Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
И без дресовите, уште кога имаше шпекулации за Ибра во Манчестер, се вртеше проектирана заработка за Ман Утд од реклами (не дресови) од него околу 30-35 милиони фунти. Реклами кои ќе ги снима со негови спонзори, процент зема клубот и реклами кои Ибра ќе ги сними со спонзорите на Манчестер. Ваљда не треба да напоменувам колку спонзори има клубот. Така да нека не ве чудат бројките, да не се заработуваа јаки пари од дресови, клубовите сами ќе шиеја материјал, немаше да организираат наддавања меѓу Најки, Адидас, Пума, ЊБ, Андр Армор итн.
Може не е таа сума од 70 милиони ама тек се презентираше новиот дрес, до крај на сезоната уште којзнае колку ќе купат. Убаво рече Ибра јас ќе ги извадам парите за Погба.
 
Па што е најтрагично и Џонтра спаѓа во таа багра ''местена е бајо мој''.
 
http://sportmax.mk/transfer-shpekulatsii-v-sabota-30-juli/

:pos::pos:

Манчестер Сити ја кажа својата последна цена за Џон Стоунз и најави дека повеќе нема да даде ниту едно евро. Сумата е 40 милиони фунти или 47 милиони евра.

Лерој Сања веќе в понеделник може да стане фудбалер на Манчестер Сити, пишува Bild.

Ливерпул не се откажува од плановите да го доведе играчот за врска на Спортинг Жоао Марија и ја даде својата најнова понуда – 42 милиони евра, со што полека се доближува до вредноста на откупната клаузула на овој фудбалер, која изнесува 60 милиони.

Арсенал, кој како да го преспива овој преоден рок, направи нов обид да дојде до Александар Лаказет од Лион. Претходната понуда изнесуваше 35 милиони евра и таа беше одбиена. Арсенал тогаш рече дека тоа е неговата последна понуда, но очигледно во некоја фиока најде дополнителни пари, бидејќи сега нуди 41,5 милиони евра.

Ако Арсенал го купи Лаказен и Ријад Марез, покрај веќе купениот Џака, тогаш пазарот и нема да му биде толку лош, но за тоа најпрво треба да ги купи првите двајца. Англиските медиуми тврдат дека на почетокот од следната седмица Марез ќе го облече дресот на Арсенал и дека тоа ќе го чини 44 милиони евра.

Брајтон го одби Њукасл за офанзивниот играч за врска Антони Нокара. Причината е смешна, барем така тврдат медиумите, односно Брајтон не знае која цена да ја побара и се плаши да не го даде преефтино.

Мидлсбро ја објави и својата осма летна аквизиција, а се работи за голман кој доаѓа од далеку, дури од Америка. Со Бред Гузан, така се вика голманот, е потпишан двегодишен договор.

Зинадин Зидан, според АS, сака да го засили центарот на својата екипа, па затоа му е потребен еден од овие двајца – Марко Верати од ПСЖ или Немања Матиќ од Челси. Зидан можеби ги сака, ама тоа не значи и дека ќе ги добие, бидејќи и ПСЖ и Челси не ги даваат овие свои фудбалери, а и се доволно моќни да ги задржат.

Андреа Ренокија, по враќањето од позајмицата во Сампдорија, ќе остане во Интер и тоа поради едноставна причина – човекот никој не го сака, дури ни сопствениот клуб, кој сега не знае што да прави со него.

Ѓенова и Зенит направија проста трампа. Во Ѓенова замина Кристијан Ансалди, а во Петербург дојдоа 4 милиони евра.

Сампдорија, пак, преку постот на инстаграм ги информираше сите дека во клубот пристигна Карол Линети. Кој е човекот, од каде дојде, колку го купи и колку ќе остане, не е наведено.

Младата надеж на Партизан Саша Лукиќ за 2 милиони евра се претвори во млада надеж на Торино.

Додека Арсенал размислува и полека ја зголемува понудата за Лаказет од Лион, како да пред себе има на располаѓање цел живот, во борбата за овој фудбалер влегува ПСЖ, кој парите ги троши многу послободно. Цела Европа ќе му се смее на Венгер, ако и во овој случај остане со прстот во уста.

Кои се овие легенди :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Мидлсбро ја објави и својата осма летна аквизиција, а се работи за голман кој доаѓа од далеку, дури од Америка. Со Бред Гузан, така се вика голманот, е потпишан двегодишен договор.
Некој дувал пред компјутер.
 
Вест Хем ќе донесе во своите редови Аргентинец. Не се работи за Лео Меси, ниту за Макси Лопез, туку за 22-годишниот Џонатан Калери од Депортиво Малдонадо.

А ниту ни за Рики Алварез.

Ко реклама од ТопШоп
 
Coke vo Schalke.Odlicen transfer.(y)Se gleda razlikata kaj sportskite direktori odma.
 
Андреа Ренокија, по враќањето од позајмицата во Сампдорија, ќе остане во Интер и тоа поради едноставна причина – човекот никој не го сака, дури ни сопствениот клуб, кој сега не знае што да прави со него.

Барем ова го погодиле :icon_mrgr:
 
Погба не е ни во Топ-5 најдобри CM у светот моментално а ќе кошта рекордна историска трансфер сума...

Тоа е денешниот пазар кој е отиден тотално у курац.

Денес се наплаќа потенцијалот и медиумската фама/атрактивност кој ја креираат агентите и новинарите.
 
Затоа и Баерн толку плати за Санчез. Смешни суми се ама јбг. Општо вредноста на парите е многу намалена па затоа по толку се плаќа.
 
Погба не е ни во Топ-5 најдобри CM у светот моментално а ќе кошта рекордна историска трансфер сума...

Тоа е денешниот пазар кој е отиден тотално у курац.

Денес се наплаќа потенцијалот и медиумската фама/атрактивност кој ја креираат агентите и новинарите.
image.png
 
Крос за Погба е фудбалски доктор во секој сегмент...и ниту една статистика неможи да го докажи спротивното...освен нормално ако ги немаш гледано па мора да користиш статистики
 
Крос за Погба е фудбалски доктор во секој сегмент...и ниту една статистика неможи да го докажи спротивното...освен нормално ако ги немаш гледано па мора да користиш статистики
Не можам да видам кој е оној последниот ама сите останати се научна фантастика за Погба. Овие се диригенти на терен и без нив екипата пропаѓа, а ваков диригент им фали на Манчестер. Остај ги што се палат на Погба, ќе видат и они за некое време дека Погба нема да ја подобри играта како што се очекува. Ќе има благо подобрување, ама нема да биде тоа тоа бидејќи фали играч како овие горе што се. Од кога се пензионира Сколс нема кој да ја диригира играта и тоа дефинитивно е најголем проблем, Керик го замени успешно ама само за една сезона бидејќи остаре, а и не е тој калибар како Сколс.
 
Реално Керик перфектно го замени Сколс и 5-6 солидни сезони изигра во Манчестер Јунајтед.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom