Фудбалски/трансфер дискусии

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.774
Поени од реакции
43.978
@ManUtdChampions , на крај пак ништо не кажа од тоа што ме интересира. :D Океј, Санчез ќе кошта многу, прашањето е како ќе се регулира дека еден од Барнли и Јунајтед, кои имаат ист селари кап и решиле да жртвуваат 20% од буџетот на овој играч, дека стварно овие ќе платат толку а не преку трети страни да внесат и бонуси за играчот? Тоа е првото.

Другото, точно дека цените растат со самите приходи на клубовите, впрочем и поради тоа ја започнав дискусијава. Што ќе се деси кога тој балон што се ствара од тв права, спонзорски договори па и приватни инвеститори ќе пукне? Односно, како ќе се заштитат клубовите ако продолжат по овој терк кога една лига би западнала во криза во краток период а клубот има мултимилионски и долгогодишни договори со повеќе играчи? Ако провериш, преку 80% од клубовите работаат во минуси и покрај толку приходи. Нема логика да издржи овој тренд на растење на цените уште долго време. Барем мене ми нема.
Па ваљда бар поголемиве пратат ситуација и знаат колку им е долга чергата. :D И тие потпишуваат спозорства на 5-10 години, така да од таа страна колку толку се заштитени. Освен тоа ако ти текнува Јунајтед потпиша со Адидас година и кусур пред да им истече договорот со Најк, што значи сигурно година ипол - две пред истек на спозорствата почнуваат со преговори за евентуално продолжување, со што ги гледаат вибрациите од таа страна и знаат во која насока ќе се движи фудбалот наредните години.

Околку муабетот за Санчез не знам тоа како би се регулирало. Да, можно е да измислат и бонуси од самите спонзори пример, што технички не удира на буџетот на клубовите, ама ваљда и тоа може да се забрани, бидејќи кој е Адидас да му дава на Санчез по 10 иљади фунти од постигнат гол. :D Освен тоа што нели со повеќе постигнати голови, фановите повеќе го сакаат и нарачуваат повеќе дресови од него, а со тоа добива и самиот Адидас. :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1499120185][/DOUBLEPOST]
Тешко дека може да функционира тоа со селари кепот у фудбалот, не можеш Киево и Реал Мадрид да ги поистоветиш, никогаш, во ниту еден Универзум. Да не зборувам за различните лиги, различни пари од ТВ права, спонзори итн итн.
И да стават селари никогаш нема да се поистоветат Киево и Реал Мадрид од проста причина што ќе биде доволно голем Реал да може пак да си прави Галактикоси, а Киево ќе плаќа едвај 15% од ограничената сума. :D
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
@ManUtdChampions , на крај пак ништо не кажа од тоа што ме интересира. :D Океј, Санчез ќе кошта многу, прашањето е како ќе се регулира дека еден од Барнли и Јунајтед, кои имаат ист селари кап и решиле да жртвуваат 20% од буџетот на овој играч, дека стварно овие ќе платат толку а не преку трети страни да внесат и бонуси за играчот? Тоа е првото.

Другото, точно дека цените растат со самите приходи на клубовите, впрочем и поради тоа ја започнав дискусијава. Што ќе се деси кога тој балон што се ствара од тв права, спонзорски договори па и приватни инвеститори ќе пукне? Односно, како ќе се заштитат клубовите ако продолжат по овој терк кога една лига би западнала во криза во краток период а клубот има мултимилионски и долгогодишни договори со повеќе играчи? Ако провериш, преку 80% од клубовите работаат во минуси и покрај толку приходи. Нема логика да издржи овој тренд на растење на цените уште долго време. Барем мене ми нема.
А зошто би се случил бродолом како прво и зошто би бил неантиципиран, а и непремостлив кога има доволно голем број спонзори и играчи на пазарот кои би влетале во случај на банкрот на да речеме Скај?

А тоа за порастот на цените е маргинална корисност, приказната со сендвичите и корисноста. Ако си мртов гладен, а трговец ти нуди сендвич по цена на отсечен прст, ќе прифатиш сакаш-неќеш. Е, ама кога ќе се заситиш од сендвичот ќе речеш не ти давам цел прст за уште еден сендвич туку пола, а на третиот или ќе заминеш да бараш друг трговец или ќе дадеш само нокт.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Тешко дека може да функционира тоа со селари кепот у фудбалот, не можеш Киево и Реал Мадрид да ги поистоветиш, никогаш, во ниту еден Универзум. Да не зборувам за различните лиги, различни пари од ТВ права, спонзори итн итн.
Зашто да не. Ќе ограничат 200 милиони евра за плати, Реал ќе ги потроши сите а Киево само 1200 евра. ;)
 
R

red.devil

Гостин
А зошто би се случил бродолом како прво и зошто би бил неантиципиран, а и непремостлив кога има доволно голем број спонзори и играчи на пазарот кои би влетале во случај на банкрот на да речеме Скај?

А тоа за порастот на цените е маргинална корисност, приказната со сендвичите и корисноста. Ако си мртов гладен, а трговец ти нуди сендвич по цена на отсечен прст, ќе прифатиш сакаш-неќеш. Е, ама кога ќе се заситиш од сендвичот ќе речеш не ти давам цел прст за уште еден сендвич туку пола, а на третиот или ќе заминеш да бараш друг трговец или ќе дадеш само нокт.
Да знаев зошто, ќе го спасев Исланд друже. :) Многу арно не е на арно, барем не кога се работи за економија. Затоа ме интересира од каде експоненцијалниве инвестиции во фудбалов. Дури смешно станува од што е глупо.

А што се деси во приказната кога ќе ти се јаде а веќе немаш прсти? :)
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506

И мене ме интересира како функционира целиот финансиски ситем на фудбалските клубови и сакам детално(не Википедија) да научам како врти парата помеѓу спонзорите,тв куќите,фановите и самите фудбалски клубови...колкав е општо лимитот за трансфери и плати кои можат да се дадат?

Всушност пред да ја започниме дискусијата за Дортмунд и Тотенхем токму јас потенцирав дека не е можно една екипа да потроши(расход) преку 200 милиони во еден трансфер период без разлика колку приходи имаа на годишно ниво и колкави придобивки би имале од новите аквизиции..ама тоа што го напишав се базираше на оваа 2017 година што со прогресивната инфлација за 10 години 200 милиони евра ќе биди сума каде секој клуб ќе ги троши на мајтап..до кога ќе трае ова финансиско лудило никој неможи да претпостави,ама јасно е дека ако некој спонзор или тв куќа/медиум што и да е ги откажи правата тука се уште 5 други да ги откупат истите знаејќи дека фудбалот е златна кокошка за пари
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500

Доволно е само на линков да видиш колку кошта месечно да имаш Скај Спортс во UK http://www.sky.com/shop/tv/sports/ и ќе ти стане јасно се како иде со парите од ТВ правата, за парите од Адидас, Најк итн што ги земаат е веќе јасно.[DOUBLEPOST=1499122645][/DOUBLEPOST]п.с. А Манчестер Јунајтед па се има врзано и со Virgin Media (оператор како Близу, Телекабел) на Бренсон и натпреварите па ги препродава уште еднаш па сега ти види што се случува.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.214
Поени од реакции
18.345
@ManUtdChampions , на крај пак ништо не кажа од тоа што ме интересира. :D Океј, Санчез ќе кошта многу, прашањето е како ќе се регулира дека еден од Барнли и Јунајтед, кои имаат ист селари кап и решиле да жртвуваат 20% од буџетот на овој играч, дека стварно овие ќе платат толку а не преку трети страни да внесат и бонуси за играчот? Тоа е првото.

Другото, точно дека цените растат со самите приходи на клубовите, впрочем и поради тоа ја започнав дискусијава. Што ќе се деси кога тој балон што се ствара од тв права, спонзорски договори па и приватни инвеститори ќе пукне? Односно, како ќе се заштитат клубовите ако продолжат по овој терк кога една лига би западнала во криза во краток период а клубот има мултимилионски и долгогодишни договори со повеќе играчи? Ако провериш, преку 80% од клубовите работаат во минуси и покрај толку приходи. Нема логика да издржи овој тренд на растење на цените уште долго време. Барем мене ми нема.
Како добра паралела за последниов податок нека ти служи фактот дека речиси сите држави во светот работат со долг. Дали тоа значи дека светот ќе пропадне?

Се разбира дека не е исто, не ме сфаќај буквално, едно е држава, друго е приватна компанија како клубовите, но сепак не е страшно што повеќето како што велиш се во минус, се додека тој минус е одржлив на долга стаза и истиот служи за побрза раст и развој.

Веројатно на прашањето што го начна ние овде може да даваме максимум банални одговори и е претешко да се одговори едноставно. Никој не може точно да знае што ќе се случува во иднина, но сепак мислам дека ќе се воведе некоја посилна регулатива од смешното ФФП. Никогаш фудбалот во Европа нема да биде НБА, но дефинитивно ќе бидат преземени мерки за да се заузди малку работата. Сепак растот на цените покрај основните работи со кои може да се објасни (пример фактот што астрономските суми се само номинален раст, да се изразат релативно сумите во однос на минатото земајќи ги во предвид сите услови нема да биде толкава разликата), може да се додаде и дека сите дополнителни пари влезени во фудбалот немаат соодветен одговор од другата страна, а тоа е понудата на играчи пред се според квалитет. Тоа е нормално, бидејќи фудбалерите не се машини и не може да им се зголеми продуктивноста ако се користат подобри материјали, како што тоа е поедноставно кај машините. Овде тој процес е многу покомплициран.

За тоа дали ќе пукне балонот, искрено може да го очекуваме само кај посиромашните клубови во послабите држави или максимум кај помалите клубови од поголемите држави (што и не се случува толку ретко, земајќи ги како примери Парма, Портсмут, Херкулес, Ренџерс). Големите риби тешко дека може да бидат зафатени.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Да знаев зошто, ќе го спасев Исланд друже. :) Многу арно не е на арно, барем не кога се работи за економија. Затоа ме интересира од каде експоненцијалниве инвестиции во фудбалов. Дури смешно станува од што е глупо.

А што се деси во приказната кога ќе ти се јаде а веќе немаш прсти? :)
Фудбалот е бизнис како и сите други бизниси и индустрии и не мислам дека може да се споредува со банкарска или државна економија. Природно е секој производ и секоја индустрија да има животна крива во облик на отпрервртено V. Фудбалот сеуште се качува до врвот на тоа Ве, а кога и дали воопшто ќе почне да паѓа, ваљда ќе можат барем топ аналитичарите да предвидат и да не биде тотален колапс, туку мирно да се намали или згасне индустријата.
Вложувањата ќе бидат одржливи и ќе се оплодуваат се додека се "продава" фудбалот. Кога ќе падне побарувачката ќе паднат и инвестициите, секако доколку не се воведе иновација која ќе ја дуплира потрошувачката. Секако, има можност и да остане вечно побаруван и вечно исплатлив фудбалот. Иако се мал број таквите индустрии, со добри иновации, може и да се постигне тоа.

Малку збркано склопив вака од телефон, ама ваљда ќе ме разбереш.

А, за сендвичите, маргиналната корисност е секогаш опаѓачка, така да со секое користење на еден производ твојата желба да го купиш и корисноста што тој ќе ти ја донесе се намалуваат, што во примерот би значело дека, како што пишав или трговецот ќе ти ја намали цената или нема да купиш следен сендвич бидејќи корисноста не одговара на цената. Ова го искористив како метафора на "очеш-нечеш" принципите на денешните трансфери. Клубот ќе ги продаде сендвичите само по онаа цена по која смета дека ќе може да замине од пустината и да си купи сендвич кога eventually ќе огладне. Дали клубот купувач ќе купи сендвич зависи од корисноста што ја очекува и дали таа вреди за цената.
 
Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Проблемот во фудбалот е тоа што го напомена Мондоико дека средствата што се вложуваат за производот со финансискиот раст неможат да имаат идентичен резултат во поглед на барањата со оглед дека во фудбалот како индустрија се работи со живи суштества и фудбалерите не се роботи па да се апгрејдуваат туку ќе си останат такви какви што се(човечки суштества) па затоа во денешно време ни е чудно што за просечни англиски играчи се даваат 30 милиони фунти од страна на Евертон и 50 милиони фунти за Стоунс од страна на Сити.

Додека во другите индустрии можиш да калкулираш со нов дизајн,нов избор,нова пософистицирана машина, итаканатаму.....за да се зголеми продажбата и обртот да се продолжи
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ама додека има гледаност, ќе има интерес, ќе има и пари, просто е. Не ви треба иновативност, не знам што ве буни толку. Спортот е забава за масата на луѓе, фудбалските клубови се сега сѐ само клубови не, станати се корпорации како Shell, Morgan Sachs, IKEA, да живееа само од парите од премии од лигата и УЕФА платните списоци одамна ќе требаше да им се преполовени. Можеби фудбалерите како човечки створења нема да се апгрејднат ама забележувате дека како што одминува времето само изнаоѓаат различни начини клубовите а и самите играчи да се спонзорираат, како и да се напомене фактот дека секоја година има барем по еден "фаца" фудбалер кој крева џева а со тоа провлекува спонзорства и финансии. Кој формира клубови по странство, втор наоѓа агенти, трет копа спонзорства од којзнае каде, четврти зел да го рента стадион на рагби екипи...

Нема теорија ова да пропадне, напротив, како што гледаме дека се повеќе пари навлагаат, уште повеќе ќе раснат цените а ограничување на никого не би му одговарало. Чекајте, Арапите влегоа, сега полека влагаат се повеќе и американски фирми на пазарот (Man Utd со Uber, Fox Network, Ливерпул со New Balance, кокошките беа со Under Armour итн.)

Колку што Ф1 "пропадна" кога почнаа да ја шират по други континенти (читај источниот свет), толку и ова.
 
Иновативност во смисла на анимирање на веќе придобиените, а донекаде заморени потрошувачи и привлекување на нови, еве на пример воведување видео технологија(што би натерало некој што пцуе по судии да почне да верува во правичност и активно да следи), снимање со спајдер камера што дава скроз нова димензија на преносот, воведување нови натпреварувања ко Куп на конфедерации, ете наскоро и светско со 48 репрезентации итн.

Во блиска иднина нормално нема бегање од доминацијата на фудбалот, ама еве за 300 години отсега, не гледам зошто не би излегло нешто што барем би го предизвикало денешниот статус, ЛОЛ/Дота, гладијаторски игри во виртуелна реалност или пак потполно нов атомски/вселенски фудбал како еден цртан филм на времето, против вонземјани кај што се натпреваруваа.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
И мене ме интересира како функционира целиот финансиски ситем на фудбалските клубови и сакам детално(не Википедија) да научам како врти парата помеѓу спонзорите,тв куќите,фановите и самите фудбалски клубови...колкав е општо лимитот за трансфери и плати кои можат да се дадат?

Всушност пред да ја започниме дискусијата за Дортмунд и Тотенхем токму јас потенцирав дека не е можно една екипа да потроши(расход) преку 200 милиони во еден трансфер период без разлика колку приходи имаа на годишно ниво и колкави придобивки би имале од новите аквизиции..ама тоа што го напишав се базираше на оваа 2017 година што со прогресивната инфлација за 10 години 200 милиони евра ќе биди сума каде секој клуб ќе ги троши на мајтап..до кога ќе трае ова финансиско лудило никој неможи да претпостави,ама јасно е дека ако некој спонзор или тв куќа/медиум што и да е ги откажи правата тука се уште 5 други да ги откупат истите знаејќи дека фудбалот е златна кокошка за пари
https://youtu.be/rp36kvxvTYU[DOUBLEPOST=1499155203][/DOUBLEPOST]
Тешко дека може да функционира тоа со селари кепот у фудбалот, не можеш Киево и Реал Мадрид да ги поистоветиш, никогаш, во ниту еден Универзум. Да не зборувам за различните лиги, различни пари од ТВ права, спонзори итн итн.
Нема да функционира од аспект на заработката на клубовите, бидејќи Реал ќе прави пари од мерчендајз, тв права, спонзорства итн, но од друга страна ако Киево има или пак направи солидна екипа ќе може да си ги задржи играчите со тоа што ќе им понуди иста или повисока плата од Реал.
Сега можеби компарацијата со Киево е неумесна, ама пример ќе се намали разликата во топ 5 клубови од првенството.
Нема Наполи и Рома да им бидат шопинг мека на Јувентус, или пак Валенсија и Севиља на Барселона и Реал.
 
Последно уредено:

Макед0нер

Red Devil
Член од
7 март 2012
Мислења
759
Поени од реакции
642
BREAKING: @SevillaFC say they have reached an agreement to sell midfielder @Iborra_Vicente to @LCFC[DOUBLEPOST=1499159886][/DOUBLEPOST]Swansea defender Kyle Naughton has signed a new contract with the club [BBC]
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom