Фудбал - генерална дискусија

Па и Мбапе и Јамал имаа по исто по 30+ голови и 20+ асистенции.
Јамал освои и Светско.
Квара исто имаше јака сезона, освои ЛШ.

За мене Олисе не е во топ 3 никако пошо се изгуби и со ПСЖ и со Шпанија.
Баш имаше тука некој постирано како намерно се праело пресинг на него пошо под притисок паѓа.
Мбапе мислам немаше ни двоцифрен број асистенции. Плус играше напаѓач.

Тоа дека се изгубил против ПСЖ можеби, ама во двомечот даде гол. Кејн даде два, еден од пенал еден во 90 и некоја. Не би го земал тоа за репер. И Франција не мрднаа против Шпанија во 1/2 финалето, едноставно противникот изигра многу подобро.
 
Кој Мбапе бе, пола од головите од пенал му беа лани.
Кејн си ја заслужи и другите ни приближно не му беа блиску.
А да, и да спомнам дека е играч со ниедна црна дамка како во кариерата така и во приватниот живот.
 
Последно уредено:
Руиз со местото што го игра и карактерот, кој не паѓа во прв план, тешко дека ќе влезе во игра за златна топка.
Топ играч само што не може играч кој во најголемиот дел е на клупа да се смета за најдобар.
И во Шпанија и во ПСЖ е секогаш во втор план.
Епа јбг затоа и нема да земи.
Плус тој имаше и Француско и ЛШ и Светско што некогаш се зема за критериум, а некогаш не, во зависност од играчот нели
 
а ги немаше пример Рафиња и Педри (на нив ми текнува пошо се од Барса, сигурно има уште 10 подобри од тие двајца.)
Ајде кажи искрено, Меси со ништо освоено заслужи топ 5 а Педри со светско и Ла Лига не заслужи ни у топ 30 ?
 
Секој си иста и слична статистика во топ 5-7 лигите требаше да биде пред Меси.
 
Ајде кажи искрено, Меси со ништо освоено заслужи топ 5 а Педри со светско и Ла Лига не заслужи ни у топ 30 ?
Гласање е ова, мнозинството победува, сакаме ние или не.
Меси веројатно го гласаа пошо имаше топ СП и ради него стигнаа до финале.
Гласовите во Шпанија се поделија и отидоа кај Јамал, Руиз и Родри и затоа го немаше Педри.
 
Епа со оглед на резултатите постигнати Меси требаше да биде меѓу 13 и 15 место.
Пред него скоро цела прва 11ка на Шпанија, плус Мбапе, Олисе и Кејн.
 
Толку му е заслужена што ниедна примедба нигде нема. Спорадични моменти на газобол тук-там не се ни рачунаат

Како нема?
На Јамал вујко му рекол дека Кејн имал уште три дена фудбал во него (така прочитав на Твитер од не-трол акаунти).
 
Како нема?
На Јамал вујко му рекол дека Кејн имал уште три дена фудбал во него (така прочитав на Твитер од не-трол акаунти).

све што отвара уста, а живее и потекнува испод 35тиот напоредник на атласот, е како такво- ништовнo
 
Back
На врв Bottom