Џ
Џонтра Волта
Гостин
Зависи во кои тимови. Интер конкретно последно свое дете што од младинска школа преку прв тим со 20тина настапи у сезона го извадил е Балотели пред 13 години. Ете и Сантон ќе го земеме за пример. Претходно Мартинс.Едно прашање за поголемиве тимови у Италија (Интер, Милан, Јуве, Наполи), вади ли некој од овие фудбалери од академија што во најмала рака би биле squad players со по 25 натпревари у сезона, не мора да се главни виолини на тимот?
Се некако ми се чини дека се тргува со половна роба(+28 год играчи, не премногу квалитетни) најголем дел од времето.Не ја следам цела лига детално, ама ми се чини такви трансфери се прават генерално, а млади ептен ретко се инволвирани, споредено со другите лиги.
После 2010та навака, Данкан играше стандардно у Сасуоло, сега е во Фиорентина. Марко Бенази стандарден у Торино и Виола, сеа у Верона напраи трансфер. Бонацоли лани почна да дава знаци на живот у Сампдорија. Пинамонти у Џенова, летово го вративме назад. И Еспозито што се води за талент, сезонава ќе игра на позајмица у СПАЛ.
Никад немал Интер младинска школа добра, пред 7-8 години имаше една младинска лига на шампиони, Интер ја освои и од сите тие играчи што ја освоија ниеден не напраи кариера. Од сите тие Даниел Беса игра у прва лига у Италија, Џенова мислам дека.
Милан ваков таков, на секои 2 години вади првотимец. Донарума, Калабрија, Кутроне, претходно Де Шиљо, Кристанте.. не ми текнува сеа на уште некој, ама има. Милан најдобро работи со дечиштата.
Јувентус исти кур ко Интер, вака од прва што можам да се сетам, Мојзе Кеан у Евертон што е, Мандрагора што игра у Удинезе. И пред 15-16 години Маркизио. И Имобиле ако се води ко нивно дете. И Џовинко и Крискито. Ама тоа е стара гарда. Последниве неколку години не се сеќавам дека извадиле некој добар играч.
ААААААА ПАОЛО ДЕ ЧЕЉЕ!!!!!! Друго не ми текнува, ќе ги допише некој сигурно.
Наполи освен Инсиње јас не познавам друго нивно дете.
Поголемиве екипи некако немаат трпение со децата или па тие немаат изразит квалитет одма да се наметнат. А и до тренерот е. Манчини имаше гз да ги пушта Балотели и Сантон да играат.
Михајловиќ у Милан исто, без замарање го зацементира Донарума со 12 години прв голман.
Од другиве екипи се вади по некој бисер, Сенси, Барела, Тонали, Киеза, Кастровили, Кумбула, Салседо, Пелегри, Базели...