Грилиш е подобар од Лаутаро. Кога и да го имам гледано Интер, не многу ама доволно, никогаш не ми оставил впечаток, често е со потег плус и споро врзува пасеви и акции. Грилиш е многу брз и кога не иде презема иницијатива, иде на она старо 1 на 1 дриблање ама пребрз е, многу ретко некој може да го чува. И не само што е страшен дриблер, копиле е, брз е со пасеви и не мисли, често знае да игра и на прва и страшен шут. Плус игра во најдобра лига, физички најспремна лига и вади страшни преформанси додека Серија А е многу поспора. Што знам, вака кога ќе размислам, не ми се ни слични тип на играчи, не знам каква е оваа глупа дискусија.