Фудбалски трансфери - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Па јеботе несте на ниво на торлаци да наштелувате автоматски гугл превод на македонски ! Јас знам англиски,француски течно,што не ми е проблем и на тоа да наштелувам :pos:;) Џони батали го,минато е
Вистинскиот Македонец зборува само на Македонски ! ( патриотизам на најјако ) :D
Да не бидам офтопик сега, има нешто конкретно за Елмас ? Јас мислам дека најдобро за него е во Севиља да оди, Шпанија > Анлија > Италија шо се однесва за него. Милан или Интер ќе се упропасти, поготово Интер, да не ме сватат погрешно навивачите, ама гледаме како завршуваат талентите таму, и Меси да оди во Интер ќе заборај фудбал да игра :D
 
Mислам дека од Милан чека понуда.
У емисија го рчнаа на 1Тв,као демек татко ти у музеј на Милан,значи таму дефинитивно ....Он одговори,дека татко му како личен човек,отишол да види шо понуда имало од Милан,разговор меѓу нив ..... Понуди има од Севиља,Тотем,Наполи .....

Многу чудно ми е што Германија и Франција буквално нема интерес од клуб ....:confused::confused::confused:
А далеку подобро од Англија средини,зошто у Англија физички ќе му ја ебат мама и прегорат време и простор ....Треба да оди у Лига,искрено Шпанија или Италија е најсупер за почеток..... Димитриевски и Барди имаат ефект ..... У Италија,ако го собере Интер или Наполи,супер ќе му легне атмосфера
 
кажав доколку го земат само Сане. Не дека Сане е ништо посебно. Гледам и подолу си пишал дека не сум ни информиран толку знам така нешто. Друже Баерн повеќе не е фаворит за ЛШ ни до полуфинале да стигне. Толку. Наредна бундес зема Дортмунд фала богу а првиот дебакл ке не снајде сега во Август во суперкупот. Баерн нема играчи. Мене не ми е јасно како уште и коментираш и на што треба навивач на Баерн Минхен да се надева на следната сезона ДОКОЛКУ не се купат 5-6 играчи. Еве Кабак слушам бил се поблиску до Баерн. Зарем не е смешно какво срање од управа па до тренер па до спортски директор имаме. И да третото засилување шо си го пишал да не мислиш на Арп овој од ХСВ што дојде. Бре бре...
 
Ај ја пак со Баерн да не бидам погрешно сфатен ама не ми е јасна трансферполитиката досега со оглед што Хенес на ТВ емисија пред некој месец кажа дека ќе сме се чудиле кого веќе имале земено. Ок.

Ја гледам само, дека со Хамес, Рибери, Робен, Рафиња, Хумелс и Боатенг си одат јаки играчи и многу искуство. Хумелс беше даден без потреба а за Боа се знаеше дека ќе оди јавно му рекоа дека било подобро па сигурно е дека ќе си оди. Земаш Хернандез за 80м Евра. Ок, не е лош играч ама одбраната не беше најголем проблем и на старт тука даваш голем дел од летниот трансфер буџет. Плус Хернандез се враќа од повреда. Павард е земен за 35м ЕУР, надежен играч ама има уште муви да лапа а и искуство му фали. Да подсетам и тој беше дел од катастрофалниот Штутгарт и со тоа дел од проблемот. Го имаш уште одличниот Суле али и тој поред мене профитираше од Хумелс па сега Суле мора да ја води одбраната.

За Рибери и Робен нема сеуште замена, Левандовски исто така секоја чест цела кариера без повреди ама и и за него би било добро да се земе бекап. Баерн има моментално 17-18 играчи а ете да дојде до 25 им треба уште 7. Не ги гледам.

Вернер го сакаат ама нудат скромни 20м (а бараа за Хумелс 30 плус бонуси) тешко да се деси летово ако не оди кон 40м а и не е соодветен играч за Баерн. Одои нудеа 40м али тешко се повреди неизвесни е што ќе биде со него а и да дојт пола година нема да игра. Сане испод 100м ЕУР тешко да дојт а и само тој сам нема да ги реши проблемите. Родриго во Сити. Ете Кабал од Штутгарт можеби ќе го земат уште еден бек али далеку од квалитетот да му помогне Баерн на старт. Де Лајт и да дојде исто така бек. Бек по бек ќе закопаат 200м ЕУР за бекови а тука баш и немаа голем проблем. Бејл верувам имаат инетрес да го позајмат ама ми личи на Хамес 2 а и Бејл не сака да биде позајмен значи неизвесно и не трајно решение. Хаверц не го добија, Дракслер појавија интерес но тој сакал да остане ПСЖ а и да го земат не е некој убер-трансфер. Излезе шпекулација за Гундоган, кој знае дали ќе успее. И да успее пак крилата не се решени.

Има уште време али други клубови веќе средија доста трансфери и Баерн сигурно ќе го направи тоа но не ми личи на некоја долгорочна тактика туку ќе се земе тоа што е на пазар а тоа е далеку од планска стратегија. И на крај најголемиот проблем останува а тоа е Ковач како тренер.
 
65117267_2515498305340885_646988680853979136_n.jpg




:P:P:P :kezec::kezec::kezec:
 
Cе повеќе и повеќе информации има за De Ligt во Juventus
 
Ова е пишано чисто колку да се испоштува трендот шпекулации за играчи кои сакаат да се вратат во поранешните клубови.

Иначе, попрво би прифатил Барселона да игра една сезона во втора лига, отколку да го вратат лиглето Нејмар.
Единствено можам да го прифатам неговото враќање доколку наредна сезона Барселона освои ЛШ, а он да е клучен играч.
 
Пепе од Лил најверојатно ќе оди во Ливерпул, он кошта 70+ милиони, Кутињо би чинел над 100, не верувам Ливерпул да има толку пари, а и после таа сага со одењето не верувам да се толкави лигуши од управа да го бараат назад.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom