Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Се збори дека Ливерпул и ова лето нема да носи нови играчи, што значи дека трета сезона по ред ќе почнат со истиот тим (ок, само Минамино што го земаа во јануари), што е далеку од идеално, колку и да е јак тимот. Сити моментално исто се во зезната ситуација со банот, и не верувам ни они да се во можност многу да направат летово.
Поради тоа се отвара перфектна прилика за Челзи и Јунајтед да пробаат да ја намалат разликата во квалитет со првите два тима, па од следна сезона да имаме уште појака борба за титулата. Од Челзи засега има позитивни знаци за тоа еве, а ќе видиме и Јунајтед што ќе направат. Сигурно и они ќе ја искористат позицијата во која се за да потрошат тон пари на засилувања.

Од друга страна Арсенал и Тотенхем ќе се тепаат за Вилиан :icon_lol:
 
Ако Челзи реализира и 50% од проектираните засилувања, мислам дак се на прав пат да влезат во борба за титула!
Јунајтед од друга страна чудно се однесува досега( ха ха, кога не се однесувал така во последните 6-7 години)! Останува Погба, останува темпирана бомба во соблекувалната. Не поврзуваат со Санчо, а овој со сите сили пробува да се доближи до поведението на Погба и Хадсон Одои :facepalm: Засега повеќе личиме на сапунска опера отколку на сериозен тим, може е само навивачка резигнација од досегашните чекори! Видеќемо!
Кај иде Мурџо таму иде и интересот за Вилиан;), не ми е јасно Арсенал што ќе добие со евентуалното негово ангажирање?
Од досегашново, само Ливерпул и Челзи покажуваат знаци дека знаат што прават, без разлика лошо или добро. Останатите се како гуски у магла, некои од објективни, некои од неразјаснети причини.
 
А од кога ќе почне преодниот рок, играчи се договараат моментално, ама нема најава од кога ќе започне или јас не сум видел?
 
Се збори дека Ливерпул и ова лето нема да носи нови играчи

Не се збори ова, него се збори (после ова со Тимо) дека нема да има големи заслувања.
Е сега, според мене а и голем дел од фан база мора да се надополни на штоперска, лева бековска и средина пред се'. Јас сум убеден дека ќе купи некој ама што квалитет, којзнае. Плус, останува можноста Грујич, Вилсон и Брустер да бидат задржани и да добијат минутажа следна сезона.

Секако, ова е далеку од идеален трансфер период.
 
Пишав откако го видов ова. Не мора да е точно, нормално :D

20200606_072332.jpg
 
Пишав откако го видов ова. Не мора да е точно, нормално :D

Прегледај го приврзокот 254636

Од 20ти мај :)

According to the highly respected James Pearce of The Athletic, the uncertainty surrounding football’s immediate future means that ‘major’ transfer activity at Anfield is ‘unlikely’ this summer, including the club’s well-documented interest in RB Leipzig forward Timo Werner.
 
Ако Челзи реализира и 50% од проектираните засилувања, мислам дак се на прав пат да влезат во борба за титула!
Јунајтед од друга страна чудно се однесува досега( ха ха, кога не се однесувал така во последните 6-7 години)! Останува Погба, останува темпирана бомба во соблекувалната. Не поврзуваат со Санчо, а овој со сите сили пробува да се доближи до поведението на Погба и Хадсон Одои :facepalm: Засега повеќе личиме на сапунска опера отколку на сериозен тим, може е само навивачка резигнација од досегашните чекори! Видеќемо!
Кај иде Мурџо таму иде и интересот за Вилиан;), не ми е јасно Арсенал што ќе добие со евентуалното негово ангажирање?
Од досегашново, само Ливерпул и Челзи покажуваат знаци дека знаат што прават, без разлика лошо или добро. Останатите се како гуски у магла, некои од објективни, некои од неразјаснети причини.

Дури и да не се зајакнат Ливерпул и Сити, а на вториве да им остане банот, не може баш тукутака Челзи да биде од следна сезона конкурент за титула.
Ако се остварат некои од трансфериве, дефинитивно ќе се намали гапот помеѓу Сити и Ливерпул и Челзи, Челзи би немал можеби потешкотии за топ 4, но на тимот ќе му треба уште една сезона мининум да се воигра. Веќе за 2021/22, постои реална шанса за такво сценарио.
 
Очекувам дека Сити ќе има проблем со казната и држење на досегашното ниво, Ливерпул пак ќе остане главен кандидат за титула и тука може да се вброи Челзи како кандидат број три! Не викам ни јас дека ќе биде првак, ама дека ќе биде во конкуренција тоа сигурно! Е сега ПЛ има една традиција да еден тим од нефаворитите( Лестер, Тотенхем, Арсенал..... ) се повампири и држи чекор со кандидатите за титула долго време! Тоа може да исфрли некој од главните фаворити и на 4 место. Сето ова е само цртање на вода, после крајот на преодниот рок може посигурно да се гледа на листата на фаворити. Едино што ми прави ќејф кај Челзи е што Лампард изгледа знае што сака и како да го направи тоа.
 
Вернер и Зијех прво треба да се погодат за Челзи, па и тоа да се случи, пак има милион непознати. За да ги стигнеш Ливерпул и Сити кои освојуваат по 100 бода во сезона треба време и усовршување до максимум.
 
Знам дека е крш шпекулација, Мирор измислува секако ама на Ливерпул ќе му биде потребен еден подобар играч за ротација, па наредната сезона ќе ги изгубат на месец време Мане и Салах заради Афкон, не е мал период и може да значи пропаст за нивната сезона.

Мислам дека не се проблем парите, туку кој квалитетен играч би прифатил да има подредена улога.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom