Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Мала напомена, од оваа сезона преодниот рок во Премиер Лигата ќе започне на 17-ти мај (за 9 дена од сега) и ќе трае до последниот ден пред почетокот на новата сезона во Премиер Лигата (10ти август).
Максимум 5 сезони давам на експериментов пред да се вратат до 1ви Септември да трае
 
Зошто? Да не сакаш Мората и Бакајоко да ви ги грабнат на сам почеток на лига?
 
Одамна не сум видел толку посерен во гаќи фудбалер на презентација од Дембеле. Не можеше 2 пати да жонглира дечкото.
Мислам дека не е до талентот колку што е до главата. Има страшен притисок врз него. Преку ден му скокна цената 150м и се најде во тим со Меси, Иниеста, Суарез.
Башка и приглуп е малку(хинт видеото кога го прашуват која му е stronger foot).

Фекир не би се снајдел секаде мислам, но во системот на Клоп очекувам да растура. Нов Салах ќе им биде.
 
Зошто? Да не сакаш Мората и Бакајоко да ви ги грабнат на сам почеток на лига?
Тоа што во премиер се отвара толку рано не значи дека и во други лиги се отвара во ист период. Така да тимовите од ПЛ ќе можат меѓу себе трансфери си праат дур не се отвори трансфер пазарот и во другите лиги. Освен ако не промениле и за останатите кога почнува трансфер периодот.
 
Јако е што многу медиуми пренесуваат како Фекир да е веќе нов играч на клубот а буквално ниту еден новинар близок до Ливерпул нема пренесено ниту дека од клубот има заинтересираност.
 
Трансфер период значи во кој период клубовите можат да регистрираат играч. За ослободување од договор, не е битен трансфер периодот. Така да, премиерлигашките клубови ќе можат да купуваат играчи од сите лиги од денот кога ќе се отвори трансфер периодот во Англија.
 
Максимум 5 сезони давам на експериментов пред да се вратат до 1ви Септември да трае
Мене ми е поверојатно да се придружат и другите лиги. Многу е подобро целиот бизнис да се заврши пред да почне лигата, и после да се фокусираш на натпреварите само. А не да треба да играш, а во исто време да имаш играчи кои ти притискаат за трансфери во тим.
Негативата е што е лоша сезона за почеток на променава поради СП, па кој не стигне да заврши пред тоа, ќе се зезне. И тоа што од други лиги ќе можат да ти купуваат играчи до септември, ама јас не го гледам како проблем.
 
Тоа значи дека при крај на август, играчите ќе можат да си одат од англиските клубови, а нема да можат да доаѓаат во англиските клубови, или јас погрешно го разбирам?
 
Абе не навлегувам во тоа кој е крив, и Роналдо не е крив што 2009 или кога и да беше направи рекорден трансфер во Реал па ги оправда парите х 500000 до сеа. Млад е он, ок е тоа, секако дека ќе напредува понатака, ама според мене не дал некои знаци дека ќе е гејм чејнџер во иднина, не ми личи на таков. Али ок, ова е само мое мислење, останува да видиме како ќе се развива.

Не е така. Роналдо дојде како добитник на Златна Топка, веќе важеше за најдобар фудбалер во светот. Мислам дека се повеќе ке гледаме млади фудбалери со напумпани цени кои износот на трансферите ке им биде бреме за да го остварат потенцијалот.
 
Трансфер период значи во кој период клубовите можат да регистрираат играч. За ослободување од договор, не е битен трансфер периодот. Така да, премиерлигашките клубови ќе можат да купуваат играчи од сите лиги од денот кога ќе се отвори трансфер периодот во Англија.
Не. Доколку сакаат да купат играч на пример од Ла лига ќе мора да почне трансфер период за да можат да регистрираат од таму играч. Пошто ако не е така за другите завршува трансфер период на 31 август што би значело по твојава логика дека ќе можат да си купуваат играчи од ПЛ иако трансфер пазарот таму ќе заврши на 10 Август. Што нема никаква логика.
 
Па секако дека ќе можат. За тоа зборат сите дека ќе биде проблем за англиските клубови. И не е нешто ново ова. Кинезите купуваат играчи во февруари на затворен европски трансфер пазар.
 
Заборавив на нив и турците дека покасно прават трансфери. Во право си.

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Тоа значи дека при крај на август, играчите ќе можат да си одат од англиските клубови, а нема да можат да доаѓаат во англиските клубови, или јас погрешно го разбирам?
Да. Што според мене не треба да е проблем доколку клубовите јасно им дадат до знаење на играчите дека ако сакаат трансфери, треба со време да си ги обезбедат, и дека не планираат да попуштат откако ќе се затвори трансфер периодот. Секако немаат клаузули, па се е во нивни раце. А нема што играчот да се бунтува доколку знаел од претходно дека не е опција да го пуштат од кога ќе почне сезоната.
 
Се супер, и ќе ти дое Барса на 28ми август, ќе му напраи 3324324543 притисоци на играчот и ќе ти ја ебе цела сезона. :D
 
Јако е што многу медиуми пренесуваат како Фекир да е веќе нов играч на клубот а буквално ниту еден новинар близок до Ливерпул нема пренесено ниту дека од клубот има заинтересираност.
Спрема Лион терен да се опари летово, мене така ми гледа. Пак 70м одма.

Sent from my SM-A310F using Tapatalk
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom