Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа ти е кога не си ни доволно писмен, ни начитан, а капак на се си и тешка глуперда, па ќе се излеташ со некој термин кој некаде си го слушнал со цел да се направиш паметен. На крај кога ќе се соочиш со некој нормален (што не е тешко, ни ретко) па малце ќе те подбери, ќе се обидуваш да се вадиш со некои селски финти.
 
Темава е за фудбал, не е за економија, ти како шалтерџија во банка би требало да знаеш што е.
Па фудбалот е поврзан со инвестициските фондови, не гледам во што е проблемот да дадеш објаснување. Не те прашав што е кариес 5ка или за нуклеарна физика.

П.с. Знам јас што е инвестициски фонд и како функционира, него ти сакам да објасниш пошо се праиш паметен а веќе еднаш наназад допре дно па да видам дали можеш и даље.
 
Епа кога знаеш, тогаш ти е јасно зошто зборам дека нема ништо чудно и преварантско во дилов со Арапиве ако фонд е место кај што богати чуваат дел од капиталот под гаранции да им биде им стане поголем. Како капиталов од 5% на Арапиве ќе им биде поголем во Clearlake ако со Челзи матат вода и исти играчи ги плаќаат два пати? Никако, затоа и нема логика.
Нема врска, нека сум допрел дно, битно на твитер пишува дека се е ова хајка против фудбалот и Јунајтед. Лоши Челзи.
Абе баш сакам да ги преземат Катар Јунајтед, само да видам како тогаш ќе пишуваат и дали ќе глумат вечито оштетени или ќе им годи кога ќе имаат богати газди, не дека до сега немаа, не дека не даваа пари ама сепак ете, нека бидат од друга страна на паричката, дали и тогаш ќе се вакви калимеровци ме интересира.
 
не дека до сега немаа, не дека не даваа пари
Па и не е баш така. Во секој случај, ме интересира како го поврза ова со Јунајтед и кој кажа дека било хајка против Јунајтед? Се отвори дискусија од одредени членови врз основа на одредени статии/твитови, никој никаде не го спомна Манчестер Јунајтед.
 
Па и не е баш така. Во секој случај, ме интересира како го поврза ова со Јунајтед и кој кажа дека било хајка против Јунајтед? Се отвори дискусија од одредени членови брз основа на одредени статии/твитови, никој никаде не го спомна Манчестер Јунајтед.
Во тимот ви играат Санчо и 100 милионскиот Ентони со една нога, така да поштеди ме дека не трошите и вие. Го поврзав со Јунајтед зошто Видук се прави паметен на темава, затоа. Џонтра си праша нормално пошто не знае ама @vidooq влечеше логички заклучоци. :LOL:
 
Не кажав дека не трошиме, факт е дека фрливме еден куп пари во вода, можеби и најмногу. Очигледно многу поголеми се проблемите кои ги има Јунајтед со раководството ама тоа е веќе друга тема. Да не навлегуваме и таму. xD
 
Епа кога знаеш, тогаш ти е јасно зошто зборам дека нема ништо чудно и преварантско во дилов со Арапиве ако фонд е место кај што богати чуваат дел од капиталот под гаранции да им биде им стане поголем. Како капиталов од 5% на Арапиве ќе им биде поголем во Clearlake ако со Челзи матат вода и исти играчи ги плаќаат два пати? Никако, затоа и нема логика.
Нема врска, нека сум допрел дно, битно на твитер пишува дека се е ова хајка против фудбалот и Јунајтед. Лоши Челзи.
Абе баш сакам да ги преземат Катар Јунајтед, само да видам како тогаш ќе пишуваат и дали ќе глумат вечито оштетени или ќе им годи кога ќе имаат богати газди, не дека до сега немаа, не дека не даваа пари ама сепак ете, нека бидат од друга страна на паричката, дали и тогаш ќе се вакви калимеровци ме интересира.
Види, работава е да собереш 2 и 2, ништо повеќе. Појдовна точка е дека Челзи ТРЕБА и МОРА да продава затоа што има премногу играчи и дава премногу пари за плати и остали ствари. Втора работа е што Саудијците имале удел во фондот што ги купи Челзи, како и да се викаше небитно. Трета работа е што одеднаш искачаат информации дека 3-4 играчи на Челзи ќе одат во Саудиска Арабија, буквално онака одеднаш без најави без ништо, и тоа не играчи како Азпиликуета што имаат 3904 години, него далеку помлади од него и таквите како него. Зијеч, Менди, Канте, ајде Кулибали е малце постар иако не е фосил. Do the math bro, што друго да ти кажам.
 
Има интересен текст на The Athletic на темава, од денес. Долг е, ако имате желба да го прочитате ќе ви го испратам во порака.

Настрана сето ова од вчера, ќе се задржам само на твојот пост. Од никаде (ајде, да речеме) се појави и саудијската револуција во клупскиот фудбал. Прв потегна нога Роналдо, па Бензема, па до септември којзнае кој ќе оди на печалба.

Ќе повторам, настрана останатото. Челзи пере пари, продава играчи кои не им требаат. Точно, играчи кои не им требаат, не продолжуваат договор, сакаат да променат средина.
Не дојде Ал Итихад со некоја ненормална понуда за Весли Фофана. Дојде за играчи кои веќе година дена се на излезни врати.

Зијеш требаше уште во јануари да оди во ПСЖ, нашите се посрамотија со документацијата и трансферот пропадна. Зијеш во Арабија ќе оди за околу 20 милиони. Зијеш и во Европа ќе одеше за таа цена отприлика. Плата како плата, ќе мораше да се прилагоди на тоа што извесен Милан би му дал во моментот. Како што и се случувало со куп играчи претходно.

Менди, исто. Година дена е незадоволен, бара нов договор. Има интерес од Италија, Шпанија, Монако и Ница. Менди би се продал во Европа на денешниов пазар за околу 20 милиони. Челзи сега од Арапите ќе добие отприлика толку.

За Канте сме и оштетени. Наводно сме понудиле нов договор, дошле Арапите и се предомислил. Останавме и без играч и без пари.

Сакам да кажам, не се цените нереални и пренапумпани за да Челзи во таа смисла нешто исползува. Плус-минус, тие се. Не постои шема.

И уште еднаш, баталете акаунти на Твитер и претпоставки. Челзи мора да продава за да се израмни ФФП, ама ситуацијата е далеку од драматична. Со продажба на Хаверц, Маунт и еве, Лофтус-Чик, Челзи е скоро избалансиран. Овие продажби во Арабија не им се нужни за да ги испеглаат сметките. Може да бидат само некој бонус, да се отарасиш од фудбалери кои не ги сакаш, а и тие тебе.

Иначе, инвестициски фонд е фонд во кој се инвестира. Ванчо Узунов на апарати.
Поздрав до емисијата.
 
Види, работава е да собереш 2 и 2, ништо повеќе. Појдовна точка е дека Челзи ТРЕБА и МОРА да продава затоа што има премногу играчи и дава премногу пари за плати и остали ствари. Втора работа е што Саудијците имале удел во фондот што ги купи Челзи, како и да се викаше небитно. Трета работа е што одеднаш искачаат информации дека 3-4 играчи на Челзи ќе одат во Саудиска Арабија, буквално онака одеднаш без најави без ништо, и тоа не играчи како Азпиликуета што имаат 3904 години, него далеку помлади од него и таквите како него. Зијеч, Менди, Канте, ајде Кулибали е малце постар иако не е фосил. Do the math bro, што друго да ти кажам.

Праша ли ти прво за дозвола да собираш 2 и 2...
Во тимот ви играат Санчо и 100 милионскиот Ентони со една нога, така да поштеди ме дека не трошите и вие. Го поврзав со Јунајтед зошто Видук се прави паметен на темава, затоа. Џонтра си праша нормално пошто не знае ама @vidooq влечеше логички заклучоци. :LOL:

Ништо не си разбрал од тоа што сум пишал. Компир.
 
Сакам да кажам, не се цените нереални и пренапумпани за да Челзи во таа смисла нешто исползува. Плус-минус, тие се. Не постои шема.
Постои, во тоа е “проблемот“. Едната работа е што Саудијците си промовираат добри и јаки играчи во нивната лига и спремаат терен за организација на СП, втората работа е што пеглаат сметки за Челзи, односно за тимот кај што имаат удел и тимот од кого земаат индиректно пари. Мислиш дека одеднаш и случајно никнаа шпекулациите за сите 3-4 играчи во ист ден? Интер замара пола месец за Кулибали, овие во 2 дена го спакуваа. Можеби цените не се пренапумпани за денешен пазар, ама моментот на продавање на играчите за Челзи е доста битен, не е исто сега да продадеш играч и во август. Башка, 100м за Канте кој 3 години нема играно фудбал... ахахахаха. Мислам ок, како фри агент оди ама сепак сумата е срамна. Го боли кур него секако си кешира и ќе си џогира до крај на кариера. Скромниот Канте што не идел со кола на тренинг него трчал според РАТМ мајка Тереза.
 
Каква врска има Канте со Челзи веќе? Канте е слободен играч и ние немаме никаква добивка од неговото заминување. Напротив, играч од кој можевме финансиски да ќариме, го остави клубот со празни раце.

Знаеш за колку пари наводно ќе е продаден Зијеш? За осум милиони. Осум. Милан ќе дадеше 15, сега или во август. Кулибали околу 20. Не само што нема полза, туку Челзи со овие продажби има и загуба во однос на ФФП, ако се испостават како точни сумите. :pos:

Интер замара и не сака пари да даде. На позајмица не добиваат играч. Не знаеме дали од пред тоа се преговарало, или наеднаш. Бензема и Невес од небо паднаа, исто. Не игра улога некаква тоа.

Уделот на PIF е 5 отсто и тоа не во Челзи, туку во Clearlake, кој не е целосен сопственик на клубот. Како да ти речам, не е многу значително. Бидејќи ако проверуваме крвни зрнца, ,,судир на интерес" кој и не е баш судир во потполна смисла, ќе пронајдеме во многу трансфери на топ екипи.

Ебате помошта од Арапите со потенцијални осум милиони за Зијеш. Патем, ФФП ни пегла Арсенал со 65+ милиони за Хаверц и ослободување на 200.000 + плата. И играчи од академија. Овие продажби ќе ни ослободат простор за некој Каиседо, можеби. Во меѓувреме, 30 милиони добиваме од Сити за Ковачиќ, еве. Сериозно сега мислиш дека некако зависиме од Арапите? :)

* вистина си е скромен бабушот, некое бубиче го скоро возеше. Сега после низа повреди и на 31 година, нека собере некој денар за анамата и децата, нека појде на аџилак да се исчисти, нека ужива едноставно, заслужил.
 
Последно уредено:
Види, работава е да собереш 2 и 2, ништо повеќе. Појдовна точка е дека Челзи ТРЕБА и МОРА да продава затоа што има премногу играчи и дава премногу пари за плати и остали ствари. Втора работа е што Саудијците имале удел во фондот што ги купи Челзи, како и да се викаше небитно. Трета работа е што одеднаш искачаат информации дека 3-4 играчи на Челзи ќе одат во Саудиска Арабија, буквално онака одеднаш без најави без ништо, и тоа не играчи како Азпиликуета што имаат 3904 години, него далеку помлади од него и таквите како него. Зијеч, Менди, Канте, ајде Кулибали е малце постар иако не е фосил. Do the math bro, што друго да ти кажам.
Кулибали, Менди, Канте, Ауба сите 30+, Зиех 30. Све млада младина упм. Проверете барем пред да пишете, 5 секунди е.

Do the math бро испаѓа отишол Боули и им кажал "Сакате 5 за 100?" и овие кажале "К".
Easy.
Не знам што е толку проблемот? Можеби дека на лесен начин се исфрла шлајмот во тимот а другите се мачите со такви играчи многу време.
Тешко ви е дека не им текна на вашите да ги продадат вака?
Дека ефективно се решаваат проблеми?
- ЛОЛ Не е дека не сме 12то место, ама барем се гледа светло на крајот на тунелот.
 
Епа на други клубови не им беше тоа дозволено бе затоа се реакциите, не знам што не сфаќате. Мене ме заболе цеф за Челзи искрено, што сакаат нека прават, ама Интер кога проба со Сунинг да го направи ова, поточно со Тешеира одма изреагираа Хелсиншки комитет, Стразбур, Хаг, Пентагон и сите останати и све живо стопираа. Можеби тие 5% што ги спомнува РАТМ се незначителни, ама па можда и се, не може со сигурност да знаеме. У принцип поентата е дека постои механизам преку кој може да се пеглаат финансиски ствари и тоа не е ок. И не знам зошто ми настапуваш со напаѓање кога не го окривив Челзи за ништо, само спомнав дека неслучајно 300 играчи ќе шутнат у Арабија, џабе РАТМ вика дека Роналдо повлекол нога, Бензема кур се тресе.
 
Кој реагираше кога Интер сакаше да продава? Бидејќи не гледам дека некој реагираше кога Лил му продаде играч на Милан. Сериа А, УЕФА?

Во случајов на Челзи, доколку постои основа треба да реагира Премиер Лига. Истата лига го чешлаше купувачот со месеци, знаејќи дека имаат Арапите мал удел. Дали антиципирале што ќе се случува, не знам. Но, би требало и да антиципираат, кога веќе зборуваме. Ги имаш Сити со Арапи, Њукасл, може просечен човек да претпостави каква тенденција ќе се развие и дека Арабија можеби ќе започне да си прави своја лига.

Ќе шитнат три играчи. Засега два повеќе од Јунајтед и Реал. Арапите го бараат и Брозовиќ, можеби и два повеќе од Интер. Што значи тоа?

Ковачиќ ќе се официјализира веројатно денес. Од Челзи во Сити. Треба да се истражува и овој трансфер? Сити директно му помага на Челзи?
Гледаш во какви бесмислици се влегува со секое поставено прашање, што вообичаено е знак дека сомнежот е само сомнеж, без никаква поткрепа.

Во меѓувреме, x2, бидејќи некои работи вешто ги избегнуваш/те:

Арсенал, Сити и Јунајтед ќе му соберат на Челзи скоро 150 милиони евра за Хаверц, Маунт и Ковачиќ.
И ќе му ослободат плати од околу 600.000 неделно.
Толку имам да кажам. :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom