Јас на две утакмици во првата полусезона го имам начекувано да го гледам Кансело и беше многу еднодимензионален, незнаеше кај тера и во напад и одбрана. Но втората полусезона интерашите ептен го фалеа.
Сепак секој тим си има свој есап, само незнам што мислеле Интер кога ја договарале откупната клауза, испаѓа дека целта им било да го искористат на позајмица, да платат некој милион и свесни дека во никој случај нема да лупнат 40мил за бек. Или пак сметаат дека нема доволно прикажано за да го платат 40мил.
Јуве од друга страна финансиски се стабилни и можат да со дозволат ваков луксуз, ма да Квадрадо им е сличен играч, со тие пари можеа да прават ризик со Белерин кој сметам дека е поквалитетен од Кансело.