И ако оди во Сити истото го мислам..само ќе му зема место на далеку помладите и поперспективните Стерлинг и Сане кои играат одлично..а толку голема плата за евентуална резерва нема смисла...некако ми нема логика трансферот на Санчез во Јунајтед..мислам дека Марсијал можи да стани далеку подобар играч од тоа што е сега доколку се користи правилно,а вака му ја редуцираат и таа минутажа што ја имаше за докажвање.
Џонка, имаме еден дебил во фан клубот, истите муабети ги прави. Примарна позиција на Санчез во кариерата му беше десно крило, не лево. Лево почна да игра од доаѓањето во Арсенал. Пред тоа играше класично десно крило во Удинезе, и десно крило во 4-3-3 формацијата на Барса. Барса не се ослободи лесно од него, туку ги донесоа Санчез и Нејмар, така да во тројката напред немаше повеќе место за Санчез, а тој не е играч за на клупа.
Ако Санчез дојде во Манчестер ќе игра десно, не лево. Манчестер лево ги има Марсијал и Рашфорд и таму не им е потребен играч. Санчез му го зема местото на Михтаријан и Мата, не на Марсијал. Нападот на Манчестер ќе добие нова димензија со доаѓањето на Санчез, затоа што досега противниците се што требаа да чуваат е десната нога на Валенсија, тоа беше единствен начин на кој Манчестер напаѓаше од десно. Со доаѓањето на Санез ќе се отвори многу повеќе простор за Марсијал, бидејќи до сега противниците секогаш ја затвараа повеќе левата страна.
Што се однесува до годините во Санчез има минимум две години врвен фудбал. Половина од оваа сезона, и уште две други. На Манчестер му се потребни резултата ИТНО, СЕГА, ВЕДНАШ. Нема време за купување таленти, проспекти и слични чуда. Потребна е титула во ЛШ или в ПЛ. Санчез е вистински трансфер, колку и да коштал.