Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто повеќе инфо ?
Иначе за Начо, Себаљос, Ваљехо, Родригез и Бејл се знае дека времето во Реал му помина и многу логично е после сезонава да го напуштат тимот. Иско/Модрич евентуално би биле продадени доколку го вратат Одегард. За Јович уште имам надеж али идиотот имаше други приоритети пред фудбалот така да воопшто чудно не би било да го шитнат експресно, али ќе видиме, мислам дека Маријано побрзо би го продале место него.
Регуилон не е воопшто потребен со оглед на тоа што на негова позиција играат Менди и Марсело. :)
Шпекулации се, мада мене ми се логични сите на листата. Иско нема место во овај Реал, а Модриќ е готов реално, толку се годините.
 
Kako sto rekov Falk samo se bruka. A izjavata na Henes sega po nekoj den ispagja malku glupa, los tajming.

Gesendet von meinem SM-G960F mit Tapatalk
 
Колку и да е финансиски моќен Јунајтед, 120 милки да ги искешираш во време на корона не е малце.
Од друга страна, Дортмунд цврсто си стојат на ставот дека нема да го продадат за помалце од 120 милиони.
Кој знае што ќе се случи, огромна штета ќе биде за Јунајтед ако го испуштат летово, зашто следното нема да бидат само они кои ќе бидат заинтересирани за Санчо.

Сакаат поголема уплата однапред и остатокот на рати а не бонуси.
 
Тешко дека ќе искешира Јунајтед 120 одеднаш, ниту пак мислам дека сакаат да лупнат таква сума.
Автоматски споено мислење:

Такефуса Кубо на позајмица од Реал Мадрид во Виљареал.

@Джонтра Вохохолта го заборавив овај од Ла Масија, веќе е лудница од играч, по двајца најмалце го чуваат кога ќе тргне, за жал Бартомеу беше доволно шлогиран да го пушти во Реал.
 
Погрешна претстава имаш за ликот изгледа.
Никогаш, никаде Романо не се претставувал како новинар што ќе споделува ексклузиви.
Ниту па луѓето што го следат и што го читаат, не очекуваат ексклузиви од него.

Романо си е новинар што споделува 99.99% точна информација.
Во оваа доба на интернет, кога секој што може да креира профил на твитер мисли дека е новинар баш требаат луѓе како Романо.
Зашто јас како фан на Реал, а претпоставувам истото важи и за Челзи, сам знам во текот на едно лето како Реал се поврзува со еден тон играч., најчесто мокрача информации кај што никој пат не се остварувале.
Тука е Романо за да се издвои од овие и тоа што ќе го напише има тежина, не го зимаш со доза на резерва.

Апсолутно ништо на никој нема да му значи ако некој грчки новинар пише дека некој дефанзивец од Олимпијакос ќе премине во Ливерпул, зашто тој грчки новинар не ми е релевантен, не го знам, може е click bait, може брат му е газда на Олимпијакос.
Тука се јавува Романо и го потврдува тој трансфер и знаеш дека тоа што го напишал тој грчки новинар е меродавно.

За изворите на информации дека ќе ги каже, мислам ни сам не веруваш во тоа. :D
Кој новинар би си ги кажал изворите од кај што ги добива информациите? Мислам нема никаква логика.
За информациите што ги потврдува од други медиуми, примети го во твитовите, секогаш во заграда има напишано од каде потекнува информацијата што ја потврдува.

Ова е истата работа за која и јас се согласувам во врска со него и ја пишав уште минатата недела.
Човекот плови во мирни води и за тоа е мајстор.

Поентата е друга, испишана во повеќе наврати претходно, не би сакал да се повторувам. Затоа што читате парцијално и не од почеток и испаѓа дека јас целосно го деградирам. Тоа не е точно.

А за тоа дека и јас не верувам дека би кажал извор и дека нема никаква логика, се извинувам. Теоријата друго вели. Информација без извор во новинарство е шпекулација.

Јас не знам, вие очекувате да каже ,,еј, луѓе јас сум рил дил, ексклузива, читајте ме". Секако дека не. Го прави тоа суптилно.
Не можеме да зборуваме за спектакуларно новинарство, доколку го читаме Мет Лоу, Данкан Кеслс, рандом просечен спортски новинар.
Можеме да зборуваме за спектакуларност, доколку некој користи големи букви при пренесувањето, користи впечатливи бои, емот-икони итн.
Изгледа наивно и безврска, но симболиката и формата преку која тој се изразува, го велат токму спротивното.
 
Тешко дека ќе искешира Јунајтед 120 одеднаш, ниту пак мислам дека сакаат да лупнат таква сума.
На сите им е јасно дека нема одеднаш да лупнат 120 милиони, циганчењето е сега колку ќе бидат сега, колку после кое таму време, што во бонуси( сон на Ед) и таќе! Уствари осеќам дека на крај Ед ќе лупне 90 милиончиња одма, ресто на пролет :cautious: Ќе бара 30-40 милонско засилување во средина или некоја варијанта со наш играч плус пари и Смолинг ќе си биде партнер на Мегваер;)
 
Е то е друго веќе, јас твитот го сфатив дека им бараат 120 кешарац :D
 
Interesni vesti od Dortmund :D nisto od gjupsko pazarenje.

Gesendet von meinem SM-G960F mit Tapatalk

Навивачите на секој нормален клуб се радуваат ако нивниот клуб победи некого или освои нешто. Навивачите на ФК Излог од Дортмунд се радуваат само ако нивниот клуб продаде некого поскапо.
 
Навивачите на секој нормален клуб се радуваат ако нивниот клуб победи некого или освои нешто. Навивачите на ФК Излог од Дортмунд се радуваат само ако нивниот клуб продаде некого поскапо.
Xexexexexexe

Gesendet von meinem SM-G960F mit Tapatalk
 
Ставро на апарати, нека го провери некој.

Тука сум, благодарам на грижата. Жив, здрав со исправен интернет. За разлика од некои други кои исчезнуваат по неколку дена, нема да ги именувам кои се, само ќе им го цитирам постот.
 
Секој поголем трансфер на Јунајтед во последниве години е по ист терк.
Се развлекува до вечноста и назад.
Целта ваљда сите знаете која е..ако не, ќе ви клиКне. :kafence:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom