Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Еве овој од Тајмс вика дека Арсенал го разгледуваат и Обамејанг. Пак ќе напоменам само со резерва да се земе зошто мене ми делуваат англискиве новинари дека за кликови денес и утре се ќе испонапишат.

 
И ако оди во Сити истото го мислам..само ќе му зема место на далеку помладите и поперспективните Стерлинг и Сане кои играат одлично..а толку голема плата за евентуална резерва нема смисла...некако ми нема логика трансферот на Санчез во Јунајтед..мислам дека Марсијал можи да стани далеку подобар играч од тоа што е сега доколку се користи правилно,а вака му ја редуцираат и таа минутажа што ја имаше за докажвање.

Џонка, имаме еден дебил во фан клубот, истите муабети ги прави. Примарна позиција на Санчез во кариерата му беше десно крило, не лево. Лево почна да игра од доаѓањето во Арсенал. Пред тоа играше класично десно крило во Удинезе, и десно крило во 4-3-3 формацијата на Барса. Барса не се ослободи лесно од него, туку ги донесоа Санчез и Нејмар, така да во тројката напред немаше повеќе место за Санчез, а тој не е играч за на клупа.

Ако Санчез дојде во Манчестер ќе игра десно, не лево. Манчестер лево ги има Марсијал и Рашфорд и таму не им е потребен играч. Санчез му го зема местото на Михтаријан и Мата, не на Марсијал. Нападот на Манчестер ќе добие нова димензија со доаѓањето на Санчез, затоа што досега противниците се што требаа да чуваат е десната нога на Валенсија, тоа беше единствен начин на кој Манчестер напаѓаше од десно. Со доаѓањето на Санез ќе се отвори многу повеќе простор за Марсијал, бидејќи до сега противниците секогаш ја затвараа повеќе левата страна.

Што се однесува до годините во Санчез има минимум две години врвен фудбал. Половина од оваа сезона, и уште две други. На Манчестер му се потребни резултата ИТНО, СЕГА, ВЕДНАШ. Нема време за купување таленти, проспекти и слични чуда. Потребна е титула во ЛШ или в ПЛ. Санчез е вистински трансфер, колку и да коштал.
 
Ќе се менуваат Лаказет и Обамејанг на лево крило.Уште една во низата фудбалери што можат да играт 100 позиции.(знам дека стварно може да игра и крило,некогаш играл,но сепак не е тоа тоа)
Ич нема да сум задоволен да завршиме со Микитаријан и Обамејанг.
 
Не знам како ќе се вклопат во Арсенал и кои се вашите ставови за нив ама вака, Малком, царот и Микитарјан барем на хартија и барем за јануари е каква таква утеха.
 
сам знаеш дека нереално е ова, Мики нејќе не па Марсијал...
далеку од тоа дека и од управа ке прифатат такво нешо


Sent from my iPhone using Tapatalk

А зошто нашата управа пак би прифатила нешто друго освен тоа, и секоја друга нормална управа на било кој салам клуб.
Затоа што вашата управа се грижи за клубот, а на управата на Арсенал и е гајле.
 
Bez Marsijal vo zdelkata sekoj drug ishod e golem poraz i tezok sram za Arsenal, samo toa ke kazam

Sent from my SM-J320FN using Tapatalk

Мислам дека нема теоретска шанса Мурињо да дозволи Марсијал да замине. Марсијал е еден од најталентираните светски фудбалери, и не верувам дека Мурињо би ја направил истата глупост што веќе ја направи со КДБ и со Лукаку.[DOUBLEPOST=1516035023][/DOUBLEPOST]
Барем ти не си пристрасен, пиши реална бројка, те молам :D

Овој е екстремен случај, се издвојува. :icon_lol:
 
Не знам како ќе се вклопат во Арсенал и кои се вашите ставови за нив ама вака, Малком, царот и Микитарјан барем на хартија и барем за јануари е каква таква утеха.

За жал поради тоа што секоја година се тешиме со нешто стигнавме на ова дереџе.
 
Ја кажувам што е добро за Арсенал, а не што реално може да се оствари, знам дека шансите за Марсијал се 1%
 
За жал поради тоа што секоја година се тешиме со нешто стигнавме на ова дереџе.
За јануари зборувам, нормално дека на лето ќе треба и средината и одбраната да се средат. Тоа дека најверојатно нема да играте во ЛШ не е кочница за носење на квалитетни фудбалери, и на Сибир би играле фудбалериве ако успееш да им го купиш агентот и тој да ги „прелаже“. Прашање е само колку управата на Арсенал ќе се реши да го одврзе ќесето.
 
А зошто нашата управа пак би прифатила нешто друго освен тоа, и секоја друга нормална управа на било кој салам клуб.
Затоа што вашата управа се грижи за клубот, а на управата на Арсенал и е гајле.

Грешката е направена многу порано, кога не е продолжен договорот со Санчез. Неверојатно ми е дека клубови од рангот на Арсенал се доведуваат во ситуација играчите да ги уценуваат на 6 месеци пред крајот на договорот. Тоа е класичен аматеризам.
 
А зошто нашата управа пак би прифатила нешто друго освен тоа, и секоја друга нормална управа на било кој салам клуб.
Затоа што вашата управа се грижи за клубот, а на управата на Арсенал и е гајле.

ете така
да ви беше ко шо треба управата немаше да дојде до ваква ситуација
сеа треба да се бира дали да се стане фидер клуб на Сити или на ривал да го продадете
искрено незнам што ви мења многу, немате избор па дали сега или по некој месец


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
За јануари зборувам, нормално дека на лето ќе треба и средината и одбраната да се средат.

Ништо,ќе се наполнеме со уште еден просек и со уште еден играч што ќе игра на не природна позиција.Какво лето какви бакрачи.Минатово лето само Лаказет и Колашинац и завршивме у плус.Пред 3 години само Чех.И да не продолжувам.Само се зажалуваме дека лето тоа тоа и тоа.Некои позиции требаше многу одамна да се решат.Сега само ни останува надежта и нормално на 1 февруари и 3 септември секогаш ни умира истата. :D
 
Ако биде трампа Марсијал за Санчез, тоа ќе биде WIN за Венгер. Ќе си го изгуби класа играчот, но ќе добие супер талент, потенцијален класа играч, неспоредливо подобра опција од Микитаријан. Само што не ми се верува Мурињо да се изглупира повторно па пак да му се деси КДБ...

едит: Ставро го пишал погоре истото, не видов ебате...
 
Грешката е направена многу порано, кога не е продолжен договорот со Санчез. Неверојатно ми е дека клубови од рангот на Арсенал се доведуваат во ситуација играчите да ги уценуваат на 6 месеци пред крајот на договорот. Тоа е класичен аматеризам.

Венгер имаше изјава дека не ги обновувал договорите на време туку дека чекал да влезат во последната година затоа што така морале подобро да играат за да заработат нов договор. Мене ми делува дека не е до Венгер ова, управата не им знае каде тера, само што тој мора нешто да каже.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom