Виртуелна Премиер лига
Дали некогаш сте посакале да почувствувате како е да се биде на натпревар од Премиер лигата без да платите прескапа влезница за натпревар? Со најновиот проект на Премиер лигата, ова ќе биде (виртуелна) реалност.
Челниците на Премиер лигата наскоро ветуваат воведување на нова технологија која ќе им го приближи англискиот фудбал на сите навивачи од целиот свет кои не се во можност да ги следат натпреварите во живо на стадионите низ Англија.
„Развиваме нова технологија со која ќе седнете пред екранот и ќе имате чувство како да сте на стадион. Ако ја свртите главата на една страна, ќе го видите левиот гол, а на другата ќе го видите голот на десната страна.“
„Ќе можете да одберете дали сакате да бидете на трибината со навивачите на Ливерпул на Енфилд или на стадионот на Астон Вила. Можеби ви звучи премногу напредно, но не е така. Виртуелната реалност е веќе тука“, изјави Ричард Скудамор, извршниот дирекот на Премиер лигата.
Според извештаите, компанијата Сони веќе работи на камерата со супер широк агол, а целата технологија вклучува неколку вакви камери кои ќе креираат панорамски поглед од секое ќоше на стадионите.
http://on.net.mk/sportal/fudbal/virtuelna-premier-liga