Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Зашто за Санчо се многу и беа многу и лани 120 милиони а за Грилиш 100 сезонава не се?

И да не ги правиме тие „што постигнал во кариерата Санчо“ муабети, пошто по автоматизам ќе следи контрапрашање „А што постигнал Грилиш?“

Грилиш е подобар фудбалер од Санчо. Грилиш е играч кој ја носи екипата на грб. Еден од најпргавите фудбалери што сум ги гледал. Посебно ми се допаѓа неговиот однос после фаулите. Ист како на Руд Гулит. Го фаулираат, станува и продолжува, како да сака да каже, нормално е дека ќе ме фаулираш кога не можеш поинаку да ме чуваш. Тоа е скроз фрустрирачки за противниците.
 
Последно уредено:
Грилиш е подобар фудбалер од Санчо. Грилиш е играч кој ја носи екипата на грб. Еден од најпргавите фудбалери што сум ги гледал. Посебно ми се допаѓа неговиот однос после фаулите. Уст како на Руд Гулит. Го фаулираат, станува и продолжува, како да сака да каже, нормално е дека ќе ме фаулираш кога не можеш поинаку да ме чуваш. Тоа е скроз фрустрирачки за противниците.
Џабе се објаснуваш. Они не сфаќаат дека купувањето на Грилиш им носи на плавите педери уштe еден играч лидер кој носи сам на свој грб екипа, а не е алката што им недостасува.
Значи ќе ги направи уште појаки од прошлава сезона.
Цената ја диктира клубот што продава, ама истиот клуб очигледно гледа дека играчот ќе им донесе бенефит на сити (односно сити ќе си ги врати парите) па нормално дека ќе бара 100м, на што арапот не прави никаков проблем.
Така да џабе објаснуваш на луѓе што не гледаат премиер лига а се прават експерти.
Дека Грилиш е ѕвер и карактер, си пишал убаво во твојот пост.
 
За Санчо кажав и тогаш, делува дека е така малце преценет, добар играч ама не е играч кој би направил разлика на терен доколку тимот не му игра. Грилиш делува баш каков таков играч, играч кој може да направи огромна промена на терен.
 
Цената ја диктира клубот што продава,
Ок ова е точно ама зависи што конкретно му треба на клубот. Еве Интер со Хакими, почнаа со 80м и ништо помалце, а завршија со 60+10 бонуси. Зошто? Зашо Интер МОРАШЕ да продаде играч ради финансиската ситуација во која се наоѓа клубот.

Вила не мора да продава за да порамнува сметки па затоа и нејќат да чујат за испод 100.
 
Па нели беа моќни намерно добиваа се што е под 80 мил и на крај за 60 мил :icon_mrgr:
 
Па нели беа моќни намерно добиваа се што е под 80 мил и на крај за 60 мил :icon_mrgr:
70 но добро. Ваљда од управа знаат што прават во врска со финансиите, а мене ко навивач не ми менува дали за 1м или за 250 си отишол, секако губиме класа играч.
 
Ок ова е точно ама зависи што конкретно му треба на клубот. Еве Интер со Хакими, почнаа со 80м и ништо помалце, а завршија со 60+10 бонуси. Зошто? Зашо Интер МОРАШЕ да продаде играч ради финансиската ситуација во која се наоѓа клубот.

Вила не мора да продава за да порамнува сметки па затоа и нејќат да чујат за испод 100.

Јас не можам да го сфатам тоа МОРАШЕ. Демек тие 60 милиони беа прашање на живот и смрт за Интер? Тоа се смешни пари за газдите на Интер, кои комотно можеа на некој начин да ги прокриумчарат во клубот. Муабетот ми е, кога е клуб во финансиски проблеми, се работи за 500 милиони до милијарда, 60 милиони се кафе пари за големите клубови. И сега наеднаш баш 60 недостигаа да се спаси Интер.

Многу чудна ситуација.
 
Оваа ситуација е вонредна, корона вирус, нема публика, нема многу приходи од страна, дресови, реквизити итн, и најбитно од се е кинеската Влада. Не знам дали знаеш ама фирмите во Кина добија забрана за одлевање на капитал од Кина и тука ги укочија Сунинг. Не е дека Сунинг нема 60 или 600м, далеку од тоа, проблем е што им се врзани рацете од кинеската Влада. Сега се што прават, односно поголем дел ќе е од продажби и слични работи, односно самофинансирање. Имаше многу добар план Сунинг преку фирми ќеркин да пумпа пари во Интер, ама јебига Владата на Кина сјеба работа.

Ваљда од управа процениле дека од Хакими може најмногу да се заработи без притоа да се оштети јачината на екипата, ете Лазари ако го доведат би бил океј замена за Хакими со оглед на тоа дека игра во истиот систем и ја познава лигата. Лаутаро ако го дадеа со кого ќе го заменеа, со Халанд? Ќе требаше некој ко Белоти да земат и пак да влеземе во бантер ера.
 
Јунајтед е пред потпис со Санчо а Сити со Грилиш за отприлика иста сума (можеби Санчо ке биде неколку милиони поевтин). Овде навивачите на Јунајтед се инаетат дека Грилиш е подобар фудбалер од Санчо. Доколку Јунајтед го немаше Бруно 99% од навивачите на Јунајтед да би требало да бираат од овие двајца би го избрале Грилиш. Само некој кој го нема гледано може да каже дека Санчо, Фоден (кои во иднина можеби ке бидат многу подобри фудбалери од Грилиш) и кој и да го спомнаа друг овде се подобри фудбалери од него.
 
Оваа ситуација е вонредна, корона вирус, нема публика, нема многу приходи од страна, дресови, реквизити итн, и најбитно од се е кинеската Влада. Не знам дали знаеш ама фирмите во Кина добија забрана за одлевање на капитал од Кина и тука ги укочија Сунинг. Не е дека Сунинг нема 60 или 600м, далеку од тоа, проблем е што им се врзани рацете од кинеската Влада. Сега се што прават, односно поголем дел ќе е од продажби и слични работи, односно самофинансирање. Имаше многу добар план Сунинг преку фирми ќеркин да пумпа пари во Интер, ама јебига Владата на Кина сјеба работа.

Ваљда од управа процениле дека од Хакими може најмногу да се заработи без притоа да се оштети јачината на екипата, ете Лазари ако го доведат би бил океј замена за Хакими со оглед на тоа дека игра во истиот систем и ја познава лигата. Лаутаро ако го дадеа со кого ќе го заменеа, со Халанд? Ќе требаше некој ко Белоти да земат и пак да влеземе во бантер ера.

Разбирам тоа, ама сепак не можам да сфатам како не се изнајде полесен начин да се најдат тие пари. Квалитетни офанзивни бекови се страшно дефицитарна категорија во модерниот фудбал, Интер успеа да го продаде еден од трите најдобри.

Мислам, пак Интер (ако не продаде уште некој) ќе биде прв фаворит во калчото, ама нема квалитет да се носи со јаките европски клубови во ЛШ.
 
Гледам често италијанско и шпанско првенство, најмногу заради кладењето, ама нема врска. Еве кажи еден играч од калчото кој игра на позицијата на Грилиш, кој е исто толку квалитетен или поквалитетен од него, а може да се купи за помалку пари.
Николо Заниоло пред повредите :love:

Еве потврдија 60+ бонуси.

Која сума е идентична, формула?
Далеку од сумата на Хернандез, 80 мил е тој трансфер без никакви бонуси.

Така си е, market value 70 тој период, продаден за 80, Хакими 60м, продаден за таа сума плус 8м лесно остварливи бонуси, 2м потешко, тие се последните информации ваљда така и ќе испадне. На крај трансферот може да испадне 10 до 12м помалце од Хернандез, не 50м ко што се обидувате да прикажете по муабетиве, ја затоа и реков тогаш, сигурно на крај ќе испадне дека Хакими влага во топ 3 најскапи бекови според продажбата, не ми текнуваше како фигурирале други имиња али ете Хернандез е над, друг не знам.

Е сеа ако земеш во предвид во кое време се продава Хакими а во кое Хернандез, плус финансиската состојба на Интер која налага до крај на месец да реализираат ваква продажба што под дифолт ги става во лоша преговарачка позиција, не е дека прават катастрофално лош дил како што се приложува. У некои други времиња можеби можеа да извадат барем 10м евра ама да не се преправаме сеа дека можеле 40-50 плус да извадат, до сеа у историјата и сам гледаш дека повеќе од 80м за бек не се дале и тоа само 1 играч е во прашање, сите други бекови се под оваа продажба на Хакими или тука некаде.
Голмани, бекови па и стопери со исклучок на Ван Дајк, немаат цени ко крила, плејмекери или напаѓачи.

Атлетико зима 10м повеќе од market value на Хернандез, Интер у моментов зима колку што вреди без бонусите а го купиле од Реал за помалце отколку што вредел бидејќи тогаш MV му била 54м евра, а дали на крај дилов ќе е 70м или 80 дали тоа нешто би сменило ? Aпсолутно не, прво, таа разлика од цели 10м евра у денешно време не е нешто ваоув, тие пари идат на друго место и се наменети за друга цел и немаат врска со трансфер буџетот, а и да имаше, 10м повеќе, ок.

Kaкo и да е глупо е да се дебатира дека можеле ете барем 10м повеќе да земат а да го приложуваме тоа ко да се 30-40-50м во прашање, ете и тоа да е случај што и се согласувам дека е, можеа до 70 да изгураат, голем кур најискрено, на крајот од денот не е дека го пуштиле за 0 а таков впечаток добивам по муабетиве ко што беше случај на пример со Донарума што е класичен пример за лошо менаџирање од тим кој не ни беше приморан да се ослободува од него, за разлика од Интер, кои мораа да продаваат 1 од јаките играчи.

Нас повеќе ќе не скине Марота, доколку не изнуди 2ца добри играчи за десно и лево со што некако ќе се избалансира губењето на Хакими кој секако никад нема да го заменат со едно име десно и толку, отколку тие фрапантни 10м повеќе што можеле да ги заработат за него, тука приложени ко да се 100.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom