Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Немања Максимовиќ (момчето кое го постигна победничкиот погодок против Бразил во 118 минута):
,,Mојот татко ми забрануваше да тренирам фудбал, бидејки не бев добар ученик и често правев проблеми во школо. Ги мразев сите мои наставници освен оној по Спорт, на 14 години имав лоша повреда на коленото каде што речиси една и пол година не тренирав фудбал, мојот татко правеше се за да го замразам фудбалот и да станам добар ученик, бидејки секој ден ми велеше дека од фудбалот нема леб, тогаш сватив некои работи и мојата желба за фудбал одеднаш исчезна, но тоа кога му го кажав на наставникот по спорт едноставно полуде, ја плати мојата операција, секој ден после школо тренериавме заедно за да се вратам посилен, вежбавме во теретана, ми купи нови копачи сите потребни работи за тренинг, ми намести да играм за Лозаник, каде што поминав две прекрасни години, потоа потпишав за Црвена Звезда и сега сум на местото каде што тој сакаше да бидам, - да станам добар и голем фудбалер! Од се срце овој погодок и трофеј му ги посветувам на него.''
 
А мене татко ми ме отпиша од фудбал пошто имав 11 кеца у прво полугодие у средно! :tapp:

Татко ти ни ја скрати можноста да ја видиме Македонската У20 репрезентација светски шампиони. :place:
 
Јас коа тренирав фудбал у 5то одделение многу пеев и имаше деца шо ми се смееја ради тоа. Евентуално ми скурчи да ги слушам како ме замараат и се откажав. Не се каам.
 
Јас коа тренирав фудбал у 5то одделение многу пеев и имаше деца шо ми се смееја ради тоа. Евентуално ми скурчи да ги слушам како ме замараат и се откажав. Не се каам.

затоа сега нема да бидеш на филип втори на финалето на звезде гранда хехе
 
На Балканов сериозно треба да се ревидира кој се смее / не смее да има деца.
 
На Балканов сериозно треба да се ревидира кој се смее / не смее да има деца.
Ко за чудо професориве по физичко во Србија сериозно си ја сваќаат работава,сум слушал и за други вакви случаеви. Од таму веројатно и јаките младинци што ги имаат по сите спортови.
Од друга страна кај нас 6 професори физичко ми се имаат сменето и од лифчиња кладилница и на ви топка рогајте повеќе нема да видиш.
 
Знам, ЈБТ е ЈБТ :D
 
И низ маало се слушаат муабети, веројатно толку од Македонија Ѓорче Петров, клубот ќе згасне пошто немаат ќор денар.

Како бонус4е.

Цело раководство на ФФМ потекнува од клубот

Актуелниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски е поранешен фудбалер на Македонија Ѓорче Петров, а како тренер на овој клуб му ја донесе единствената шампионска титула во сезоната 2008/2009 година. Дел од тој шампионски тим тогаш беше сегашниот селектор на младинската репрезентацијата Благоја Милевски, а членот на Управниот одбор при ФФМ Серафим Димовски своевремено беше дел од управата на „лавовите“.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom