Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Кутињо играше во Ливерпул, тим којшто се бореше за титула тој период. Ако не се лажам и стандарден топ4 клуб беа. Кутињо беше еден од најбитните поединци.


Пола 17/18 сезона Кутињо ја изигра во Ливерпул а другата половина во Барселона. Во Јануари го напраи тој трансфер.

17/18 во ПЛ
Total played14

Team of the week6

Goals7

Assists6

Big chances created7
Key passes2.9

17/18 во Ла Лига
Total played18

Goals8

Assists5

17/18 во ЛШ
Total played5
Started4
Minutes per game69
Team of the week2

Goals5
Scoring frequency69 min
Goals per game1.0

Assists2


Значи Кутињо пред да отиде во Барселона имал 5 гола на 5 натпревари во ЛШ и плус 2 асистенции, а 7 гола и 6 асистенции во ПЛ на 14 натпревари. И Тоа во клуб како Ливерпул, клуб што се борел за шампионска титула а не за опстанок или топ 10 финиш!
Огромна разлика. Никој не можел да претпостави дека ќе флопне батето во Барса коа во ПЛ беше ОДЛИЧЕН таа сезона, а исто и во ЛШ. Пак ќе напоменам, во Ливерпул, тим што се борел за титула а не во Астон Вила.

Знам дека и тука очекуваш табела.
За овој ни мајка му дома не знае зашто некој искеширал толку пари за него. Треба тој што го договарал трансферот да си посети стручно лице дефинитивно.

18/19
Total played26
Started21
Minutes per game67
Team of the week6

Goals15

Assists7

Big chances created12
Тука имаше 18-19 години некаде.
Сепак според мене малце преценет, но премногу млад талент и ризикуваа Атлетико. Сепак 19 години со 22 г+а на 26 натпревари (каде што просек му било 67 мин по натпревар).
Пристојна статистика. И тоа во Клуб што се бори за титула во Португалија.

И за овој знам дека очекуваш табела. Јбг, исунчана бета верзија на Грилиш. Чист просек. „Ама ама добар играч е“ без статистички да може тоа да се потврди. :D

Matches
Total played38
Started37
Minutes per game88
Team of the week8

Goals22

Assists11

Big chances created16

Во Франција, гледано по голови и асистенции
1. Мбапе - 40
2. Пепе - 33
3. Таувин - 24

И се тоа во Лил којшто се „бореше“ за титула. Т.е Обезбеди топ 4 лаганица. Значи реална борба за Европа. Е рачунај ПЕПЕ им беше Главниот играч на нив.
Како што можеш да приметиш.
Сеа тоа што Пепе не се покажа добро во Арсенал е веќе сосем друг муабет. Збориме за сезоните што им донеле Трансфер во подобар клуб а не за тоа како се покажале.

Иако сезонава Пепе во ПЛ
Total played29

Goals10

Assists1


ми се олади еспресото...



tl;dr Кутињо и Пепе беа лидери во екипи што во најмала рака се бореле за топ4/место во европа. И сезоната, баш пред да направат големи трансфери биле ОДЛИЧНИ играчи. Феликс беше млад талент којшто исто имаше одлична сезона на негови неполни 20 години.

Од друга страна тука ти е Џек Грилиш којшто на 26 години има

Total played26

Goals6

Assists10


И не дека држи вода баш муабетот.

Никој не знае дали Грилиш ќе блесне следна сезона и ќе им донесе Триплета на Манчестер Сити. Или пак можеби ќе биде флоп над флоповите. Правиме тука муабет за сезоните ПРЕД да се реализира трансферот.
Слободно сам напрај си ја разликата во бројките :)
Мислам еднаш ти пишав, и еве пак. Јас сум голем фан на статистига, ама престани секоја дискусија да ја тераш само со бројки како единствени аргументи, безвезе е.

Баш ништо не ми значат бројкиве, посебно па за Грилиш. Доволно е да го имаш гледано неколку пати за да знаеш каков импакт може да има на тимот и каков бум дополнително може да направи со подобри играчи околу него.
 
По кои параметри и статистики го донесе овој заклучок дека нема никаква споредба?
По очите што ги имаме, да пратиш ПЛ ќе си приметил ама очигледно не пратиш.
 
По кои параметри и статистики го донесе овој заклучок дека нема никаква споредба?

Нема зборови да ви објаснам колку е Грилиш подобар од Лаутаро. Подобра контрола на топката, подобар дриблинг, подобар преглед на играта, поголемо присуство на теренот, комплетен фудбалер.

Вие си гледате калчо и ви се чинат таму многу јаки играчите, јас кога гледам калчо се смеам колку е очаен фудбалот во Италија.
 
Мислам еднаш ти пишав, и еве пак. Јас сум голем фан на статистига, ама престани секоја дискусија да ја тераш само со бројки како единствени аргументи, безвезе е.

Баш ништо не ми значат бројкиве, посебно па за Грилиш. Доволно е да го имаш гледано неколку пати за да знаеш каков импакт може да има на тимот и каков бум дополнително може да направи со подобри играчи околу него.
Зашто влегуваш во дискусија со човеков кога ОЧИГЛЕДНО е дека не го разбира фудбалот.
Во секој можен муабет се повикува само на статистики и вади постови од Трансфермаркт, зашто нели, фудбалот е едноставна работа и треба да се гледа низ призма на статистика само.
 
По очите што ги имаме, да пратиш ПЛ ќе си приметил ама очигледно не пратиш.

Очите:
Giuseppe+Marotta+jzwHWVjBaInm.jpg
 
Лукаку беше изгубен Германец во Англија, дојде во Италија стана најдобар играч во првенството. Да дојде Грилиш да игра во Италија, ќе ви се види како второто доаѓање на Марадона.
 
Пресмешно е, не дека е смешно. Грилиш е многу покомплетен фудбалер од Лаутаро, нема никава споредба.
По кој основ тоа го заклучи објасни ми? Зошто тропате вакви глупости бе не ве сфаќам... Си го гледал Лаутаро некогаш?
 
Лукаку беше изгубен Германец во Англија, дојде во Италија стана најдобар играч во првенството. Да дојде Грилиш да игра во Италија, ќе ви се види како второто доаѓање на Марадона.

Може зашто имаше асален тренер сезонава, не некој изгубен германец ка Оле кој ни сам не знае како е тренер?
Хм?


Лаутаро е класа, минимум класа
подобар фудбалер од Грилиш, па побогу ми збориш подобра контрола на топка и дриблинг имал Грилиш од Лаутаро. Срам ми е да ја продужим дискусијава со тебе
 
Збориме за англиски играчи, англичани, и нивното преценување што од медиумите што од клубовите.

Епа се случува...
Значи да го тргнеме Стерлинг на страна пошто он веќе стекна искуство у Ливерпул, ниеден, повторувам НИЕДЕН англичанец до сега ги нема оправдано парите што се потрошени на негов трансфер а истиот да вредел над 40 милиони евра. Не постои таков.
И после се чудите коа гледаме со потсмев на таквите трансфери.
Не негирам, а и општо мислам не се негира дека се преценети англиските играчи секогаш и дека им е напумпана цената. Проблемот е што поради тоа пробувате да ги потцените, а тоа дека се даваат бар 20-30 милиони повеќе него што треба не значи дека не се јаки играчи.

Ок, не е Грилиш 100 милионски играч, ама не е ни под 70-80. Стварно е ептен јак играч со ненормален талент во нозе. На крај ако оди, ќе оди за толку колку што Вила си го цени. А пак ќе се навратам на тоа што пишав, ретко кој фудбалер прави трансфер за "реална" цена, сите си бараат максимум што може да извадат. Не ни можеме баш да збориме за реална кога нема точни параметеи по кои се одредува цената на еден фудбалер.

За Англичаните над 40 милиони, не се многу. Мегваер, Ван Бисака, Вокер, Стоунс и Чилвел. За првиве двајца секако се знаеше одма дека беа измолзени ептен високи суми, ама не значи тоа дека не ги бива. Двајцата си се добри за Јунајтед, иако Бисака е ептен ограничен бек. Вокер знам дека се хејта, ама супер им се погоди на Сити и освои милион трофеи како стартер. Стоунс ич не се снајде, ама еве сезонава играше одлично. Ако остане во Сити уште 5-6 години и игра вака, нормално дека ќе ги оправда парите на крај. Чилвел освен еден лош месец во кој целиот тим потфрли, супер се покажа во првата сезона и секако е рано, иако за мене веќе вреди, ама ако продолжи вака без проблем ќе ги оправда.
 
Може зашто имаше асален тренер сезонава, не некој изгубен германец ка Оле кој ни сам не знае како е тренер?
Хм?


Лаутаро е класа, минимум класа
подобар фудбалер од Грилиш, па побогу ми збориш подобра контрола на топка и дриблинг имал Грилиш од Лаутаро. Срам ми е да ја продужим дискусијава со тебе

Ти ако го имаш некогаш Грилиш гледано јас ќе рикам како магаре.
 
По очите што ги имаме, да пратиш ПЛ ќе си приметил ама очигледно не пратиш.
Дај факти бројки. Многу добар ти е овој аргумент по очите. Мора се признае. А плачеш ко мало дете дека немало дискусија.
Автоматски споено мислење:

Лукаку беше изгубен Германец во Англија, дојде во Италија стана најдобар играч во првенството. Да дојде Грилиш да игра во Италија, ќе ви се види како второто доаѓање на Марадона.
Никад Лукаку не бил изгубен Гермнаец во Англија. Најдобра сезона му беше по постигнати голови со Евертон. Ама битно да се збори од инат. По таа логика Бруно беше просечен фудбалер во Удинезе ама сега е Бог и батина во Јунајтед.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom