пред големото дерби меѓу Левски и ЦСКА Софија. Во клупското седиште пристигнал факс, наводно од рускиот гигант Рубин Казан, со кој било наведено дека клубот сака да потпише со четворица од најдобрите играчи на Левски: Дарко Тасевски, Живко Миланов, Зе Соареш и Јусуф Рабех.

Според пораката, трансферите требало веднаш да се реализираат за играчите да бидат регистрирани за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер, закажан за 29 септември. Претседателот на Левски, Тодор Батков, во тој период соочен со финансиски проблеми, одобрил четворицата фудбалери веднаш да отпатуваат во Москва, придружени од агент и претставник на клубот.

Но, наместо вистински преговори – следувала добро организирана измама.

„Веднаш ми се чинеше чудно. Добри бевме, но понудата изгледаше нереално – по 80.000 долари плата месечно за секој од нас. Кога стигнавме во Москва, не пречекаа луѓе во влечки и со црни Г-класи, без никакви клупски обележја. Сѐ беше сомнително“, раскажа Тасевски во подкаст.

Играчите биле однесени во некаква клиника, каде им земале крв и урина „за прегледи“, а потоа им било кажано да чекаат понатамошни инструкции од претставниците на Рубин.

„Чекавме цел ден – никој не дојде. Следното утро сфативме дека сѐ било лага. Немаше лет назад, па дури следниот ден се вративме во Софија. Тогаш дознавме дека изгубивме со 0-2 од ЦСКА, додека ние бевме во воздух“, додава Тасевски.
 
Аииии не го знаев ова :pos:

Права ганчовска работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom