Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Да ама Јувентус го донесоа Роналдо за маркетинг + победнички менталитет и прават максимум за да земат ЛШ. И да не земат нема да е многу страшно зошто трансферот на Роналдо е win - win. Од друга страна Атлетико можеби ќе добие многу повеќе од тие пари што ги дал , а може и да изгуби многу. Плус да не го заборавиме факторот играч и кај сака да игра, односно тоа што го напишав на почетокот дека моментално ни Атлетико ни Манчестер Јунајтед се клубови кои што гарантираат успех и освојување на трофеи.
Атлетико се држи колку толку

Не знам за Јунајтед ама Атлетико од 2010 наваму се сериозна екипа, 3 ЛЕ, 3 уефа супер купови, еден копа дел реј, супер куп на Шпанија и една Ла Лига, покрај два моќни гиганти како Реал и Барса не е мал успех, башка секоја година се 1-2-3 место во лигата а во ЛШ имаат висок дострел, две финалиња, едно полуфинале и едно четврт финале ако не се лажам. Клубот се уште расти ама кога гледам како пазарат Реал и Барса а како Атлети коски ми се тресат.[DOUBLEPOST=1561685813][/DOUBLEPOST]
Не важи ова за Ronaldo и Messi. Пример, Perez мислеше дека никој играч не е поголем од клубот ни Ronaldo. Тоа резултираше со 0 трофеи. Сменија 2-3тренери и ништо не се смени. Без замена за Ronaldo, ништо не праат ...
Играчите доаѓаат други заминуваат клубот си останва не знам дали ме сваќаш.
Реал остана без трофеј затоа што му требаше ремонт на клубот а не го направија, згора на се му замина најдобриот играч а не донесоа негова замена, башка циркузот со тренерите ... Ќе видиш оваа сезона каков Реал ќе гледаме
 
Со Рабио може да покријат само слободна столица у клубската менза :pos:

Поголема превара од играч не сум видел одамна

Рабио е добар играч, проблемот е само во неговата глава што премногу ја слуша аждајата негова, и му ја уништува кариерата без да примети. Нешто слично како Икарди со Ванда...
 
Ако вие сте се зезнале со 80 мил, што би и Интер да се зезне? Па ако го имаме Хазард нема да фрламе 80 мил за Лукаку, ќе си земеме некој од Италија за 20 мил што ќе дава по 20 гола.
Убаво си го опиша, сидраш, за таков играч 80 се ту мач после разочарувачка сезона. Чувајте си го за од клупа.
Де геа не замина, ама е прв тим, кај вас таленти седат на клупа или па Лукаку, луз луз.

Очигледно е дека Јун не сакаат да го продадат, па би го дале само ако некој плати над тоа што вреди, т.е. 80 мил.

И јас сум Игуаин > Лукаку.
Убаво размислуваш ти ама клубот не ти размислува така. Иначе навистина е небитно за муабетов кој седел на клупа и дали бил првотимец или не, не знам што менува во одлуката на клубот, како што му кажав и на Гарфилд. Едноставно не сакаат да продадат со позајмици и тоа е тоа.

Тоа е она што пишуваме цело попладне, дека да сакаше да го продаде Јунајтед и за без пари ќе го дадеше ама не е така. ПСЖ ете го ни ги вратија парите за Ди Марија, Де Геа уште си чмае во Јунајтед и така.

Какви дупки има Јунајтед, најмал проблем би им била евентуална продажба на Лукаку. :) Али ај, нејсе.
.

Тоа и ти го зборам, премногу ствари има за оправање, нема потреба да се трча и по напаѓач летово. Да плати некој 90, ќе ги фукнеш парите за некој друг, вака со 10 милиони ќе се сликаш.
 
Последно уредено:
Споредливо со цените кои се вратат денешно време 100че за Роналдо не е многу. Ама ете на некој клубови приоритет му се помлади и талентирани играчи на кои ќе се ослонат во иднина, сепак Роналдо има 33 години и прашање на време е кога ќе почни да се осеќа кај него, една повреда која ќе го оддалечи пд теренот на подолго време и ајт.
па ја да сум у управата, до 40 години ќе го терам да остане Кики, до пензија.. Таков играч ти треба, без разлика што има 33 години... Ене Тоти на 50 години фаца на Рома им беше, од кога замина пропаднаа.. 90% маркетингот Тоти им го држеше.. И да, во денешниот фудбал не се гледа само да освоиш ЛШ, ене Интер пред 10 год освоија и после тоа пропаднаа, нашиве интераши животот си го скратија гледајќи очобол 9 години..
 
D-FzP-HXoAEoSQP.jpg
 
Ја да сум на место од Марота чим веќе таков играч сака Конте, пре би пробал да го ангажирам Игуаин за дупло помалце пари. Проверен гол играч у Италија, одлични сезони имаше и у Наполи и у Јуве, би бил идеално краткорочно решение за у Интер. Али ова е мое мислење.

Работата е што Конте не сака некој КО Лукаку, Конте го сака Лукаку.
Муабетов „што не го земете Игуаин место Лукаку“ ми е сличен на оној кога ние го земавме Алисон и некој од ваш фан клуб дојде и пиша „што не го земете Буфон“. Лукаку можеби припаѓа во поспора група на напаѓачи но не е тромав а играта во Италија може да му одговара многу повеќе, баш поради тоа. Ова што му се случува во Јунајтед (не само него, туку на повеќето играчи) е зошто Јунајтед немаат концепт, не знаат кај тераат, си имаат некои кланови, јутјубери, гејмери и што ти јас знам. Да отиде Лукаку во некој друг тим, тим со визија (ко што треба да биде Интер) ќе го врати нивото од Евертон 100000%.

Јас мислам дека Лукаку е одличен потег за Интер и дека ќе распали во Италија зошто има и квалитет, не е воопшто бос играч. Плус, ќе осетат и Интераши како е да имаат напаѓач кој ќе се труди многу повеќе и нема да чмае само у 16ник. За мене Икарди (до пред глупостиве) беше убица у 16ник, огин од играч, прејак, број 1 во Италија ама не се труди премногу (од тоа што иам глеано), не е некој кој знае да збрка играч за да земе топка до центар, да се извлече на крило и што ти јас знам. Лукаку ги праи тие работи, како коњ е, не застанува. Не трча како Мане на пример, зошто не ни може, не е тој тип на играч ама пак, мислам дека ќе се уклопи добро.
 
Игуаин и Конте барем според мене не идат у иста реченица, одма ќе се откаже Гонзало а ко шо се понаша после Јуве у клубовите на терен нишо чудно и у сред утакмица Конте со боксови да му влезе.

Лукаку е добар избор за Интер и плус мислам дека ќе му одговара лигата ама сепак ќе треба Интер да си го плати ко шо бара Манчестер.
 
Зашто на Лукаку да му одговара италијанска лига,каде тимовите се фокусирани на дефанзива?[DOUBLEPOST=1561718431][/DOUBLEPOST]
Интересно, не знаев за тоа. Пишува дека е можно да се има клаузула, доколку се побара да се направи исклучок.

Можно е не сум толку упатен:) прочитав само пошо веќе во контекст со веста ,дека се збореше дека Јуве ќе му дава клаузула а го Франција не е дозволена клаузула.

Иначе за Јуве не е најдобравест ова со клаузулата ама можеби е едини начин да им земеш играч на ПСЖ пошто секако ќе понудат повеќе пари од било кој клуб ама и Јуве реално што губи во оваа позиција?тоа што ќе има топ дефанзивец во следни 3 години и ако го шитне ќе биде над 150 мил евра? значи за три години ПСЖ и Сити немале да имаат проблем да ја платат клаузулата и затоа е боље да не го купуваат сега кога кошта 75 мил.? :D
 
Последно уредено:
За мене Икарди (до пред глупостиве) беше убица у 16ник, огин од играч, прејак, број 1 во Италија ама не се труди премногу (од тоа што иам глеано), не е некој кој знае да збрка играч за да земе топка до центар, да се извлече на крило и што ти јас знам.
Очигледно имаш крикет гледано. Икарди беше клучниот човек во пресингот на Спалети, или ајде еден од клучните, а тоа најубаво се виде лани против Јувентус каде беше заменет со Сантон и Интер прими 2 гола за 2 минути и го изгуби мечот. Слични се и Лукаку и Икарди, затоа и мислам дека Лукаку ќе се отвори од голови во Италија, под палка на Конте.
 
Никад воркрејтот на Лукаку и Икарди не е ист, како што и финишот на двајцата не е ист. Икарди е поголема убица у 16ник, Лукаку е поголем работник. Секако дека ми текнува на утакмицата и секако дека не може да е вина на Спалети што се затворил против Јуве (седум кратни шампиони) на 10 минути пред завршување на утакмица. Тука вината паѓа кај неквалитетот на тимот а не тоа што Икарди бил заменет ама нема објаснвуање со вас за таа ситуација. Спалети ви беше баба рога и беше наоѓан како виновен за тоа што треба и за тоа што не треба.

Поради една утакмица, каде што Икарди излегол од тим и сте примиле два гола треба да излезеш во право? Колку пати Икарди бил дел од тимот а се шуњал у квадрат од 20 метри квадратни и не мрдал цела утакмица?
 
Види ама не разбираш што сакам да ти кажам. Икарди беше лидер на тимот и од организационен аспект, капитен, све организираше у тимот, пресингот од него почнуваше, апла се приметуваше разлика со и без него. Ти кажувам дека многу трча и покрива во одбрана, не е како што мислиш дека дреме и ништо не прави. И Лукаку е работник, се труди дечкото нема што, башка е далеку подисциплиниран од сељаков.
 
Зашто на Лукаку да му одговара италијанска лига,каде тимовите се фокусирани на дефанзива?[DOUBLEPOST=1561718431][/DOUBLEPOST]

Можно е не сум толку упатен:) прочитав само пошо веќе во контекст со веста ,дека се збореше дека Јуве ќе му дава клаузула а го Франција не е дозволена клаузула.

Иначе за Јуве не е најдобравест ова со клаузулата ама можеби е едини начин да им земеш играч на ПСЖ пошто секако ќе понудат повеќе пари од било кој клуб ама и Јуве реално што губи во оваа позиција?тоа што ќе има топ дефанзивец во следни 3 години и ако го шитне ќе биде над 150 мил евра? значи за три години ПСЖ и Сити немале да имаат проблем да ја платат клаузулата и затоа е боље да не го купуваат сега кога кошта 75 мил.? :D
Италија веќе неколку сезони не е дефанзивна лига. Шпанија е далеку подефанзивна. Проблемот тука е што Интер нема играчи кои ќе го ранат Лукаку.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom