Искрено кога веќе решил да си отиде, мило ми е што тоа го прави во клуб од рангот на Јувентус. Едноставно човекот е роден победник, свесни бевме за тоа ние фановите на Реал уште во моментот кога потпиша за нас дека едноставно нема шанса играч со таков мајндсет да се пензионира во Реал. Ги сруши сите рекорди индивидуални со Реал, колку што он му помогна на Реал да освои титули толку и Реал му го овозможи истото со освојувањето на Златните Топки. Сега е време за нов предизвик во неговата кариера. Човекот нејќе да се предаде и на 33 години место да иде во Кина или Америка одлучува да отиде во клуб од рангот на Јувентус. Како и да е нека му е со среќа, не се ни сомневам дека ќе изгази во Јувентус, дури мислам дека ќе им помогне и да освојат ЛШ.
Не ни е сеедно, секој еден фан на Реал што вика "кој го ебе бе нека си иде, стар е, плачко е, нема веќе што да понуди" реално тоа го кажува од инат. Единствено Реал некако би излегол победник во ситуацијава ако успеат него да го заменат со Нејмар или Мбапе, не гледам друг играч (освен Меси) кој би можел да ги израмни бројките кои ги имаше Роналдо во Реал, за имапктот на играта не ни зборам, сеуште не се родил фудбалер со таков победнички менталитет и желба за победа.
Тоа е тоа, долго лето ќе го чека Реал после Светсково, не е лесно да се изгубат Зидан и Роналдо во ист трансфер период. Од следна сезона сигурно ќе гледаме еден поразличен Реал, дали подобар или полош ќе видиме, ја мислам второто.