Ако Пеп искешира 100 милиони за Грилиш, место да оди all in за Кејн, многу лесно може неговата кариера да отиде јужно. На таа позиција има играчи за извоз, Де Брујн, Гундоган, Марез, Фоден, Бернардо и тн. Грилиш не може и нема да понуди ништо повеќе од овие играчи, нема да внесе никаква новина во играта, а би била негова негова најскапа аквизиција досега.
Ако Пеп се реши да го купи Грилиш место Кејн (или Халанд како алтернатива) ќе направи огромна грешка и многу лесно може да се предвиди следната сезона. Најверојатно ќе освојат ПЛ, ама тоа секако не зависи од тоа дали ќе дојде Грилиш во Сити, туку дали клучните играчи ќе останат здрави, ама во ЛШ пак нема да има успех, затоа што кога ќе дојде во завршна фаза пак ќе треба да игра со лажен напаѓач или со Жесуз кој е плус играч за противничкиот тим. Пак ќе биде осуден на неуспех и пак наголемо ќе се зборува дека преплатува играчи без позначаен успех. Со право, затоа што 100 милиони за 26 годишен играч што досега играл во втора лига и само две сезони во ПЛ во просечен тим ќе е едно од најголемите преплатувања видени во фудбалов.
И не знам зошто се дискутира дали некој играч вредел толку или не. Слободен пазар, прашање на договор, може и Грилиш да вреди 100 милиони, може и Фирпо да вреди 40 милиони, ако има кој да ги плати. Ако Сити го купи Грилиш за 100 милиони, нема да биде тоа срам за Астон Вила, туку за Пеп и Сити.