Фудбалски/трансфер дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување
Немаат време ама од другата страна па Куртоа квичи дека ќе си оди година дена преку ми фалат децата муабетот, требаше да имаат и разгледани и контактирани опции.

Инаку сѐ ќе разберам ама она непојавување на тренинг за да исфорсираш трансфер нема, без разлика на името на клубот и играчот. Треба ФИФА да вметне некое правило, не може секој прдло да бојкотира.
 
Тука негде е цената.

Да да, тука некаде, ако Алисон е во Лисабон а дечково е некаде во Стокхолм.
15 милиони фунти е разликата во цената, плус Алисон е прв голман на Бразил и имаше феномелана сезона во Рома. Нема потреба од форс браД.
 
Не мора ФИФА, можат и самите клубови тоа да го направат, нека вметнат некоја клаузула во договорот или точка, не знам како да ја наречам, ако бојкотираш некогаш во иднина да јадеш огромна казна изразена во милиони и поздрав.
 
Нека прават они што сакаат, доколку клубот претходно јасно комуницирал со играчите, нема никаков простор за бунење. Ќе видиме летово, Барса или Реал сигурно ќе пробаат нешто такво, ама јас моментално не можам да видам ништо повеќе од "требаше да си мислиш со време, сега нема шанси".
Секако, ова е за битни играчи кои се дел од планот на клубот и тренерот. Очекувам за продавање на вишокот играчи баш тој период по затварањето да го искористат затоа што претходно ќе мора во кратко време да средуваат купувања. Откако ќе го спремат тимот и ќе ја почнат сезоната, ќе распродаваат се што не е потребно по другите лиги :D

Да, ама тоа е во период кога и клубот има време да реагира и да донесе каква таква замена, а ова е во период каде што ја нема таа шанса. Ако играчот однапред знае дека нема шанси да го заменат, тогаш треба да е свесен и дека нема да го пуштат, па нема да има простор за бунење. Нормално, ако е сериозен интересот од другиот клуб, и ако играчот е решен да си оди, ќе се договорат наредниот трансфер период, ама во овој нема да има простор за бунтување. Ќе видиме летово, како што кажав очекувам да има некој таков обид бар од Барса :D

Тука негде е цената. А ако ги споредувам, Алисон има една сезона играно во Италија, овој играл две во Шпанија. Кај Алисон нормално предност е искуството во ЛШ. Ама не гледам како он не е исто голем ризик како и овој.

И јас сум, на страна тоа што не верував дека има шанси пак да рушат трансфер рекорд Челзи, особено па за голман. Ама не заборавај и дека пола од парите вложени за овој ги враќаат со продажбата на Куртоа. Ако му е желба на Сари, подобро да платат за овој, него Батленд да му го донесоа кој сигурно 0 пати го има гледано во животот.

Го немам ниеднаш гледано.

Сакам да кажам дека и на Алисон му е само минатата сезона, претходно не играше во Рома. Нормално дека огромна предност му е тоа што се докажа во Европа и играше и на СП, ама дека 70 милиони за Алисон се ок, а 80 за овој (а толку се само затоа што тоа му е клаузулата) се лудост, не се согласувам.

О.К
 
Не мора ФИФА, можат и самите клубови тоа да го направат, нека вметнат некоја клаузула во договорот или точка, не знам како да ја наречам, ако бојкотираш некогаш во иднина да јадеш огромна казна изразена во милиони и поздрав.
Ама или сите ќе го направат или никој, зошто тие клубови што ќе го направат ова ќе добијат unfriendly статус :D Затоа пишав самата организација да им излезе во пресрет на клубовите. Разбирам јас сакаш да си одиш, незадоволен си ама има и други механизми, вака секој втор кретен ќе почне да бојкотира кога ќе му текне. Само се зголемува моќта на фудбалерите од година во година.
 
Смешно е како го споредуваш Алисон со Кеба. Не дека Алисон е најдобар, него како ги правиш достигнувањата на голманот на билбао исти ако не и подобри него на Алисон минатата сезона, а пред да искочи трансферов во Челзи не ни знаеше за него.
 
Да да, тука некаде, ако Алисон е во Лисабон а дечково е некаде во Стокхолм.
15 милиони фунти е разликата во цената, плус Алисон е прв голман на Бразил и имаше феномелана сезона во Рома. Нема потреба од форс браД.
Да беше тука некаде цената немаше ДонеФ цела сезона да вика Лукаку 75 а Мората 65+15 :Д

п.с.

како кога ќе се испотрошиш на почеток на месец и до крајот ќе седиш на тегла ајвар, така и овие, стадионот им излезе милијарда и сега со пари од Монопол пробуваат да купат некого

Смешно е како го споредуваш Алисон со Кеба.
Посмешно е да не знаеш да го напишеш правилно името.
Одличен голман е малиот,се обезбеди Челзи на подолг рок.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom