Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Траоре прифати и скоро цела сезона лани на клупа седеше во Волвс, така да за Ливерпул не е воопшто проблем :D

Ама кога сме кај него и АФКОН, што бидна, ќе настапува за Мали тој?
 
Траоре прифати и скоро цела сезона лани на клупа седеше во Волвс, така да за Ливерпул не е воопшто проблем :D

Ама кога сме кај него и АФКОН, што бидна, ќе настапува за Мали тој?
Лани за лани, али погубно е за 24 годишен играч да седи на клупа и да биде Шаќири или Ориги. Сезонава експлодира, мора да продолжи со првотимски статус, или некоја ротација
 
Се збори дека Ливерпул и ова лето нема да носи нови играчи, што значи дека трета сезона по ред ќе почнат со истиот тим (ок, само Минамино што го земаа во јануари), што е далеку од идеално, колку и да е јак тимот. Сити моментално исто се во зезната ситуација со банот, и не верувам ни они да се во можност многу да направат летово.
Поради тоа се отвара перфектна прилика за Челзи и Јунајтед да пробаат да ја намалат разликата во квалитет со првите два тима, па од следна сезона да имаме уште појака борба за титулата. Од Челзи засега има позитивни знаци за тоа еве, а ќе видиме и Јунајтед што ќе направат. Сигурно и они ќе ја искористат позицијата во која се за да потрошат тон пари на засилувања.


Од друга страна Арсенал и Тотенхем ќе се тепаат за Вилиан :icon_lol:

Челзи веројатно летово ги трошат парите од Хазард.
Незнам како се справуваат со кризава ама еве Ливерпул се одлучија да не идат по Вернер како што разбрав од финански причини.
Тотенхем побарал позајмица од 175 милиони, Арсенал исто е во тенка ситуација и не верувам да купуваат доколку не продаваат прво.

Незнам од каде другиве клубови ќе оправдаат 100+ милиони за трансфери кога годинава сите ќе ја завршат во минус.
 
Траоре прифати и скоро цела сезона лани на клупа седеше во Волвс, така да за Ливерпул не е воопшто проблем :D

Ама кога сме кај него и АФКОН, што бидна, ќе настапува за Мали тој?
Мислам за Шпанија дека игра.
 
Мислам за Шпанија дека игра.

Настапувше за младите селекции на Шпанија.
После тоа имаше муабети демек да бира помеѓу Шпанија и Мали, но не знам што се одлучи. Нема настап од тогаш за ниедна репрезентација.
 
Не, не. Требаше во Баерн да оди за да прогресира во кариерата како Павар, Суле, Лукас Ернандез, Горецка, Геце. На пример де.

Шурле беше многу добар во Челзи, се до појавувањето на болеста. Оттогаш (разбирливо) му отиде во надолна линија кариерата.

2020 година и уште некој споделува линкови од ,,Трол Фудбал" и некому тоа е смешно, јеботе.
 
Мала шала друже. Коинциденција, откако излезе веста дека се договори со Челзи, 2 утакмици со ред 2 пати цел гол го промашува, очекувано дека ќе има трол :D

 
Последно уредено:
Не, не. Требаше во Баерн да оди за да прогресира во кариерата како Павар, Суле, Лукас Ернандез, Горецка, Геце. На пример де.

Шурле беше многу добар во Челзи, се до појавувањето на болеста. Оттогаш (разбирливо) му отиде во надолна линија кариерата.

2020 година и уште некој споделува линкови од ,,Трол Фудбал" и некому тоа е смешно, јеботе.
Која болест :unsure:
 
Моментално во Сериа А :drk:

Силва во Милан, Кавани Интер, Мение Јуве и Курзава Рома.

Баш ме интересира Мение кај ќе заврши, солиден бек е и не е стар.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom