Веќе 3 години го терам истииот муабет а и сеуште го мислам истото - Реал нема доволно пари да си го припушти Мбапе.
Претходните 2 лета ги немаше парите за да ја исплати откупната сума што ја бараше ПСЖ а сега веројатно ги нема парите кои и Мбапе ги бара за потпишување договор.
Народски кажано, Перез сакаше да го договори Мбапе - на лепе очи.
Успешнава резултатска сезона го фрли во втор план тоа дека и во Реал финансиската состојба не беше баш сјајна, односно финансиите расположливи за трансфери и играчи. Многу пари се насочени кон стадионот и цело тоа америчко брендирање. Мислам дека затоа уште ова лето Реал нема да е толку финансиски моќен како што сака да биде.
Сета еуфорија за доаѓањето на Мбапе ја створија всушност мегафоните на Перез, новинари блиски до него кои буквално беа платени да шират еуфорија за нов галактико (како во старите добри времиња) кога на клубот лани не му идеше резултатски.
Некоја пребогата понуда од страна на Реал кон Мбапе, се сомневам дека и имало. Имало веројатно некои вербални разговори со некои нацрт суми на кои Мбапе кажал - Да. Ама нешто конкретно мислам дека никогаш воопшто и немало.
За Роналдо и Хазард беа истите муабети, ама за нив уште месеци пред летниот рок се знаеше конкретно све, тука све беше на предвидувања.
И со ова некупување сега, Реал губи помалку отколку што изгуби во 2017 и 2018. Тогаш беше главниот пораз на Реал, кога Роналдо замина а не се доведе Мбапе. Тогаш Реал ги имаше прајм Модрич, Крос и Касемиро, тогаш немаше поддршка за Бензема и тогаш му беше нужен суперстар за да Реал го валоризира остатокот од шампионскиот тим и да продолжи доминација во ЛШ. За жал тогаш Зидан и Перез се решија за третата најголема превара во модерниот фудбал - Еден Хазард. (Првите 2 места се за Гризман и Кутињо, ако ве интересира).
Сеа веќе џуптиниве малку созреаа и научија фудбалски правила па се некаква поддршка, а тука се појавуваат и други достапни напаѓачи, кои ги немаше на пазар у 2018.
Сумарум, Реал мисалм дека никад не загриза финансиски за Мбапе како што треба или како што овој очекуваше. Дека он имаше желба да дојде во Реал - сигурен сум, затоа и го влечкаше непотпишувањето на новтио договор надевајќи се дека Перез ќе му даде задоволителна понуда (за негови услови). Али тоа веројатно не се деси и ете ќе остане у Париз, иако лично мислев дека ќе фати џаде во Ливерпул, Сити или Јунајтед.
Но, дур не официјализира никад не е завршено, сапуниците со шпанксите клубви и трансферите ваљда ве научија на тоа.
