Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па не е точно тоа? Дури и да рекол дека се ептен блиску до договор, може после да пропадне. Тоа не значи дека информациите му биле грешни.Фабрицио Романо рече дека е готова работа и дека останало уште да се договорат Јунајтед и Дортмунд (50:50 батка, јас сакам, она нејќе, муабетот). Избирам да му верувам нему, сепак.
Па не е точно тоа? Дури и да рекол дека се ептен блиску до договор, може после да пропадне. Тоа не значи дека информациите му биле грешни.
Фабрицио Романо рече дека е готова работа и дека останало уште да се договорат Јунајтед и Дортмунд (50:50 батка, јас сакам, она нејќе, муабетот). Избирам да му верувам нему, сепак.
Не знам зошто се споредува со Дембеле. Тој самиот побара трансфер, ако сега добијат 120 мил или Санчо почне да ги прави истите глупости ќе го продадат иако изјавија дека останува следна сезона.
Sent from my Mi MIX 2S using Tapatalk
Па одсекогаш си постирал информации за кои е сигурен, зошто би правел нешто поразлично и би ширел шпекулации доколку не му е потврдена информацијата? Никој не може да има баш ексклузиви ептен долго пред да биде постигнат договор. Тоа си е ризична игра. Може ќе му каже некој уште пола година унапред дека на пример Челзи ќе оди по Хаверц на лето, ама ако на крај се смени планот на клубот, во очите на сите фанови ќе испадне дека лажел, иако информацијата била точна.Информациите му се генерични. Логични работи, очекувани.
Ништо поразлично во глобала од извесен @EmenaloCFCForever. Едноставно човекот фино ги поврзува коцките, за тоа му симнувам капа. Би било уште пофино понекогаш да наведе и извор за тоа што го пишува, но добро.
И пилињата на гранките знаеја за Санчо и Јунајтед, месеци наназад.
Новинарски бард, нема што.
Па одсекогаш си постирал информации за кои е сигурен, зошто би правел нешто поразлично и би ширел шпекулации доколку не му е потврдена информациите? Никој не може да има баш ексклузиви ептен долго пред да биде постигнат договор. Тоа си е ризична игра. Може ќе му каже некој уште пола година дека на пример Челзи ќе оди по Хаверц на лето, ама ако на крај се смени планот на клубот, во очите на сите фанови ќе испадне дека лажел, иако информацијата била точна.
Јас мислам дека Ливерпул треба да искористи шанса и сега да го продаде Салах, додека може максимум да извадат на него. Салах за мене е малце преценет играч, мислам он си е топ нема збор тука ама за фамата шго се крева околу него не е баш до толку добар. Рецимо Мане е далеку покомплетен играч од Салах, сам го носи на грб нападот на Пул иако тоа низ бројки не може да се види, нема некои стравични статистики али сепак, прекомплетен играч за разлика од Салах кој прво и основно многу зицери промашува, а второ со топка е послаб од Мане, лош прв контакт има, слаба десна итн. Фирмино пак е најслаб од тројцата напред ама за системот на Клоп е идеален, така да од тука моето мислење дека треба да кешираат на Салах. Рецимо да начекаат некоја екипа на која инстантно и фали јак играч и немаат многу време за чекање па да ги одерат, ко со Кутињо што направија.Држи вода муабетот на Сладоледџија, баш Ферги има напишано у книгите дека една шампионска генерација држи околу 2-3 години, после се заситуваат.Затоа е многу битно цело време да се освежува тимоит и да се одржува конкуренција.Од предната тројка, мене Фирмињо ми личи како да е заситен, додека Салах се движи во таа насока.Мане е машинче и ќе трча, ама до кога.Затоа мислам да освежеше во форот со Вернер, друга приказна ќе беше за нареднава сезона.
Инаку Клоп прави чуда од она што му е на располагање, и во однос на финансии и играчки перформанси.Само да не му се деси последната сезона од Борусија кога издишаа, што мислам дека се должеше на горенаведеното, можда и да не беше така.
Не се смета за некој кој дава ексклузиви туку за некој кој споделува проверени и точни информации. Тоа што за гркот пишувале други пет дена, не значи дека не треба он да ја пише информацијата кога ќе ја има како сигурна. И со пишувањето воопшто не вика еј еве јас прв знам или нешто такво. Само си ги пренесува своите информации.Не се што ќе напише човек претставува информација.
Романо се поима како новинар-ексклузива. Кога ќе пише тој, пишано е. За да бидеш таков ков, ми треба нешто повеќе од работи кои можам да ги прочитам...најверојатно насекаде по интернет.
Не можеш тоа што е очигледно да го прикажеш како HERE WE GO, затоа што тоа само по себе носи и притисок да кажеш нешто ново, или да кажеш нешто повеќе за ситуацијата.
Не мора ново, не мора ниту да знае пет месеци наназад. Еве нека каже нешто поопширно за оваа општопозната ситуација.
Пет дена за Цимикас пишуваа сите грчки новинари, акаунти на Твитер кои имаат врска со грчки фудбал и се појавува бардот и споделува: ,,Луѓе, Цимикас во Ливерпул за 14 милиони".
Океј.
Истово го кажа за Обамејанг, Микитарјан, Пулишиќ, кој не веќе. Човеков не е за верување, ако се договорат околу сумата уште утре ќе го испрати по пошта.Ништо од Санчо во Јунајтед изгледа
Гринвуд прва постава, топ за фпл![]()